Ветеринарно катче

  • Креатор на темата Креатор на темата Скулгрл
  • Време на започнување Време на започнување
Треба време. Али пред да се стави ампула, животното се третира со шампони против надворешни паразити, за да убие све на него, па после се става ампула, за да не дозволи повторно да фати.

Колку време? Нели би требало да ги убие сите, ја го расчешлав и гледам си шеткаат ко на корзо :D
Незнам само од кај ги фатил, никад не го пуштам надвор а живеам на 5ти спрат..
 
Колку време? Нели би требало да ги убие сите, ја го расчешлав и гледам си шеткаат ко на корзо :D
Незнам само од кај ги фатил, никад не го пуштам надвор а живеам на 5ти спрат..

Па си ја утнал малце процедурата, тоа ти кажувам. За одма да го решиш проблемот, прво шампон па ампула. Е сега, ќе си причекаш 3-4 дена, може и 5:LOL: па ќе се бањате шо шампон, ако не испоумрат до тогаш (а би требало да умрат). Ако не го пушташ надвор, некој од вас дома му ги донел, се закачиле на вас, па си се вгнездиле кај него.
 
Освен вакцинација и апчиња против глисти има потреба од нешто дополнително? Инаку кученцето е старо 40 дена.
И ако може да ми каже некој кои се најголеми здравствени ризици кај шарпланинец.
 
Освен вакцинација и апчиња против глисти има потреба од нешто дополнително? Инаку кученцето е старо 40 дена.
И ако може да ми каже некој кои се најголеми здравствени ризици кај шарпланинец.
Правилна и избалансирана исхрана со редовни прошетки. За ризициве прашај некој шарпланинџија со искуство, тој најдобро ќе ти одговори.
 
Правилна и избалансирана исхрана со редовни прошетки. За ризициве прашај некој шарпланинџија со искуство, тој најдобро ќе ти одговори.
Jad mislam deka so sarkoto nema nekoj posebni problemi osven onie na golemite rasi.Bloat,hip displasia..

Sent from my ST21i using Tapatalk 2
 
Jad mislam deka so sarkoto nema nekoj posebni problemi osven onie na golemite rasi.Bloat,hip displasia..

Sent from my ST21i using Tapatalk 2

Епа прилично е дебелко, затоа и ме интресира околу развојот на коските и можните проблеми. Физички активности мислам дека е препорачливо, затоа и се трудам да биде активно. :)
 
Не сум некој искусен шарпланинџија ама јас го земав на 35 дена сега има 3 месеци прво обавезно прочитај ја темата Алфа статус второ давај барем сега додека расне нагло квалитетна храна(дехидрат) а после 2-2,5 месеци калциум мултивитамин
 
имам куче од расата германски овчар-вучјак 2 месеци старо требаше да се вакцинире вчера но кучето во последниве денови почна да не јаде не може да стое самото паѓа цело е дехидрирано,од ветеринарната му ставија една инекција клациум и една витаминска инекција и ми дадоа да му давам апчиња кафуртан,но не ми дадоа некои препораки што понатаму,кучето и понатаму не сака да јаде ништо,денеска цел ден со шприц го подранувам со млеко,ако може некој совет ....
 
Мери му температура(ако знаеш како).Се молам да не е тоа што мислам дека е.
Прва вакцина требаше да му биде?
 
Мери му температура(ако знаеш како).Се молам да не е тоа што мислам дека е.
Прва вакцина требаше да му биде?
никогаш не сум мерил и незнам как се мере температура,да требаше прва вакцина да му е,.... па ??
 
никогаш не сум мерил и незнам как се мере температура,да требаше прва вакцина да му е,.... па ??
Со термометар,малце ќе го навлажинш со водичка и ВНИМАТЕЛНО ќе му го ставиш во анусот(чмарот по нашки :D ) и ќе држиш две до три минути,па кажи ни колку си изнерил.
Крвав пролив,повраќање,исцедок од нос да не има?
 
Со термометар,малце ќе го навлажинш со водичка и ВНИМАТЕЛНО ќе му го ставиш во анусот(чмарот по нашки :D ) и ќе држиш две до три минути,па кажи ни колку си изнерил.
Крвав пролив,повраќање,исцедок од нос да не има?[/quot
пролив(без крв) и повраќање денеска поретко имаше,утре ке пробам да му измерам температура па ке ви казам колко е.
 
имам куче од расата германски овчар-вучјак 2 месеци старо требаше да се вакцинире вчера но кучето во последниве денови почна да не јаде не може да стое самото паѓа цело е дехидрирано,од ветеринарната му ставија една инекција клациум и една витаминска инекција и ми дадоа да му давам апчиња кафуртан,но не ми дадоа некои препораки што понатаму,кучето и понатаму не сака да јаде ништо,денеска цел ден со шприц го подранувам со млеко,ако може некој совет ....

Не му давај млеко. Имаат пролив од млеко. Пробај да му изматиш белка од јајце со малку шеќер, во миксер или блендер, али само белка. И дај му го да го испие. Ќе му го смири желудникот од повраќање. Ако тоа не го смири, купи медицински јаглен и дај му го тоа, тоа мора да го смири. Прашај само во аптека во однос на килажата колку треба да му дадеш. АКо и тоа не го натера да јаде, носи го на инфузии додека да се опраи. Кај кој вет. го носиш? Мене ми е чудно на дехидрирано куче да му дадат само калциум и витаминска и да го оставам без инфузија. А, они ти кажаа дека е дехидрирано?! Ај провери сам, истегни му ја кожата на вратот, како да го креваш, ако се враќа кожата нормално, ништо не му е, а ако останува подкрената, тепај ги ветеринарите и нека му даат инфузија.
 
Да ти се плукнам во ветеринарите...на куче шо не јаде ништо препорачуваат кафортан....:tapp:
Кои индијанци значи....:mad:
 
Повеќе од 24 часа поминаа како му ставив ампула за болви на мачоров али уште има болви, и уште се чеша.
Можно ли е да поминал рокот или нешто слично? Ампулата е Протектор.
И кога нареден пат можам да му ставам пак?

Да се надоврзам, 2 недели по ставањето на ампулата се чешаше исто ко и пред неа. Отидов до пет шопот и ми рече човекот да го донесам мачорот таму, кога го однесов му стави пак али незнам што (не ми текна да го прашам), беше во поголемо шишенце.. и еве после 4 дена уште се чеша.
Има долго крзно мачоров, башка и скоро цел е црно/кафеав па нема шанси да ги видам болвите, кај што има малце бело барав али не најдов ништо.

Иначе го хранам со конзерви Миљор Гато, и скоро секој ден му давам по малце кисело млеко, домашно, го прави мајка ми од свежо млеко. Нема пролив, тврда му е столицата.

Можно е некоја иритација на кожата да е?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom