Кочо Рацин

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Проштавање и Татунчо ми се омилени...Секогаш кога ги читам се ежам и ми се насолзуваат очите.Рацин бил поет со душа,затоа успева да ја допре секоја душа што ги чита неговите песни.Поради него се гордеам што сум велешанка.
И не е лошо ако секој ја знае цела Бели мугри напамет.Така и треба.Не е тешко да се научи,ама треба со љубов да се учи.
 
za mene eden od najdobrite poeti i sekogas koga gi citam pesnite se naezuvam
 
Гордоста на нашиот град...:pipi:Се што е напишано е осетено на сопствена кожа.Секоја чест за него и неговото дело.
 
Сега низ мозокот ми маршираат мисли
облечени во црнина и следени со похотната
музика од Липтање, Болка и Патила…

Откинувам од срцето атом на Болка
и Ти го подарувам Тебе,
за да го престориш во Сладост…
а соништата мои – бескрај на Нирвана…

Ќе ја преболат очиве и оваа светла ноќ,
Страста, по која и ѕвездине патат, како и очиве мои,
ќе ја преболат…

Туку, ноќва Болката во мојата душа
ќе прави гоштевка:
ќе ја запеат сите рани песната на Ужасот…
О, слушни како ѕвонат солзите врз белиот креветски чаршаф…
Акорд од липање и болка…

…Изутрина. Ги расклопувам очите.
Во мојата уста твоето име наместо Господовото…

Без тебе…
Липање…
Тоа не сум јас, туку мојата крв.
Крв која шуми во вените
и плаче по тебе…
О… ти Љубов!
Милост, мој боже на земјата!
Би заплакал, знај, зад петиците твои
кога уште еднаш би можел да сакам…

Од циклусот ПЕСНИ ЗА РАЦА
 
Секој ден пред почетокот на работниот ден да им се рецитира на работниците една песна од Кочо Рацин. Белки ќе им текне во кој грм лежи зајакот?:jaj:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom