НОВИОТ ПРВОЛИГАШ ТУРНОВО ХОРИЗОНТ НАЈАВУВА НОВИ ЗАСИЛУВАЊА
Доаѓаат тројца Срби
" Досега на списокот на нови имиња се наоѓаат голманот Пандев и Бајлозов, а за неколку дена ќе се знае дали Турново Хоризонт ќе ангажира и странски "освежувања"
Фудбалерите на Турново - Хоризонт утре во 17 часот ќе стартуваат со подготовките за големиот предизвик кој ги очекува во оваа сезона, премиерниот настап во Првата лига. Новиот тренер Драган Бочески ќе прозива во 17 часот, а на неговиот список ќе се најдат барем досега само двајца нови фудбалери, голманот Пандев и Бајлозов. Од раководството на клубот најавија дека на овој список ќе се најдат уште неколку нови имиња, а има најави дека ќе се ангажираат и неколку фудбалери од странство. Веќе в среда на првата прозивка ќе бидат пристуни тројца фудбалери од Србија, а по пробните "тестови" стручниот штаб под водство на тренерот Драган Бочески и раководството на клубот ќе одлучат дали овие фудбалери ќе бидат дел со екипата која ќе бие "битка" во Првата лига. Покрај со овие се преговара со уште неколку фудбалери. Турново Хоризонт својата форма ќе ја темпира во Негорски Бањи, а што се однесува до контролните средби, во план е да се одиграат околу десетина. Евентуални противници на Турново Хоризонт ќе бидат екипите кои ќе се подготвуваат на "југот" од нашата земја.