bitushanec
Борец за човекови права
- Член од
- 17 јануари 2006
- Мислења
- 3.741
- Поени од реакции
- 815
Во 1502 г. излегува најстарата историја на словенските народи под турска окупација, „Historia Turcica“ од дубровчанецот Феликс Петанчиќ, минијатурист и управник на Будимскиот Скрипториум, а пред се’ дипломат на унгарскиот двор на Матија Корвин и Владислав Втори. Тој во втората половина на 15 век ја пропатувал европска Турција; поминал и низ Македонија, каде што наоѓа Мaкедонци и ги определува границите до каде живеат Македонците; за нас е интересно, што во Душановото Царство, Петанчиќ поданиците ги дели на Рашани (Срби) и Македонци, а Цар Душан го титулира како Цар на Рашаните и Македонците „Macedonum Rasianorum Caesar“ (Historia Turcica, Municipal Library in Nuremberg (pressmark Ms Solger 31.2В°). Греци не наоѓа во Македонија, а во српските истории од 19 век се вели дека Цар Душан бил Цар на Србите и Грците.
Според официјалната српска историја (а и македонската, која ја копира српската), Цар Стефан Душан се прогласил за Цар на Србите и Ромеите (Византијци (мак.) или Грци (лат.): „βαδιλευζ και αυτοκρτρωα Σερβιαζ και Ρωμανιαζ“ (Извор:Владимир Ћоровић: ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 2001 г.).
Цар Душан ја поделил државата на два дела: Србија, со српско мнозинско население и Романија, каде живееле Романи = Византијци = Грци. Во големата даровна повелба на Хиландар од 1348 г. Душан пишува дека Романија е целата територија од Полог и Скопје т.е. цела Македонија која ја нарекува „Романија“ односно Византија, а народот на Македонија „Романих“, Византијци (Извор:Владимир Ћоровић: “ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА”, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 2001 г.). Истата поделба се спомнува и во Меѓународниот Договор со Дубровник од 20. септември 1349, каде што Цар Душан Македонците ги нарекува Романи (Византијци) или пак Грци (Византијци). Неговиот син Rex iunior Урош е прогласен за крал и е задолжен за романските (грчките, византијските) земји, да ги владее по „ромејските“ т.е. византиските закони (Владимир Ћоровић: ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 2001 г.). Сочуван е и запис на овчеполски монах од 14 век за српскиот крал Урош Стефан, син на Цар Душан каде се вели „јас слуга божји Станислав, ја завршив оваа книга во деновите на превисокиот крал Урош Стефан, чиј татко го ослепи и го прати кај Ромеите. И оти 7 години минаа, го прими кралството на сите земји српски, поморски и подунавски и ОВЧЕПОЛСКИ ...“(Lj Stojanovic, Stari srpski zapisi i natpisi, Beograd, 1902, I, zapis 56). Според записот на овчеполскиот монах, во Овчеполието живееле Ромеи (Византијци), во кои се вбројува и самиот, а овчеполските земји не биле српски.
Најверојатно, поради долгогодишната византиска окупација на Македонија и византиската култура која ја имале средновековните Македонци, средновековната српска држава Македонците ги нарекува со име Рoмеи, Византијци, додека цела Македонија е наречена Романија, со спомнати следниве градови: Просек, Штип, Брегалница, Струма, Струмица, Сер, Редина, најверојатно и Скопје (Владимир Ћоровић: ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 2001 г.).
Во Просек, Штип, Брегалница, Струма, Струмица, Сер, Редина, Скопје… никогаш не живееле Елини, кои ние по грешка ги нарекуваме Грци, оти Грци значи само и единствено Византијци. Мakедонија во средновековна Србија била гледана како посебна етно-географска целина, па затоа и средновековната српска држава била поделена на два дела Србија и Романија.
Во Житието на Цар Душан пак се зборува дека Македонија е Романија (Грција, Византија), а Македонците се Ромеи (Византијци, Грци), а тука како ромејски (грчки градови) се спомнати: Охрид, Прилеп, Костур, Лерин, Железнец, Струмица, Воден и Чемрен (или пак така се презентирани од српските историчари); во споменатите места, никогаш не живеело елинско население (Извор: Житије Цара Душана, критика академика Симе Ћирковића и Божидара Ћирковића). Во повелба на Цар Душан од 1346 г. од Дечани се титулира како „цар на српските, приморските и грчките земји“ (F Miklosic, MOnumenta, CXXI, str 141). Под грчки, ромејски земји се подразбира Македонија.
Монахот Исаија, современик на Маричката битка, во свој запис од 1371 г. зборува за грчка војска, која пошла во Македонија, на Марица да ги изгони Турците (Iskaz Isaije Serskog, Solovecki prepis, 1492, Saltikov-Schedrin). Од тука добиваме многу битни информации, дека Македонија е до Марица, а под грчка војска, составувачот мисли на војска од Романија=Грција=Византија, односно Македонија, иако реката Марица се наоѓа во Тракија. Едноставно, се заклучува дека државата на деспот Углеша која се простираше до Марица се нарекувала Македонија. Во прилог на ова, иде и еден летопис од средината на 15 век каде стои „Тоа лето царот Оман го уби кралот Волкашин и деспотот Углеша во Македонија, на Марица...“ (Spomenik Srpske K.Akad. 51,1913, str. 4).
Сочувани се неколку Повелби на кралот Волкашин и деспотот Углеша, владетели на териториите на денешна пиринска и вардарска Македонија, каде Македонците, по ист обичај, пак ги нарекуваат Грци (или пак така се презентирани од српските историчари); на спомнатата територија, никогаш не живееле Грци, па со сигурност се утврдува дека името Грци е дадено на Македонците. Во Повелбата на кралот Волкашин до Млеците (Дубровчаните) од 5. април 1370 г., напишана во Пореч (М. Брод) вели: „..и ме постави бог за крал на српската земја, Грците и западните страни...“ („Monumenta Serbica”,Wien, 1851, str 180/181). Под српската земја се подразбира земјата освоена од Србите (Владимир Ћоровић: ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 2001 г.), но народот во земјата Волкашинова не е српски, туку посебен, наречен политички грчки; историски е потврдено дека, во земјата што ја владеел кралот Волкашин, денешна вардарска Македонија никогаш не била населена со елинско население. И Деспот Углеша во неговата феудална држава (Пиринска Македонија) вели дека живеат само Грци, никаде не спомнува Бугари и Срби, па во запис од 1366 г., себеси се титулира како „господар на сите Грци и Поморјето“ (S. Novakovic, Zakonski spomenici srpskih država srednjeg veka, 1912, str 509).
Франц Миклошич за титулацијата на Цар Душан во софијскиот, загрепскиот, раваничкиот записи на Душановиот Закон пренесува: „Стефан во Христа Бога верен цар грчки“ (F. Miklosic, Monumenta Serbica, str 154). Но, во спомантите преписи на Душановиот Законик (оригиналниот не е сочуван) јасно стои „Стефан во Христа Бога верен цар македонски“ (Lj. Stojanovic, Stari srpski zapisi i natpisi. Knjiga III, Beograd 1905, str. 41 (nbr.4949) / Edith Durham, „High Albania“ First published in 1909 page 294., by LONDON EDWARD ARNOLD Publishers to the India Office 1909.
Преписи на Законикот на „Македонскаго Цара Душан“: Раванички и Софиски. Оригиналниот запис не е сочуван, туку само преписите.
Франц Миклошич е најдобар пријател на Вук Караџиќ, кој му ги доставува сите историски извори за Србија. За Србија, Вук Караџиќ вели: „да су се Маћедонија српски звале све земље народа нашега“, потврдувајки дека Македонија се викала порано Србија, што најверојатно се однесува на Душановото Царство (Владимир Ћоровић: Историја српског народа, налов „Обнова пећке патријаршије“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука и "Ars Libri", Београд, 1997 г.). Кон ова тврдење одат во прилог и старите српски песни, каде се пее дека Пеќ и Смедерево се македонски градови (Владимир Ћоровић: Историја српског народа, налов „Обнова пећке патријаршије“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука и "Ars Libri", Београд, 1997 г.).
Грбовите на Цар Душан, Македонија секогаш е на прво место
Вук Караџиќ никогаш не признал македонска народност, па дали е тој извитоперувачот на историската вистина и на документите од средновековното српско царство? Во сите сочувани историски документи од тоа време, а кои се јавни и можат да се видат, македонското име е секогаш присутно!
Првиот српско-црногорски печатар од почетокот на 16 век, Божидар Вуковиќ во сите свои книги се титулира дека е од Подгорица, во пределите македонски „грешни Божидар Вуковић, отачаством от Диоклитије јеже јест ва пределех мађедонских“ (Beograd, Arhiv Sanu, inv. br. 163, (Oktoih petoglasnik, Venecija, 1536, završeno 27. jula 1537. g. - Pogovor na l. 158`. ZIN I 486, Beograd. Narodna biblioteka Srbije, I 7, (Praznični minej, Venecija, 11. juna 1536 - 19. januara 1538. g.- Pogovor na l. 432 - 433`. ZIN I 494.). Но, не само Божидар Вуковиќ, туку и многу писатели од Босна, Херцеговина, Србија, Далмација, во периодот по душановото царство, своите земји ги сметаат за делови на Македонија.
Од кавадаречкиот првенец, г-н Васил Несторов, во 1916 г. бугарската окупациона армија одзела старопечатен "Тримесник", печатан во Шкодра-Скадар од некој г. Стефан, со следнава содржина: „ја свршив оваа Божја книга во лето Христово 1563, месец декември, на К.Д., во деловите на Македонија, во родниот град Скадар...“ (ЦВА, ф. 40. оп. II, а.е. 935, л. 57-58).
И учените од шопскиот крај на денешна Бугарија, ја сметале својата татковина како дел од Македонија. Во 16 век се познати двајца учени шопи Јаков Крајков „от пределех македонских“ и Јаков „от Македоние“.
Првиот, на еден печатен псалтир запишал: „Аз Јаков от пределех македонских, од места зовом Софија, Крајков син... И аште кому која потреба, в’схоштет от светих книг, то вса сија сут принесена в места Скопје, у Кара Трифуна.“
Вториот, во 1566 г. поговор на печатен псалтир запишал: „Изидох от Македоние, отч’ства моего и в’нидих в западних странах близ Рим, в град Венетиа, и тамо обретох стари калапи Божидара... И аз убо, Јаков родом и от’чством бех иже в подкрили великие гори Осоговцеј, близ Коласискаго [Коласија е старото име на Ќустендил. - Забелешка на Скаловска.], от места нарицаема Камена Река“. (Радмила Угриновска - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 87-88)
Првиот познат македонски книжар е Кара Трифун. Тој во Скопје во втората половина на 16-ти век во неговата „словенска книжарница“ (така стои во старите книги) ги продавал венецијанските изданија на Јаков Крајков, на Ј.Загуровиќ и други црковни книги.
Страница од „Часловот“ на Јаков Крајков, „от пределех македонских, од места зовом Софија“.