Ајде вака на кратко како стојат работите за овие прашања од погоре, од она што редовно читам по блогови и форуми:
1. Драфтот: Не обрнувајте толку внимание на кој играч на кој тим му е доделен. Не се тоа mock drafts иако така ги пиши сеуште туку се ранкинзи обични, а тимовите според моменталната табела се наредени. Редоследот сигурно нема да биде таков ниту пак е сигурно дека тимовите се заинтересирани за тие играчи кои се на таа позиција рангирани моментално. Да не зборувам што постои лотарија која логично секогаш прави претумбации, така што прогнози кој ќе оди каде не може да се прават сеуште.
Инаку има едно 7-8 играчи на врвот на драфтот кои варираат горе долу (Wiggins, Parker, Randle, Embiid, Exum, Gordon, Smart, Vonleh), ќе видиме како ќе биде во Мај-Јуни рано е сеуште. Генерално единствени две малку посериозни поместувања во ранкинзите се што многу скаути се повеќе се загреани за Embiid, а полека почнува да паѓа Randle. Ама пак ќе кажам многу е рано сеуште.
Инаку со оглед на тоа каква управа има Филаделфија и како размислуваат тие од овие 8 може да се очекува да се заинтересирани за Wiggins, Embiid, Exum, Vonleh, а да не се заинтересирани за Parker и Randle. Smart и Gordon се потешки за проценка. Ова е шпекулација, ама ете можи да се наречи educated guess. Особено обрнете внимание на Vonleh, зависно од каде ќе бира Филаделфија, можеби не со нивниот пик, туку со оној на Њу Орлеанс или некаков трејд за време на драфтот. Осеќам дека Vonleh ќе биде играч кој ќе го сакаат тие т.н. аналитички управи како таа на Филаделфија. Мал hint - таков беше Картер-Вилијамс на минатиот драфт, аналитичките управи високо го вреднуваа, а останатите не го сакаа. Noel беше прв според аналитичките управи. Не значи ова ништо реално, ама чисто како информација бидејќи и Hinkie горе долу така размислува.
Инаку чисто мое мислење е дека Hinkie ќе направи се што е во негова моќ да го драфтува Wiggins. Совршено се вклопува и во типот на играчи какви што сака оваа управа и во потребите на тимот. Инаку не е точно дека има прашалници за неговиот work rate. Многумина се сомневаат во релативната пасивност на теренот и мислат дека го нема оној killer инстинкт кој го имаат Џордан, Коби и компанија ама јас искрено мислам дека се тоа е преувеличено. Точно е дека Wiggins не доминира, ама него многу повеќе ќе му одговара стилот на игра во НБА отколку во колеџ. Плус неговиот тим има концепција според која не може никој да се издвојува. А далеку од тоа дека е лош. Во одбрана засега е одличен а е солиден и во напад.
2. Трејдови: Горе долу Turner 99% ќе биде трејдан до 20ти Февруари. Исто и Hawes, многу мала е веројатноста дека ќе остане, иако е релативно корисен сезонава. Им завршуваат на лето договорите и на двајцата нема смисла да ги задржат кога е незамисливо дека ќе сакаат да му дадат онакви договори какви што ќе бараат на лето. За жал како што ми изгледа и Young има големи шанси да лета. Не по секоја цена, него го сакаат од управата, ама ако има добра понуда нема да ја одбијат. Другите не се толку битни
3. Noel: Почнал со некои полесни тренинзи, така што иако прво рекоа дека нема да игра цела сезона, можно е да го видиме во Март/Април. Докторот рекол дека е комплетно заздравен и дека може да игра за 4-6 недели, ама од тимот скоро сигурно е дека поконзервативни ќе бидат. Не се знае сеуште ама не би ме чудело да поигра 10тина натпревари.
4. Танкање: За многу тимови се шпекулира дека ќе танкаат од разно разни причини, ама искрено некои од нив веќе имаат премногу победи. Генерално очекувам на дното да бидат: Милвоки, Орландо, Филаделфија, Бостон, Јута, Сакраменто, Лејкерс и евентуално Њу Орлеанс кои после еден куп повреди, почнуваат комплетно да се распаѓаат. Редоследот допрва ќе видиме како ќе им биде не сме ни до пола на сезоната. Инаку мене лично ми се чини дека Милвоки, Орландо и Лејкерс се најсериозни закани да бидат послеби од Филаделфија.
П.С. Од пред некој ден има нов играч во тимот на 10 дневен договор, ќе видиме дали ќе го задржат - центарот Dwayne Dedmon. Не прв поглед не изгледа лошо.