Денис Родман или Двајт Хауард?

  • Креатор на темата Креатор на темата Грмуш
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е кралот под кошевите?

  • Dwight Howard

    Гласови: 61 57,0%
  • Dennis Rodman

    Гласови: 46 43,0%

  • Вкупно гласачи
    107
ХМм па не ни гледам некој да го загрози, можеби Бајнам ако остане здрав и почне да се фокусира повеќе, и Оден ако исто остане здрав и го докаже својот потенцијал за прв пик.


Ти ова озбилно ?? :nesvest:
 
Сега кога се прави споредба Двајт-Бајнам/Оден изгледа смешно да, но треба да се земат во обзир неколку работи.

Првата е Двајт нема пропуштено повеќе од две утакмици по ред. За разлика од Бајнам кој во последните две години имаше две многу сериозни операции на двете колена, па така пропушти некаде околу 83 натпревари- тоа ти е повеќе од една цела сезона. Бајнам треба да е среќен што уште игра, затоа што еве да го земеме Грент Хил имаше слична операција на коленото и сите знаме што се случи со Хил понатаму. Најголемата пречка за развиток на овие два млади центри е тоа што се многу често повредени и никако не можат да го најдат својот ритам. Тоа е тоа што му треба на двата. Само да останат на теренот па играта да му дојди нормално и на двата.

Второ што е важно е и во тимот кој што се моментално. Во Орландо во постот е Двајт, Двајт и Двајт. Никој друг. Е сега во Лејкерс и Портланд имаме играчи како Гасол,Олдриџ и Одом кој 10 скокови ги прават во просек, и постот секогаш е густ кај нив.

Сепак можеби ако останат двата здрави за 1-2-3 години можеби ќе биде нешто од споредбата.
 
затоа што еве да го земеме Грент Хил имаше слична операција на коленото и сите знаме што се случи со Хил понатаму.

Ова малце оф-топик али нема везе..
Хил имаше неколку операции ама на скочниот зглоб ,не на коленото ..
 
Ова малце оф-топик али нема везе..
Хил имаше неколку операции ама на скочниот зглоб ,не на коленото ..

Хмм нека е и така, еве солиден пример е Адам Морисон. Тој имаше иста повреда како Бајнам пред две години, и еве го уште изгледа како да го мачи таа повреда. Муабетот ми беше дека вакви повреди-операции се многу сериозни.
 
До сега е РОдман,Хауард има уште многу пат пред него,немојте вакви компарации ви се молам,едниот одамна заврши другиов сеа почна,уште не му е достоен противник Хауард на Родман.ајт
 
Родман го рамните со Хауард или не сте гледале никогаш кошарка или нешто друго е работата Родман беше боксер и циркузант , а не кошаркар срамота е да го рамните со Хауард дечкото што моментално царува под кошевите и ќе царува уште долго време едноставно речено мајстор и во напад,забивање,скокање и што друго мајстор.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom