Почна реконструкцијата на патниот правец Ржаничино-Свети Николе
Скопје, 13 април (МИА) - Владата ја започна реконструкцијата на регионалниот патен правец Ржаничино - Свети Никола, што е дел од проектот за реконструкција и рехабилитација на 11 регионални патни правци во државата. Стартот на работите го означи премиерот Никола Груевски, кој рече дека со модернизација на овој патен правец ќе се подобрат сообраќајните услови, ќе се зголеми безбедноста, а ќе се намали и времето потребно за патување до Свети Николе на половина час.
Инвестицијата на проектот изнесува околу 191 милиони денари или околу три милиони евра, а треба да се реализира за девет месеци. Патниот правец што ќе се реконструира и на кој ќе се вгради нов асфалт е во должина од 35 километри.
- Со отпочнување на реконструкцијата на овој регионален пат значително ќе се подобрат возно-динамичките услови и ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот на овој патен правец, истакна премиерот Груевски, кој додаде дека реконструкцијата и модернизацијата на патната мрежа, што со децении е затаена, во овој регион на државата е долгогодишна потреба и барање на граѓаните на Петровец, Свети Николе и околните населени места.
Тој истакна дека реконструкцијата на овој патен правец е дел од проектите на Владата за крупни стратешки инфраструктурни проекти во патниот и железничкиот сообраќај, образованието, енергетиката, екологијата.
- Тоа е дел од нашата програма и ние секојдневно се обидуваме што побрзо да ги започнеме, истакна премиерот Груевски кој додаде дека од особено значење е што во услови на светска економска криза и нејзиното влијание во Македонија се гради и се обезбедува работа за многу компании.
Како дел од проектот за реконструкција и модернизација на патиштата во земјава започната е реконструкцијата на регионалните патни правци Лакавица - Неготино и Илинден - Калуѓерец, а премиерот најави дека со ваква динамика на реализација на проектите на Владата што се ветени пред граѓаните се продолжува и во наредниот период.
- Владата има обезбедено средства за изградба и реконструција на повеќе стотици километри регионални и локални патишта до 2011 година, а до 2016 година како дел од владината стратегија за долгорочен развој на земјата во делот на патишта и инфраструктурни проекти предвидовме инвестиции од 3,8 милијарди евра, меѓу кои и изградбата и ревитализацијата на 30 регионални патни правци, истакна премиерот Никола Груевски.
http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=63803807&lId=1&pmId=501
Еве уште еден неуспех на Никола. Место да гу украде парите за себе он пат ќе градел.