Изгледа дека ти треба да читаш книги. Јас сум се начитал книги за три животи. Јас не зборувам за географски Албанци и географски Власи. А дека географска Македонија (не Република Македонија) се поклопува со етникумот Македонци тоа на секого му е јасно освен тебе. Има Македонци и во другите блиски територии, но најголемата концентрација е во рамките на етничката мапа на Македонија која можеш да ја најдеш во секој атлас на стари и нешто понови географски карти. А нациите не постојат од 18-9 век. Од тогаш постои само дефиниција на тоа што е нација. Тогаш само се формираат новите нации и тоа воглавно од Македонскиот етнички супстрат (Грци, Бугари, Срби и на крај Албанците). Грците од една недефинирана збирштина на племенски остатоци (Ерменци, Албанци, Власи, Евреи, Арапи, Македонци и нешто поситно) е вештачки формирана, создаден им е вештачки континуитет со старите Антички народи од таа територија, создадена им е митологија и национални јунаци (кои не биле Грци по националност, а подоцна им е прилепена истата) и се останато. Бугарите се Македонци што носат име на туѓ народ (како што Јужна Америка носи име Латинска Америка, а со Латините нема ептен никаква врска), Србите се еден збир на Македонци (до доцна говореле со, така да го наречам, Кумановскиот дијалект на Македонскиот јазик) и сродни на Македонците племиња (Дарданци,Трибали - со несоодветен пренос, буквата Т преминала во С па се добило името Ср’бали и на крај современото име Срби). Албанците пак, нивната држава им ја создадоа врз територии населени со преовладувачко Македонско население (погледни ја само топонимијата и во денешна Албанија) и повторно на Македонците сродни племиња (сега народи - Црногорскиот, Српскиот), а во североисточниот дел од делови на Кавкаското племе Албанци (остатокот од нив остана во рамките на Југословенското Косово).
А Античката Македонска нација ги содржи сите елементи на нација онака како што е и дефиницијата за нација, но ти изгледа спаѓаш во оние кои не го признаваат постоењето на Македонска нација (и денес) или го признаваат постоењето на нација само од 1945 (популарно наречени “Соросоиди“).