ДНК тест за татковство

  • Креатор на темата Креатор на темата ex machina
  • Време на започнување Време на започнување

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Не знам дали кај нас може да се направи ДНК тест за потврдување на сродност, ама во светот се практикува 'се почесто.


Мажи: дали и во кои ситуации би побарале тест за татковство од вашата девојка?

Жени: како би реагирале ако таткото на идното дете ви побара вакво нешто?
 
Ако детето не личи на мене или на неа ,пр.ако е црно или жолто :vozbud: ,а девојката/жената си има историја на “шетање„ по мажи .
 
Мажи: дали и во кои ситуации би побарале тест за татковство?

Во кои случаи? Па во случај кога ќе затрудни девојка ми/жена ми.

Кога друг пат?

Се нема верба во никого пријатели...колку сака нека е плод на љубов, јас идам да си се осигурам...
 
Би била малце шокирана, но бидејќи знам чиво е детето и немам сомнежи ќе го напрaвам заради него. Сепак ќе му кажам дека тоа ме повредило.
 
Со оглед на тоа што не планирам да правам било какви ујдурми кога станува збор за бракот, семејството и сл, ќе му дадам само до знаење дека крајно ме навредило тоа што не ми верува и ќе го направам тој тест за да не мора да се грижи и да може мирно да спие, без страв дека детето кое расте покрај него не е негова крв.
И искрено, би очекувала грижа на совеста од негова страна бидејќи воопшто помислил дека детето не е негово и се посомневал во мојата верност, а се покажало спротивното.
 
Само ако има причина за сомнеж, дури тогаш би презел таков чекор.
 
Ќе се навредам и те како ако ми побара тест за татковство.Па не сум јас некоја со секој втор шо оди наоколу.Е сега ако некоја е позната по то дека многу му мрда г*зот е тогаш до негде е оправдано да се бара тест.
 
Не знам дали кај нас може да се направи ДНК тест за потврдување на сродност, ама во светот се практикува 'се почесто.
Во МАНУ имаат современа опрема за испитување ДНК и слично.
 
Пффффф...прво знам дека нема да ми се деси таква глупост да треба да местам некој да биде татко на моето дете,така да и да побара нека повели,ама после ќе му стегнам еден шамар,чисто да го освестам,а потоа сите среќни и весели ќе си живееме до крајот на животот како семејство.
 
Да ми побара тест да правам? Ќе го лупнам со најтешкиот предмет што ќе ми дојде при рака и ќе го отерам! На што личи таква недоверба?
 
А ако има основано сомнение??основано во смислол на девојка со голема плескачка историја??или да не кажам што и “мрда опашката’’sd

Нееее богами да заглавам со дете што не е мое е тоа у друг филм,ако треба ке истрпам “тежок премет’’ и малце ке ме јаде црвот за недоверба итн со време ке се испегла тоа ама нема да чувам туѓо дете
 
А синко, ти така нормално завршуваш со девојки за кои сметаш дека се плескаат настрана??? За да после треба да размислуваш за дете, нели... А после и во бракот ќе ја проверуваш што праи? Направа за следење во шупак ќе и бутнеш? За втората бременост пак тест ќе прави? А за третата?
 
Ако ми побара да направам тест ќе прифатам зошто сигурно ќе биде негово ама за тоа ќе добие наплата дупла понатаму.Така на пример кога ќе ги добие резултатите ќе го натерам да си ги пикне таму кај што нетреба:pipi:.
 
Во МАНУ имаат современа опрема за испитување ДНК и слично.

Може било кој да плати и да го прави, или го штедат за исклучиво "научни цели"? Претпоставувам дека Фонд за здравство не го покрива трошокот :)

Знае ли некој отприлика колку пари би чинел ваков тест кај нас? Во Америка е од 400 до 2000 долари, во зависност од институцијата кај што се прави (некои се поверодостојни од другите).
 
Тестот не го докажува татковството 100%
Овој тест може само со сигурност да докаже дека некој не е татко на детето, и само да посочи дека некој е можен татко, е сега со овој тест, со малку психолошки притисок, тврдења дека некој со некого во одреден период бил интимно близок може да се изнуди признание за татковството.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom