Најбезбеден начин за користење на нуклеарната енергија

  • Креатор на темата Креатор на темата Ag0rA
  • Време на започнување Време на започнување

Ag0rA

NEBO666
Член од
29 февруари 2008
Мислења
1.667
Поени од реакции
60
Прво овој пост ( идеја ) се мислев да го постирам на темата Нуклеарна енергија, но се одлучив да отворам нова тема, затоа што, донекаде, на таа тема би бил надвор од темата..Доколку некој не се солгасува дека сум трбал да отворам нова тема, нека ја премести оваа тема во канта, или онаму каде што мисли дека му е местото...

Идејата беше:
Зошто на месечината не се направат нуклеарни централи, и од месечината енергијата да се испрача во форма на паралелни снопови на светлина ( добиени од моќни ласери ), и како такви, на земјата, да се дистрибуираат до индустријата и домаќинствата каде што е потребна енергија?
Овие зраци би можеле да се користат за добивање топлина, светлина ( т.е. осветлување, самите се светлина ) и т н, исто како што се користи струјата ( ел енергија )...но нешто потешко би се користеле за добивање на механичка енергија...но ова е доволно.
Низ проводниците ( т.е. „огледални цевки со вакуум внатре“...или доколку сноповите бидат паралелни, не цевките немора да бидат како огледало...еден вид оптички влакна..) ќе има многу помали загуби на моќност, и ќе бидат многу побезбедни одколку електричните....
Што би претставувало проблем тука?
Добивањето и искористувањето не верувам дека ќе претставуваат проблем, но мал проблем би претставувал транспортот од месечината до земјата, поради атмосверата...но, и тој проблем може „лесно“ да се реши....

Што мислите за оваа идеја?
Јас мислам дека ова може да ја замени електричната енергија...
Хмм...дали оваа идеја им светнала на „големите мозоци“? Кои проблеми тие не можеле да ги решат?

Што мислите за оваа идеја?
 
Алооо Стивен Хокинг ??? Артур Кларк ???? Кој и да те опседнал нека го напушти твојот грешен ум во име Божјо АМИН.

п.с Капа ти вадам - ти си полуд и од мене.
 
Може да ми кажете каде грешам?
А не само да заобиколувате....
 
Си реков дека нема да се замарам веќе со тебе, ама ај нека ти биде....
Може да ми кажете каде грешам?
А не само да заобиколувате....
Прочитај го ова подолу барем уште 3 пати и кажи дали барем малку ти изгледа нормално:
Зошто на месечината не се направат нуклеарни централи, и од месечината енергијата да се испрача во форма на паралелни снопови на светлина ( добиени од моќни ласери ), и како такви, на земјата, да се дистрибуираат до индустријата и домаќинствата каде што е потребна енергија?
Овие зраци би можеле да се користат за добивање топлина, светлина ( т.е. осветлување, самите се светлина ) и т н, исто како што се користи струјата ( ел енергија )...но нешто потешко би се користеле за добивање на механичка енергија...но ова е доволно.
Низ проводниците ( т.е. „огледални цевки со вакуум внатре“...или доколку сноповите бидат паралелни, не цевките немора да бидат како огледало...еден вид оптички влакна..) ќе има многу помали загуби на моќност, и ќе бидат многу побезбедни одколку електричните....
Што би претставувало проблем тука?
Добивањето и искористувањето не верувам дека ќе претставуваат проблем, но мал проблем би претставувал транспортот од месечината до земјата, поради атмосверата...но, и тој проблем може „лесно“ да се реши....

Што мислите за оваа идеја?
Јас мислам дека ова може да ја замени електричната енергија...
Хмм...дали оваа идеја им светнала на „големите мозоци“? Кои проблеми тие не можеле да ги решат?
 
Си реков дека нема да се замарам веќе со тебе, ама ај нека ти биде....

Прочитај го ова подолу барем уште 3 пати и кажи дали барем малку ти изгледа нормално:
За мене е сосем нормално, и возможно.
Можеби некаде не сум се изјаснил како што треба, па затоа поставувајте проблеми и прашања...?
 
Знаеш колку е „тешко“ да се „транспортира“ светлина од месечината до земјата?
Па месечината, да не требаше јупитер, или меркур да го одберам, или титан или европа?Или некоја планета надвор од сончевиов систем оддалечена многу светлосни години?
Имаш некаква појма што претставува сето ова?
Очекував да ме прашате што ќе биде со ладењето на реакторот...ама изгледа ништо не сфативте...и за ова имам решение....
Идејата беше енергијата да се добива на место кое е доволно оддалечено, да ако во него се случи некоја експлозија, да нема никакво радиоактивно зрачење на луѓе, да не се случи еколошка катастрофа, и башка, складирањето на нуклеарниот одпад нема да претставува никаков проблем, ќе имаме енергија колку што ќе „посакаме“....
Разбра/сфати некој што ми беше поентата?!?
 
Ај да се вратиме на Земјата..мислам дека не постои безбеден начин на користење на нуклеарната енергија..сепак се работи за линија на мал отпор..не постои(засега) друг извор на енергија кој би создавал толку мегавати енергија..
Повеќето радиоактивни изотопи имаат преиод на полураспаѓање од 100.000 години...значи цената која ја плаќаме е страшна..освен ако некој не мисли дека светењето во мрак е cool..
Мислам дека Апокалипто рече единстено...ладна фузија..ама таа засега е светиот грал на науката..
 
Очекував да ме прашате што ќе биде со ладењето на реакторот...ама изгледа ништо не сфативте...и за ова имам решение....
Што ќе биде со ладењето на реакторот ???
И зошто ја отвори во економија и бизнис темава да не планираш инвеститори да бараш ?
 
Ај да се вратиме на Земјата..мислам дека не постои безбеден начин на користење на нуклеарната енергија..сепак се работи за линија на мал отпор..не постои(засега) друг извор на енергија кој би создавал толку мегавати енергија..
Повеќето радиоактивни изотопи имаат преиод на полураспаѓање од 100.000 години...значи цената која ја плаќаме е страшна..освен ако некој не мисли дека светењето во мрак е cool..
Мислам дека Апокалипто рече единстено...ладна фузија..ама таа засега е светиот грал на науката..
Kому ќе му штети радијацијата на месечината?
Никому...
п.с. Идејата небеше само са нуклеарен реактор на месечината, туку и заменување на електричната енергија, со светлинска.

Што ќе биде со ладењето на реакторот ???
И зошто ја отвори во економија и бизнис темава да не планираш инвеститори да бараш ?
Со ладењето, иако имам поинаква идеја од кинеските научници, нема да ја пишам...зошто гледам дека никој не е заинтересиран.
А ако некој мисли дека не е возможно на месечината да се изгради нуклеарен реактор кој ќе фукнционира, нека земат нека прочитаат за плановите за постојана лабораторија на месечината, во која ќе живеат луѓе, т.е. каква енергија ќе користи оваа лабораторија....
Второто нема да го коментирам, крајно е несериозно.
Аха, да,точно така, оваа тема е сериозна.
 
Сега знам зошто е темава во Економија и бизнис..ќе треба да платиме да ни го објасниш ова со ладењето на реакторот...Крајно несериозна е ова тема дефинитивно..дајте клуч
Хахахаха,
Ако не во економија и бизнис, каде ќе биде?
Мистерии?
Тука ништо не е мистерија.
образование и НАУКА?
Некако глупо ми изгледа да биде таму...ама ако модераторите/администраторите мислат дека треба да биде таму, нека ја преместат....

Крајно несериозна?
Баш напротив, темата е премногу сериозна, но вие ја правите несериозна, и нема никаква потреба за затворање на оваа тема.

Ај, да не должам многу, што е можно пократко ќе го „објаснам“ ладењето на реакторот:
За да може некое тело да оддаде/предаде топлина на друго тело, температурата на телото што ќе предаде топлина мора да биде поголема од онаа на телото што ќе ја прими...
Мислам дека сите имаме претстава колкава е температурата на темната страна од месечината, т.е. на страната од месечината која не е осветлена од сонцето.
Да, „ладилник“ ќе биде месечевата кора, а ладењето ќе се оствари со систем сличен на оној што го имаат иновирано во Фонко, нешто слично на геотермални топлински помпи, т.е. ладењето ќе биде остварено со модифицирана верзија на геотермалните топлински помпи, или со други зборови: ладењето ќе користи принцип на работа сличен на геотермалните топлински помпи.... ( се разбира дека нема да се користи вода )
Треба и ова да го објаснувам???
 
Од еколошка гледна точка идеата(иако е S.F) е во ред..но кажи ми ти мене колку е една таква "екскурзија" финасиски исплатлива...Оти нуклеарните централи се доволно скапи и на Земјата...За еден ваков проект..дури и кога би ја имале потребната технологија би требало огромен буџет..
 
Па тој систем користи медиум за транспорт на топлината, колку тони(илјада и повеќе за таков систем) би биле потребни според тебе од него, колку енергија ќе троши тој систем на ладење-нема ништо џабе, Друго прашање ...што е со количината вода потребна за производство на пареа за турбините... и на крај како сето тоа, илјадници тони се во прашање мислиш да го однесеш таму, имаш патент за телепортација.
 
Идејата беше:
Зошто на месечината не се направат нуклеарни централи, и од месечината енергијата да се испрача во форма на паралелни снопови на светлина ( добиени од моќни ласери ), и како такви, на земјата, да се дистрибуираат до индустријата и домаќинствата каде што е потребна енергија?
Океј, дури и да е возможно да се направи нуклеарка на месечината, да се задржиме малку на транспортот на енергијата. Знаеш, дури и поради некоја неверојатна случајност постои таков „моќен ласер“ кој би ја конвертирал енергијата од нуклеарката во „сноп на светлина“ и би ја испорачувал на земјата, КАДЕ би ја „испорачувал“? Не ти текна на тоа дека Земјата и месечината не се фиксирани? Месечината орбитира околу Земјата - крај на приказната.

Или?
 
Од еколошка гледна точка идеата(иако е S.F) е во ред..но кажи ми ти мене колку е една таква "екскурзија" финасиски исплатлива...Оти нуклеарните централи се доволно скапи и на Земјата...За еден ваков проект..дури и кога би ја имале потребната технологија би требало огромен буџет..
Само времето ги дели научната фантастика од реалноста.

Сеуште немам направено посериозни пресметки, а и не верувам дека ќе направам, но на прв поглед оваа „екскурзија“ би била многу исплатлива.
Една од причините зошто нуклеарните реактори на земјата се толку скапи е тоа што имаат преголема заштита од хаварија и излив на радијација во околната средина, но сепак постојат шанси за катастрофа.
На месечината дури и да се...ај нема потреба ова да го објаснувам, го сфати.
Цената за реализирање на оваа идеја значително би се смалила, со што би можело цената да стане еднаква, или помала на земјениве нуклеарни реактори, со тоа што кај тој реактор не би се користела толку голема заштита од радијација, да не кажам дека воопшто нема да се користи, и не би се вложувале толку многу пари за да не се случи хаварија...

Потребната технологија за оваа инвестиција ја имаме, а верувам дека ја имаме и потребниот буџет.....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom