Мизар

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaP
  • Време на започнување Време на започнување
Немате појма како се чувствував на првото слушање на "Сина соба" коа го купив "Поглед кон цветната градина" Да се слушне Горан со оној негов препознатлив глас после толку години е прајслес!

Песните се горе-долу одлични, особено веќе спомнатата Сина Соба, па Бог, Нож,Ѕид и Ден.

Е сега, не сум фан на обработки, така да најлошите песни на албумот се токму Франкуската, Англиската, а и Германската верзија на Почесна Стрелба.
Во секој случај се надевам дека ова сепак нема да биде нивната "лебедова песна", и дека ке издадат уште некој албум додека сеуште имаат креативна енергија.
 
Танески дефинитивно е ненадминат вокалист во стилот кој го фураат со Мизар, секоја му чест. Сеа брзо им бев на свирка, имаат нов басист, али па супер отсвиреа. Новиот албум од критичарите, ( не од нашите, од оние од странство, Хрватска, Словенија ) доби солидни критики. Треба доста слушање за да легне било кој албум од Мизар, да се свари сето она што го носат во песната. А да, ќе заборавев Девојка од Бронза е химната на Мизар:)
 
Мизар се плафон.
Поемотивен настап на бенд не сум видела до сега.
Танески е врховно божество.
Музиката им е безвременска и бездимензионална.
Не знам зошто али на Магла секогаш ми навираат солзички. За мене химни се Почесна Стрелба, Градот е Нем, Јуда и Магла. И Разговор со Слепите.
 

Прв пат македонски бенд (барем од она што сум информиран) да напише и да креира песна за Егејска Македонија. Со овој чекор само се бетонира уметничката вредност на Мизар. Според мене не надминлив македонски бенд.

Уживајте во спотот.

Мислам е Горан Трајковски на тракот.:salut:

mizar.jpg


Беломорска Македонија :salut:
 
Нема шанса да не е Трајковски...ептен звучи на него!

Тој е бе ...Белооооооо мооооооореееее.... се осеќа татнежот.
 
Ипак, не е. Пеењето е на мак. византиски хор Хорносини. Не веруем дека Трајковски некад би бил дел од Мизар. Затоа што го прашав, лично. :)
 
Можда можда. Интересно е сепак музичето.
 
Епа добри се ми се допаѓа комбинацијата!
 
Имат пеач. „Стариот“ Горан е. Освен и тој ако не искрши клечки.

Како и да е, наскоро ќе биде промоцијата на новиот албум :)

Детето и Белото Море

http://backstage.com.mk/daily/mizar-go-promoviraa-belo-more

ti kazuvam deka nemat pejac...
mizar e nisto povekje kao "one man band"
vokalite se od harmonisi

Материјалот за новиот албум, кој ќе биде насловен Детето и белото море, речиси е комплетно снимен, а сега се прават финалните доработки. Тоа што е најинтересно е дека, покрај стандардната постава на групата, како вокално засилување е и црковниот хор Хармосин, во кој членуваат повеќе домашни хорски и црковни пејачи.

Хорот Хармосин е најсоодветен за тоа што го правиме. Пеењето на момците одлично се вклопува во нашиот концепт. Едноставно тоа е хор што добро знае што ни треба нам - додава Чаповски.

Токму хорот ги дава потребната тежина и специфика на византискиот призвук, дополнет со моќните гитарско-ритмички делници. Секако тука повторно се и мрачните звуци што Мизар секогаш ги користи како подлога во своите песни.
 
mizar се едни од најдобрите грипи о Македонија. а оваа песна е мн ибава
 
Песнава е добра само.....Мн ми е некако флегматична
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom