Фан клуб - РК Вардар

Ех тие голмани, една фати Милиќ и таа влезе во гол од втора шанса, другата што ја фати го мавна во глава али беше суден фаул. Даскаловски една што ја фати исто од втора шанса влезе, што значи ефективни 3 фатени топки, а имаме крила за 30+ голови во натпревар, тоа е...

Играат исто како на припремните, лоша одбрана, лоши голмани, некако неорганизирано во напад. Немавме ни полуконтри, али тоа и не можеш да го имаш кога немаш одбрани од голманите или пак добра одбрана.

Ни требаат уште 2-3 квалитетни засилувања, од кои еден мора да е голман.
 
Многу сељачишта има кај нас на трибина... што мајка им требаше фрлањето лименки. Колку девојчиња и фамилијарно дојдени од нашава страна си отидоа од тука после кошкањата и сега очекувам кога ќе играме во ЛШ да има и празни места ради дебилизмот...

Зошто Лазаров ич не играше, а знаеме сите како игра против Металург секој пат?
 
Сменвајте го Кастратовиќ дур има време, зш црно ви се пиши :D
 
Неколку зборови
Неуиграност , тренер КАТАСТРОФА , голмани КАТАСТРОФА , публика ГОЛЕМА КАТАСТРОФА -оваа публика на Вардар само лошо ќе му донесе,тука нема ниту половина К од Комити (знам дека сега ќе ми се пуштите) ама вистината одсегогаш најмногу болела.
 
За на терен нема што многу да се коментира освен дека голман е потребен.Не може 4 интервенции да има тимот вкупно за цел натпревар.Милиќиќ изгледа не е навикнат плата да зима па удрил на храна,али како тргнал изгледа пак ќе се врати во српска лига на пост.НЕ СЕ НИ ТРУДЕШЕ ВЧЕРА.

Е сега за на трибина има доста.Оние копиљацине и пропалитетите од публика мора да ги средат комити или да ги држат барем под контрола а не додека полиција мава една жена и старите да бидат како жив штит и да смируваат ситуација и после таман решија да си идат небитници ставаат маици на лице и пробуваат тепачка да испровоцираат.Се палат на полувреме ќе се тепале со полиција,а после први ќе бегаат и ќе остават жени и старци да им спасуваат гз.

КОЈ СЕ ИДИОТИТЕ ШТО ФРЛААТ ЛИМЕНКИ ПИВО НА ТЕРЕН,тоа треба да се убие .Па втората за малце ќе го погодеше судијата,ако го мавнеше судијата свесни ли се горе кој ќотек ќе паднеше од полиција кои седеа на страна и само чекаа.Маста ќе ни ја извадеа.Али гајле им е на нив што некој ќе јаде ќутек за нив важно они фрлиле работи на терен,"хулигани" се.

МОЖЕ ЛИ ДА ПРЕКИНАТ СИТЕ ДА ИДАТ ПО СТОЛИЦИТЕ,само околу мене искршија четири.Епа заради тоа после немаме убави работи.Човекот го мрзи да иде по скали земал како идиот скока од стол на стол дека е премногу дебил во мозокот и телото воопшто да пушти нога преку ред.
 
Уште кога го земаа Милиќ во Вардар се гледаше дека не е добар голман.Многу е дебел и неподвижен и неможе да изреагира на сите шутнати топки.Пред некое време Комитите го фалеа , а сега го кудат демек не бил добар голман... не дека имам нешто против Комитите али зошто уште на почетокот не го кудеа туку сега....
 
Уште кога го земаа Милиќ во Вардар се гледаше дека не е добар голман.Многу е дебел и неподвижен и неможе да изреагира на сите шутнати топки.Пред некое време Комитите го фалеа , а сега го кудат демек не бил добар голман... не дека имам нешто против Комитите али зошто уште на почетокот не го кудеа туку сега....


Abe on ne bese los na pocetok, no... so tek na vreme go vide zivotot vo Skopje, kafani, kafici diska miska i se u kurac otide. Mnogu pati go imam gledano vo Staro Skupi ili Avanti partali se praese debeloto. 10 kila staj i normalno reflexi tapa.

okolu utakmicata od vcera so da mislam neznam, uste koa gi gleav u struga nekako ne mi praese tolku kejf , nekakko labava ekipa sme vo odbrana neame cvrstina kako sto imavme lani. Se nadevam ova ne e max tuku tretina od moznostite sto go ima timot
 
Според мене мислам додека Вардар не најдат некое по квалитетно голманче нема да можат да опстанат у ЛШ,сепак незнам како ќе се покаже новото голманче Инаки.За вчерашната утакмица Вардар комотно можеше да ги згази Металург , но сепак пресуди "голманскиот" квалитет на Вардар...
 
Уште кога го земаа Милиќ во Вардар се гледаше дека не е добар голман.Многу е дебел и неподвижен и неможе да изреагира на сите шутнати топки.Пред некое време Комитите го фалеа , а сега го кудат демек не бил добар голман... не дека имам нешто против Комитите али зошто уште на почетокот не го кудеа туку сега....

Не беше толку лош на почетокот не заебавај :)
Во првата сезона ги скина во купот и во финалето од СЕХА...
Почна да потфрла од ланска сезона. На почетокот беше хаварија, ама во пролетна полусезона се оправи. Да не заборавиме дека во Автокоманда он им одбрани неколку зицери на крајот и имаше голем удел во нерешениот резултат кој после ни донесе и титула.
Проблемот е што не е константен, еднаш ќе одбрани добро, следен меч НУЛА одбрани...
Добри голмани не се наоѓаат така лесно...
 
Не е само до голманот, тапа се да, али премногу слабо игра Вардар во одбрана. Миркуловски и Атман ги утепаа вчера, ко кегли паѓаа. Премногу некоординирано делуваат, сите, од Абутовиќ, преку Чипурин, Растворцев и Петриќ. Оној Токсиќ па само вишок на теренот ствараше.

Не знам шо му беше финтата на Кастратовиќ со Дибиров и 5-1, лево имаше дупка, Кеџо им еба мајката тогаш. :eek:

Нападот е добар. Има уште многу потенцијал и можности во него, но добар е. Крилата се вработуваат често, Растворцев е тука да распали од 9, Петриќ исто, ма да пак игра ко лани, оди на шут, скока, се предомислува, прави финта и се удира у дефанзивците кочејќи го нападот. Јасно ми е дека се чува од истегнување заради годините, но мора барем побрзо да ја додава топката тогаш.

Прибак добар, за Душебаев е рано да се каже. Едино Карачиќ треба сега да игра многу попаметно и да се посвети на асистенциите. Шутот му е ужас сега, а нема потреба од форсирање затоа што има покрај него кој да шутне. Чипурин и Токсиќ ништо посебно не се, Столе стандард има најмала минутажа, мора барем 10 минути повеќе да игра.

Сума сумарум, Вардар доби тројца класа играчи во Дибиров, Брумен и Растворцев. Реков за Душебаев ќе видиме он уште треба да се развива (не знам колку Кастратовиќ е добар ментор), Чипурин топло-ладно, Токсиќ слаб. Останува да се види уште и најсилното засилување, Мите Стоилов. :D Уште еднаш, сума сумарум нападот е добар, но со ваква одбрана во ЛШ... :oops:
 
Многу високо беа искочени во одбраната. Како пресинг да им играа, реално немаше потреба за нешто такво. Да наредеа високи играчи во одбрана, и да играа зона 6-0 немаше шанси такви голови да примаме..
Абутовиќ мене ми се допадна како играше, он кога влезе ја направивме разликата...
Веќе кога го земаа Мите Стилов стварно не сфаќам зошто не го играат во одбрана :tapp:
 
Не беше толку лош на почетокот не заебавај :)
Во првата сезона ги скина во купот и во финалето од СЕХА...
Почна да потфрла од ланска сезона. На почетокот беше хаварија, ама во пролетна полусезона се оправи. Да не заборавиме дека во Автокоманда он им одбрани неколку зицери на крајот и имаше голем удел во нерешениот резултат кој после ни донесе и титула.
Проблемот е што не е константен, еднаш ќе одбрани добро, следен меч НУЛА одбрани...
Добри голмани не се наоѓаат така лесно...


Сите фанати топки му биле шутнати во негова близина и со факторот среќа тој направил интервенции.сепак ако има договор со одбраната да му чува една страна а тој друга може да биде успешен.Нормално дека неможе лесно да се најде добар голман ...:unsure:
 
Знам да ти ја ставам на Youtube да видиш дека тропаш глупости?

Судено беше фаул за вас.

Значи кој дел од, не збориме за иста акција не ти е јасен ?
Знам дека тогаш беше суден фаул за нас и пенал, ја зборам за она Столе изведе од девет и само се врати назад да се залепи до Миркуловски и овој падна како покосен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom