Мистичен
Човек
Советот на директорите на Светската банка едногласно го избра Пол Волфовиц за претседател на Банката, јави Ројтерс.
За оваа позиција Волфовиц беше номиниран од американскиот претседател Џорџ В. Буш. Тој ќе ја преземе функцијата на 1 јуни, откако ќе се пензионира досегашниот претседател Џејмс Волфенсон.
Волфовиц е заменик-секретар за одбрана на САД и беше најсилен поддржувач на воената интервенција во Ирак.
Функцијата претседател на Светската банка вообичаено ја добиваат Американци, а позицијата претседател на Меѓународниот монетарен фонд е "резервирана" за Европејци.