Кој го лаже народот?

  • Креатор на темата Креатор на темата arschloch
  • Време на започнување Време на започнување
Кој стигне.
Али работата е у тоа што нормален народ, не дозволува да биде излажан повеќе од еднаш без притоа, како најнормална реакција, да се побуни и да го крене својот глас. Затоа што те излажат ли вторпат, или, још горе, третпат, онда сам си ти крив, а не оној кој те лаже, т.е глуп си (најблаго кажано)

Но, во Македонија, поради специфичната застапеност на дел од народот кој е полу овца-полу човек (некои се и повеќе од пола овци), постои ексклузивната можност да не лажат, стрижат, ебат у гз, молзат...ма што им драго...а ние дури ни да не заблееме. Понекад и фала на крај викаме.
Па како после да не му е на некој милина 17 години да те лаже?
Инаку, тоа обично изгледа вака
hit_it_sheep.jpg
 
Се надевам дека Груевски цврсто ќе стои на ветеното ...
Албанскиот претцедател најавува меѓуетнички конфликти во Македонија и се надева на Македонска попусливост , за да можат сега они да се китат со туѓо перје ...
Добра вест што во Холандија партијата на зелените и уште една Германска партија јавно ја осудија Грција за разнебитување на Македонија ...
Се надевам дека ќе ги подигнат моралните чуства и кај останатите .
 
Добра вест што во Холандија партијата на зелените и уште една Германска партија јавно ја осудија Грција за разнебитување на Македонија ...
.
ааа , јаки партии, зелени “недозреани“...
 
Никој не не сака, Гоцо, ние самите на прво место не се сакаме...
 
Миленко Неделкоски, член на невладината организација Македонска цивилизација и иднина, во интервју за Мега Стар вели: - Нека излезат со мене на дуел, Ѓунер Исмаил, Ерол Ризаов, Бранко Ѓероски и Роберт Попоски и ќе ги сомелам комплет, на која сакаат телевизија и со кој сакаат новинар.

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
СИТЕ ДОПИСНИЦИ И ДОПИСНИЧКИ КОИ СЕ ПРЕПОЗНАТЛИВИ ВО ЈАВНОСТА ПО ТОА ШТО ПРЕПИШУВААТ ТЕКСТОВИ ОД ДРУГИ НВИНАРИ, ИЛИ НЕКОЈ ДРУГИ ИМА ПИШУВААТ ТЕКСТОВИ И НА ТОЈ НАЧИН ОПСТОЈУВААТ ВО НОВИНАРСТВОТО КАКО РЕНОМИРАНИ ПРЕПИШУВАЧИ, ГИ ИЗВЕСТУВАМЕ ДЕКА ДОКОЛКУ ОВОЈПАТ ГО СТОРАТ ТОА ЌЕ ЗАВРШАТ НА СУД. СЛЕДИМЕ ШТО СЕ ЕМИТУВА НА ТЕЛЕВИЗИИТЕ И ЌЕ ГИ ПРОВЕРИМЕ И ВЕСНИЦИТЕ. ДОКОЛКУ НЕ ГО НАВЕДАТ ИЗВРОТ НА ИНФОРМАЦИЈАТА ОВОЈ ПАТ ЌЕ БИДАТ ТУЖЕНИ.

Организиравте митинг на кој присуствуваа 35 000 луѓе а тоа остана незабележано во медиумите. Како ја оценувате новинарската фела во Македонија?
Новинарската фела во Македонија најпрво не е изградена, а медиумите се заробени од сопственици кои имаат политички амбиции кои никогаш нема да ги остварат бидејќи не се харизматични за да бидат избрани, а од друга страна имаат бизнис интереси за кои пак се спремни да ја продадат програмска шема , логиката но, не само тоа туку и државата на која територија зрачат програма.
Баравте помош од медиумите? Се понуди некој медиум да ви даде медиумско спонзорство?
-Ние не сакавме од никого да зависиме, туку само неколку луѓе што се собравме дадовме тоа што можевме, еден знамиња, еден озвучување, автобуси, а никој медиум не даде поддршка, а ние баравме за пари да платиме да го рекламираат митингот, некои одбија и не сакаа да примат ни пари, за пари реклами емитуваа само Сител и Телма, а другите одбија да емитуваат.Дури и Канал 5 каде јас имам емисија, но тука се и емисиите и проектите на луѓето кои беа во организацијата со мене. Потоа видовме дека во вестите на сите телевизии не се објави ништо. Јас афирмирав преку мојата емисија која е моја суверена територија таа е неприкосновена територија и за тоа е во доцни часови, и покрај тоа што луѓето бараат да одам порано, јас тоа не можам да го сторам, тој термин на таа емисија и дава идентитет и легалитет и дава суверенитет таква е какава што е непроменлива.
Дали ќе ја промените фрекфенцијата?
- Не, останувам на истата фрекфенција. Имам такво договор со телевизијата. Кога го организиравте митингот, се појавуваа ли разни луѓе кои сакаат да се обратат на луѓето? Бидејќи од тоа што го видовме на интернет сфативме дека немало политички говори. - Имаше неколку будали кои сакаа да се обратат на народот и тоа од тие кои се сосема незаслужни за митингот, се јавуваа разни јавни личности кои сакаат да се обратат и да кажат нешто, а тоа од проста причина дека никогаш во животот не собрале 35 луѓе а не 35 000, но, ние мудро и паметно од старт кажавме дека нема говор. Се направи еден текст кој беше уметничка изведба која ја изведе Тони Михајловски кој прочита малку поезија од Петре М Андреевски и сето тоа заврши така, без политички памфлети и исполнување на желби.
Од како заврши самитот на НАТО веднаш два дена на сите телевизии се појавуваа експерти, аналитичари и разни демагози кои анализираа се. Мислите дека исти луѓе кружат на сите дебатни емисии и дебатираат веќе две децении бесцелно ?
- Да тие се специјалисти и експерти кои од кога постојат се на медиумите и зборуваат по потреба нешто што им е наложено или им е во интерес во моментот. Ете затоа тие експерти на секој дуле со Миленко и со Мирка Велиноска ќе изгубат.
Кажавте дека се соочувате со притисоци од како почнавте со кампањата. ?
- Сите имаме ние притисоци, тие се манифестираат преку некој мој судски процеси по разни основи каде се штелуваат судиите кои треба да дојдат, ама јас сум борец сам сум се борел цел живот и ќе се борам и сега, со јасна цел и мисла всушност народот реагира позитивно на мојата емисија и кога ме гледа мене гледа нормално човечко битие кој е нормален човек со резон, Сите други или најголем дел од колегите излегуваат на емисија да кажат нешто што ни самите тие не го мислат и да го убедат народот во нешто во што ни тие сами не веруваат. Значи тоа се супер вештачки програми и затоа нема одговор кај народот. Еве јас јавно ги повикувам сите сопственици на телевизии нека направат митинг со 35 000 луѓе или нека излезат и нека се движат слободно низ народот и нека седат со народот. Мене ми приоѓаат луѓе кои ме поздравуваат и се заблагодаруваат дека им го кревам моралот, додека најголемиот дел од моите колеги не ни шетаат низ град бидејќи се навредувани плукани и се изолирани до светот.
Обично на трибините во оваа сала, а до сега сум бил на десетици, во првите редови секогаш исти луѓе седат, овој пат не видов ни политичари, ни некој аналитичари или други јавни личности од Охрид. Зошто не доаѓаат на вашите трибини ?
- Јас не ги ни сакам нив и не ми ни требаат, јас сум тој што разговара со народот и емисијата моја е таква, од народ за народ, од таа емисија не добивам ни една банка, немам реклами. Неколку пати ми се случило да сум во беспарица и да не можам да стигнам до телевизијата, па сум молел пријатели да ме однесат, само за да се емитува емисијата и да го имам ова задоволство, еве сега ми кажуваат овде бројни луѓе дека нивни роднини ме гледале во Италија или Германија, па се до Австралија , еве сега имам соработник кој се вика Александар и е од Берлин кого јас лично и не го познавам, тој ги крева сите мој емисии на Гугл видео и цел свет ги гледа, а тоа не се случува со никоја друга емисија во Македонија, А мене ми е драго што народот го препознава овој мој напор.
Имавте еден дуел со Ѓунер Исмаил на Сител. Победивте апсолутно?
- Да, таков пораз никој во историјата не телевизијата не доживеал, претходно Бранко Ѓеровски, Ерол Ризаов, Слободан Чашуле, Роберт Попоски одбиле да дојдат па на крај се нафатил Ѓунер Исмаил и помина со таков резултат како што помина. И јас јавно велам нека дојдат сите одеднаш, на која сакаат телевизија и со кој сакаат новинар на дуел, ќе излезам проти сите нив јас сам.
Добивате помош од бизнисмените за реализирање на кампањата која ја водите во моментов?
-Не од никој, сите тие големи бизнисмени си имаат свои интереси, си се штитат, се плашат. Мене ми се случило многупати да се сретнам со бизнисмени бидејќи јас сите приватно ги познавам уште од времето кога беа никој и ништо, и ми приоѓаат па со воодушевување ми влеат – Браво мајсторе, значи ти си супер, со жена ми те гледаме редовно . . .Јас им велам, - Која емисија е најгледана се гледа по твоите реклами каде ги ставаш, во кои емисии се рекламираш и во кој весници и на кој телевизии. . Твојата реклама за лекот или пијалакот оди таму а не кај мене и тука сме завршиле. Пред некое време бев во една фирма за лизинг , каде излезе Гркот директорот и на расипан Македонски ми вели – Јас редовно те гледам, ти си супер, емисијата ти е најдобра. Ете дури и тоа се случува. Мене ми е драго народот дека реагира, не ми е драго дека ми е празен џебот но парите не се најважни, најважно е здравјето.
Најавивте пикници пред грчите фирми кои ја уништуваат животната околина и никој не ги казнува? Ќе повикате на бојкот на грчки производи и фирми ?
-Ќе ги организираме тие пикници. Ако некој ја купил Окта, тоа не значи дека може да ги труе луѓето. Нека си стават филтер за заштита и потоа нека си работат слободно. Тие се правдаат дека тој филтер бил многу скап. Па ако е скап тогаш нека ја затворат рафинеријата и нека не работат. Еве јас немам пари и за тоа не ја купив Окта, а тој бидејќи ја купил Окта нека си стави филтер. На бојкот засега нема да повикаме, јас за многу грчки телевизии кажав дека тие се соочуваат со најцивилизираниот и најдемократскиот народ во Европа , а тоа се Македонците. Кај нив ако се судрат нивните навивачи на пример со италијанските , одма се прави бојкот на пица, тортелини, лазањи и кечап. Тоа кај нас го нема луѓето повторно доаѓаат во Веро, зборуваат на Космофон и ставаат бензин во Окта. Ние како Македонци сме толку голем народ и сме високо цивилизиран народ кој не е исфрустриран, а Грците се длабоко, длабоко исфрустрирани до нас.
Со Миленко разговараше Љупчо Таневски

www.megastar.com.mk



Браво за Миленко....Еден од ретките кој во најтешките моменти е присебен..Секоја чест!
 
за Миленко само најдобри зборови...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom