Неуспесите на Груевски

  • Креатор на темата Креатор на темата theprince
  • Време на започнување Време на започнување
Почна реконструкцијата на патниот правец Ржаничино-Свети Николе
image1.jsp
Скопје, 13 април (МИА)
- Владата ја започна реконструкцијата на регионалниот патен правец Ржаничино - Свети Никола, што е дел од проектот за реконструкција и рехабилитација на 11 регионални патни правци во државата. Стартот на работите го означи премиерот Никола Груевски, кој рече дека со модернизација на овој патен правец ќе се подобрат сообраќајните услови, ќе се зголеми безбедноста, а ќе се намали и времето потребно за патување до Свети Николе на половина час.
Инвестицијата на проектот изнесува околу 191 милиони денари или околу три милиони евра, а треба да се реализира за девет месеци. Патниот правец што ќе се реконструира и на кој ќе се вгради нов асфалт е во должина од 35 километри.
- Со отпочнување на реконструкцијата на овој регионален пат значително ќе се подобрат возно-динамичките услови и ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот на овој патен правец, истакна премиерот Груевски, кој додаде дека реконструкцијата и модернизацијата на патната мрежа, што со децении е затаена, во овој регион на државата е долгогодишна потреба и барање на граѓаните на Петровец, Свети Николе и околните населени места.
Тој истакна дека реконструкцијата на овој патен правец е дел од проектите на Владата за крупни стратешки инфраструктурни проекти во патниот и железничкиот сообраќај, образованието, енергетиката, екологијата.
- Тоа е дел од нашата програма и ние секојдневно се обидуваме што побрзо да ги започнеме, истакна премиерот Груевски кој додаде дека од особено значење е што во услови на светска економска криза и нејзиното влијание во Македонија се гради и се обезбедува работа за многу компании.
Како дел од проектот за реконструкција и модернизација на патиштата во земјава започната е реконструкцијата на регионалните патни правци Лакавица - Неготино и Илинден - Калуѓерец, а премиерот најави дека со ваква динамика на реализација на проектите на Владата што се ветени пред граѓаните се продолжува и во наредниот период.
- Владата има обезбедено средства за изградба и реконструција на повеќе стотици километри регионални и локални патишта до 2011 година, а до 2016 година како дел од владината стратегија за долгорочен развој на земјата во делот на патишта и инфраструктурни проекти предвидовме инвестиции од 3,8 милијарди евра, меѓу кои и изградбата и ревитализацијата на 30 регионални патни правци, истакна премиерот Никола Груевски.


http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=63803807&lId=1&pmId=501


Еве уште еден неуспех на Никола. Место да гу украде парите за себе он пат ќе градел. :vozbud:
 
Разговараме сериозно,нели.
Се што кажа во горе наведениот текст не порекнувам и така е. Но има еден недостаток кој не е решен и мислм дека се оди брзо во негово успешно решавање.
Изворот на Студенчица е во с.Горно Добреноец Општина Другово.
Дали е во ред Дирекцијата на Студенчица да биде во Скопје?
Јас мислам не. Ти незнам.
Дали е во ред биолошкиот минимум кој е загарантиран за Добреновчани да се каптажира и да се прати во цевковод за Прилеп.
Јас мисла не.
Дали е во ред со 150 литри во секунда да се ладат турбините во РЕК Осломеј со вода од Студенчица.
Јас мислам не.
И дали е во ред Општина Другово со такви ресурси да не види никаков бенифит за некои да се прават газди не нешто што не е нивно ,нешто што е народно.
Јас мислам не.
За некои и сонцето не треба да изгрева и воздухот треба да го плаќаат по паушал цена.
„Сите луѓе се еднакви, но некои се поеднакви од другите„

За тоа што го велиш си потполно во право,се согласувам со се освен со една мала измена за еднаквите,а тоа е дека има прв меѓу еднаквите.:toe:
 
Читав во Блиц пред некој ден,предвидувања од онаа Клеопатра која погоди и во 2006 и во 2008 и сега кој ке победи на изборите.
На Груевски му предвидува владеење од 16 години,а на Вмро Дпмне како партија еден пораз после смената на Груевски и потоа пак повеќе години власт,меѓутоа со некое ново лице кое ќе било исто така популарно и харизматично како Груевски.Сега значи ако се исполни тоа Сдсм треба да чека уште 12 години да дојде еден пат на власт и да замине во заборав:pos2::toe:

... добар маркетинг
 
Го читав ова и коментарите

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9B139F9F61E9AC44AD5C070A46A334E8

ако е точно ова...како тоа се случило да на психички растроен човек му е доверена одбраната на земјата???!!!???

Добро сега,Зоки е психички растроен или депресивен само кога е дома, инаку депресијата му поминува кога е на работно место.:pos2::pos2::pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom