Објавени историски факти во Македонски деветнаесетти век

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
Објавени историски факти во Македонски деветнаесетти век

- "Тук Болгарите се подигравает сос нас и вртат вода на своја вуденица заедно сос црнокапецот Натанаил, куј што е Маќедонец, ама повеќе тегли на булгарско" - напис од Ѓорѓија М. Пулевски, во 1879 г., за време на Кресненско македонското востание, објавен во книгата "Македонски деветнаесетти век"

2A1228F755B1F246A505FCD19F54C54B.jpg


- До македонските народи! Нашата татковина Македонија била некогаш една од најславните земји. Македонскиот народ ги поставил првите темели на воената вештина. Со победничките фаланги на Александар Велики ја пренесол Аристотеловата просвета во внатрешноста на Азија и со тоа го цивилизирал човечкиот род. Но, таа некогаш толку славна татковина, денес е во опасност да биде разделена и да ја снема сосема, зашто ние Македонците сме ја зафрлиле својата народност, а другите народи ја бараат нашата земја како своја...

Ова е дел од прогласот "Македонија на Македонците", кој на повеќе јазици се појавил на 15 април 1890 г. во Цариград. Прогласот, кој се претпоставува дека го составил митрополитот на Скопската епархија, Теодосиј Гологанов, како и многу други фактографски сведоштва за Македонија, е објавен во книгата "Македонски деветнаесетти век, 1800-1902", од издавачот МИ-АН.
На овој начин, хронолошки се обработени огромен број на историски, политички, културолошки, општествени и црковни настани и личности од македонскиот деветнаесетти век, веројатно, најпреломното и најдраматично столетие од историјата на македонскиот народ.

- "Македонскиот деветнаесетти век" исполнет со историски вистини, како и со историски контроверзи, типични за развојот на народите, особено балкански, го нудиме, како скромно дополнување на македонските научни и современи сознанија, ослободен од разноразни анахронизми, фалсификати, предрасуди, заблуди, пропагандни флоскули, ослободен од додавања и одземања", се вели во предговорот кон ова издание, на кое работеа повеќе доктори на наука, како Мишел Павловски, Владо Поповски, Марија Пандевска, Љупчо Ристески...
Деновиве треба да се појави и енциклопедискиот речник "Македонското средновековие", кое, заедно со "Сто македонски години" и Македонскиот деветнаесетти век" ќе претставува убав прилог на историјата на македонскиот народ.

Факти за Македонија

- 1821 г., 2 август: Рускиот цар Александар И Павлович побарал лично да се сретне со Анатолиј Зографски, јеромонахот од Македонија".

- 1854 г.: Јордан Хаџи Константинов - Џинот во дописка до Цариградски вестник": ... За старите наши словенски ракописни книги ако ги бевме собрале пред 35 години од нашата Македонија и да ги турневме во едно книгохранилиште, ќе имавме една бројка од околу 150.000 ракописи".

- 1857 г., 3 април: Официјалното писмо од Министерството за надворешни работи на Британската влада: Господине Џон Блант, Ве известувам дека сте избран да бидете назначен за британски вицеконзул во Скопје, Македонија".

- 1860 г., август: Архимандритот Венедикт, митрополит на Пелагониска епархија, поставен од Цариградската патријаршија, на битолската црковноучилишна општина и дозволил да отвори македонско училиште.

- 1870 г., 1 јуни: Во весникот Македонија излегува напис Еден глас за сите Македонци".

- 1879 г.: Тук Болгарите се подигравает сос нас и вртат вода на своја вуденица заедно сос црнокапецот Натанаил, куј што е Маќедонец, ама повеќе тегли на булгарско" - Ѓорѓија М. Пулевски, за време на Кресненско македонското востание.

- 1879 г.: Ѓорѓија М. Пулевски ја објавува стихозбирката Македонска песнарка".

- 1889 г., 6 јануари: Објавен е Уставот на Македонското еснафско друштво во Пловдив

- 1888 г., јануари: Осумнаесет ученици се исклучени од настава во Бугарската гимназија во Солун, бидејќи не можеле да работат на бугарски јазик". Дел од нив се и Даме Груев, Петар Поп Арсов, Димитар Мирчев...

Дејан ТРАЈКОСКИ
 
КОлку пари е книгата и каде ја има?
 
Документи на Британската библиотека за – "Ладислав од Македонија
За неговите предци и др. Македонци. Универзитетот во Сегедин (Acta Univerzitatis Szegedinesis) на основ бројната документација , во 1958 г, издава две изданија за делото и наследството на Ладислав од Македонија (Ladislai de Macedonia).

Првата публикација
- подготвена од И.К.Хорват (I.K.Horvath) и К.Е.Обермаер (K.E. Obermayer), е за делото на Ладислав од Македонија
(De vita operibusque Ladislai de Macedonia. Szegedini 1958 , Acta Univerzitatis Szegedinesis.).

При ова за потеклото на Ладислав, се наведува дека тој - "E МАКЕДОНЕЦ " и потекнува од Македонија ( "NATIONE MACEDONICA – ORIGEIEM MACEDONICAM").

Се врзува со фамилијата – Петруш (Petrus), од XV век како трет по редот по: Петре (Petri di Macedonia) и Никола (Nikola di Macedonia).

Се вели и дека Ладислав е роден во 1479 г. а се стекнал со високо црквено достоинство служејќи 1520 г. во Полска, па во Белград и Сирмиум (Сремска Митровица).Овој важен документ докажува дека уште од почетокот на XV век има луѓе со Македонска национална свест, што пак особено се гледа од втората публикација или – "ЛИЧНИТЕ БЕСЕДИ НА ЛАДИСЛАВ МАКЕДОНСКИ".

Втората публикација
- го опфаќа наследството на Ладислав од Македонија и е редактирана од И.К.Хорват и Л.Валачкаи (L. Valaczkai) и ги дава неговите беседи (Operationes Ladislai de Macedonia, Szeged 1964). Има неколку негови беседи од кои особено е интересна Првата беседа (Opratio I./ decembris 1522 /).

Нa корицата од беседата стои дека е посветена на: “БРАЌАТА МАКЕДОНЦИ - 1522 “ ( "FRATRES MACEDONES -1522") . Во беседата е историјата на Македонија со почеток од Александар Македонски и насекаде се поимите Македонија (Macedonia) и Македонците (Macedones), кои се разликувале од Грците (Graeci), Далматинците (Dalmatae) и Илирите (Illyrici).
(Ј.K.Horvath, L.Valaczkai (Ed.), Operationes Ladislai de Macedonia. Szeged 1964 (acta Univ. de Attila Jozsef Nominatae VI) 8. De vita operibusque Ladislai de Macedonia. Szegedini, 1964.


Публикации од страна (Француски) од XIX в. , за Македонија и македонскиот народ
Слично како и предходните драми и овие групи Француски публикаци, ги врзуваат античките Македонци со Македонците од времето на публикациите. Тие го согледуваат периодот по смртта на Александар Македонски и целата генеза за македонскиот народен опстој до Илинденското востание. Гледани се низ тогашната политичка димензија и интерес кај француската јавност за настаните во Македонија. Овие Французи како да сакале да го покажат мостот меѓу величествената античка Македонија и страдалницата од нивното време. Токму во Британската библиотека добро е се опфатено низ публикациите од 1800 г. со наслов – “La Macedoine ou Melanges de literature, sciences et arts (puis Macedoine a la Rumfort Journal – Mai, Juin 1800. Paris; BN Z, 18135/36), потоа во 1819 г. со нови дополнувања публикацијата “La Macedoine liberale, ou faits, evenements, recits, anecdotes... brochures et ouvrages publies depuis six ans.Avec deux jolies gravures. Paris 1819 ( BL 12. 314,ee.20 ) .”
Toa е всушност збирка на различни текстови и политички памфлети додека од 1859 г. има збирки на песни под наслов“ Macedoine Lilloise. Recueil de Chansons en Patois de Lille. Par les meilleur Auteurs. Lille 1859, 79 (BL 11.481. ccc. 3613).

Драми со тема од историјата на македонскиот народ
Теми со мотиви од Македонија и историјата на македонскиот народ, често се користени во Европската драма и литература уште од XVI век наваму. Најчеста тема е животот на Александар Македонски, кралското семејство и Македонците, за време но и по распадот на Македонската империја. Во Британската библиотека такво е делото со наслов:

“Le Regie di Macedonja“, претставено во “Teatro del Falcone “, во Џенова, есента 1706 г. Драмата третира теми од историјата на античка Македонија и македонскиот народ. Особено периодот по смртта на Александар Македонски, со заплети и сцени од дворот на Македонското кралско семејство. Именувањето на Македонија е интересно со: “Macedonja”, како многу карактеристично, дотолку што е јасно поврзувањето на античка Македонија со тогашната Македонија. (Le Regine di Macedonia. Drama per mysica. Da rappresentarsi nel Teatro del Falcone l`autunno 1706. Dedicato allee Dame, e Cavaglieri di Genoua,99 , BM 638. c . 29 (2)).

Историски пролегомени (Prolegomenes Historique) на Ибн Калдун (D`Ibn Khaldoun)
Арапски патописец од XIV век, се фрагментирани податоци за тогашното именување на Македонија. Текстот е завршен во – 1394 г. (1 година пред смртта на Крале Марко) и во него Македонија се именува како - "Makedouniya “
(Le pays de Macedouniya/ la Macedoine - Notices et Extraits des Manuscripts de la Bibliotheque Imperiale. Tome XIX. Paris – Prolegomenes Historique D,Ibn Khaldoun , III – V, 133).
 
R.A. Gallop, трет секретар на британската амбасада во Лондон предстојувал во април 1926 г. во Македонија и во својот рапорт до Британското Министерство за Надворешни Работи известил „..Македонските Словени...сите оние кои ги сретнав еднакво се нарекуваат само Македонци, а не Бугари или Срби... “
(FO371/11405, Kennard (Belgrade) to A. Chamberlain, 21 April 1926, Enclosure, R.A. Gallop, "Conditions in Macedonia," 19 April 1926,1.).
Понатаму за националната свест на Македонците, Галоп вели: „Македонските Словени се сметаат себеси за Македонци и така и се изјаснуваат“ (FO371/11337, Enclosure, 23 April 1926).


Врзано за активноста на врховистичката ВМРО и дејноста на Ванчо Михајлов, британските дипломати и тајни агенти во Бугарија истакнуваат дека тој, заедно со Врховистите НЕ се борат за ослободување на Македонија, туку се орудие на фашистичкиот бугарски режим и ја користат хрвовистичката ВМРО како единствена сила за угнетувањето на Македонците во Бугарија
(FO371/57473, Waterlow (Sofia) to Simon, 5 February 1932. According to the assistant to the Bishop of Nevrokop, one of the major centers of Pirin Macedonia, "The Revolutionary Organization itself was split by a growing Communist current, … aiming at the liberation of Macedonia by the bolshevisation of the Balkans, while the local population was in its turn divided, about half being for the organization and half against, and the hostile half being largely Communist in feeling (FO371/15896, Waterlow [Sofia] to Simon, 22 June 1932; see also FO371/19486, Bentinck [Sofia] to Hoare, 16 September 1935 and 26 September 1935).

Поради пробугарската политика на Врховистите, британските дипломати во Бугарија во 30те години на 20 век известуваат дека македонските братства и друштва во Бугарија се повеќе се свртувале кон комунизмот, исто како и Македонците од вардарско, егејско и од Албанија (FO371/19486. Bentinck (Sofia) to Hoare, 26 September 1935). Тогаш, била се повеќе присутна желбата сите Македонци да се обединат во една држава (FO371/16651).
Комунистите со ветувањата за национална слобода на Македонците, привлекувале се повеќе и повеќе Македонци во своите редови, известуваат британските Агенти во Македонија (FO371/24880, Rendel (Sofia)to F.O., 15 August 1940). Македонците гледале единствен спас во Русија, од која се надевале дека ќе им даде посебна македонска република (FO371/24880, Rendel (Sofia) to Nichols, 25 August 1940. George L. Clutton of the Foreign Office described the Macedonians as "discontented peasants who are anti-Jugoslav, anti-Greek, anti-Bulgarian, anti-German, and anti everything except possibly anti-Russian"
(FO371/24880, Campbell [Belgrade] to F.O., 4 September 1940, G.L. Clutton, Minute, 10 September 1940).

Вицеконзулот на Британија во Скопје, г-н Томас до бристанската амбасада во Белград во 1941 г. во својот извештај вели дека 90% од Македонците во вардарска Македонија биле автономисти, за посебна автономна Македонија
(FO371/29785, Campbell (Belgrade) to Halifax, 6 January 1941, Enclosure, "Report on the General Situation in Southern Serbia by Mr. Thomas, British Vice-Consul at Skoplje.").
 
МАКЕДОНСКИ ДЕВЕТНАЕСЕТТИ ВЕК, 1800-1902

Автори на книгaтa:
Мишел Павловски
Владо Поповски
Марија Пандевска
Љупчо Ристески



Издавач: МИ-АН
 
Не можев да одлучам каде да ја ставам оваа новост,па,ако треба преместете ја. Мислам дека е интересна и доста важна во овие бурни времиња за Македонија и незиниот народ. Се работи за нашата Македонија со тогашните граници и топоними 1873-1876.
Превземено од Дневник.

ИСЕЛЕНИК ОД БИТОЛА ДОНЕСЕ СТАРИ КАРТИ

Швеѓанец чувал стари атласи со Македонија

На германските и на данските атласи печатени во 1873 и во 1876 година Македонија е претставена во етничките граници и со македонски топоними

C34762C804FCDD4CA3A3DC8C9F4AD9E2.jpg


Во германски и во дански атласи печатени во 1873 и во 1876 година Македонија јасно е прикажана како составен дел на турската империја, но со јужна граница под Солун, денешен Тесалоники.

На една од овие карти местата од Шар Планина до Егејско Море имаат македонски топоними како, на пример, Водени за Воден, град што Грците го нарекуваат Едеса, Охрида, Битолија, Драма, Серес, Шар. Овие картографски записи во 19 век биле користени за потребите на училиштата во Германија, Данска и во скандинавските земји. Нив од Шведска во Македонија ги донесе Никола Лисолајски (72) иселеник од Битолско, кој многу години живеел во Стокхолм. Тој сметал дека картите ќе бидат дел од многуте историски факти за одбрана на македонскиот идентитет.

Ги добив како подарок од мојот сосед Јан Сандблад од Шведска, кој со друга литература ги наследил од својот прадедо Хуго, еден од побогатите и учени Швеѓани. Ми ги даде по една дискусија во која му ја соопштив деликатната ситуација на Македонија. Ми рече: „Можеби некогаш ќе бидат добар доказ за твојата земја“ - раскажува Лисолајски.

Двата се школски атласа, користени по предметот географија во повисоките класови во германските, данските и во шведските училишта. Едниот во 1873 година го издала издавачката куќа „Георг Вестерман“, која и денес постои во Германија, а како град на печатење е посочен Брауншвајг. Атласот е подготвен од д-р Хенри Ланге. Содржи 45 карти, а една од нив носи наслов Турција и Грција. На неа со една боја се претставени државите Албанија, Бугарија, Босна и Македонија како составен дел на Турција, која на југ се протега до под Лариса, град во средна Грција.


1258B03F8A9FF6408B55ABFF5560E49F.jpg


Дури под оваа граница почнува грчката држава. На картата најголемиот дел од местата во денешна Егејска и Пиринска Македонија имаат македонски топоними. Другата карта е издадена три години подоцна, поточно во 1876 година, во Копенхаген, од издавачката куќа „Јакоб Ерслевс Форлагшандл“. Исто така се работи за школски атлас, во кого под реден број 15 е претставена карта на Турција и Грција. Иако е прикажана како составен дел на Турција, јасно е испишано името Македонија со јужна граница повторно до под Лариса. Грчката држава на неа ги зафаќа областите околу Атина и островите.

Знам дека има и други вакви карти, но сметам дека се значајни зашто се печатени во, да речам, неутрални држави и не се за балканска употреба, што значи не содржат каква било пропаганда, а датираат од пред Санстефанскиот договор и Берлинскиот конгрес во 1878 година, на кои се прекројувал Балканот - додава Лисолајски.Мотив плус да ги донесе овие карти било и неговото патешествие во 60-тите години од минатиот век, кога пребегал од Македонија за да отпатува во странство, а завршил во грчкиот логор Лаврион. Македонските историчари велат дека ова не се први вакви карти, но дека секој доказ е од историска важност, особено ако датира од периодот пред делбите на македонската држава.

Жанета Здравковска
Фото Дарио Јанковиќ
 
Интересно, бев сега до книжарава Охрид ја нема. Ама ми вети оти ќе ја земи.

Добро е темава покрај ова да ја искористиме и за цитати од минатото поврзани со Македонија, така ќе имаме се на едно место, ај после ќе напишам некои.
 
ПРЕД НАУЧНИЦИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

Руски академик тврди: Грците ја крадат македонската историја

- Не сметам дека ваквата изјава на Чудинов е емотивна, туку таа е резултат на многу нивни истражувања и докази, вели проф. Аристотел Тентов, по враќањето од Русија, каде заедно со академик Томе Бошевски, беа дел од тридневниот собир на седумдесетина научници од целиот свет


2438700CF0AD5A4BA4E59D2A3F519041.jpg




Грција ја краде македонската историја. Со вакво тврдење излегол рускиот академик Валериј Алексејевич Чудинов на меѓународниот конгрес "Предкирилската писменост и предхристијанската култура кај Словените" кој од 12 до 14 мај се одржа на Државниот универзитет во Санкт Петербург, Русија. Истражувањата на египетскиот артефакт Каменот од Розета, кои ги прават професорот од Електротехничкиот факултет, Аристотел Тентов и академикот во МАНУ, Томе Бошевски, биле наведени како еден од многуте аргументи за ова тврдење.

Чудинов е копретседател на конгресот, претседател на Комисијата на Руската академија на науките за историја на културата на древна и средновековна Русија, како и директор на Институтот за древни далечноазиски истории.

- Не сметам дека ваквата изјава на Чудинов е емотивна, туку таа е резултат на многу нивни истражувања и докази, вели Тентов, по враќањето од Русија, каде заедно со Бошевски, беа дел од тридневниот собир на седумдесетина научници од целиот свет.

Тентов и Бошевски во Санкт Петербург заминаа на директна покана на организаторите, а таму истражувачите ја претставија методологијата која ја користат за дешифрирање на текстот од Каменот од Розета.


4D82907812A87E4EB0F4546AF1226027.jpg



Истражувачите тврдат дека трите посебни текстови на Каменот на Розета се напишани на различни јазици, а средниот од нив е на античкомакедонскиот јазик, односно писмата се: староегипетски и старогрчки, а т.н. демотски е писмото на античките Македонци.

- За конгресот добивме покана, бидејќи тамошните лингвисти беа запознаени со нашата методологија и се уверија дека е исправна, вели Тентов. Тој додава дека нивната методологија во Русија се употребила за дешифрирање, односно за читање на кратките текстови на писмото на таканаречените "руни". Тентов вели дека со нивната методологија полесно се читаат и артефактите на винчанското писмо (писмо на кои се напишани артефакти пронајдени кај локалитетот Винча, близу Белград). Во Санкт Петербург имало и српски лингвисти коишто презентирале методологија за читање на винчанско писмо, но според Тентов нивната методологија на читање била потешка, што било всушност и коментар на руските научници.

Бошевски и Тентов во Русија добиле и плакети за посебен придонес кон истражувањето на оваа тема.

Изложените трудови на конгресот ќе бидат објавени во посебен зборник, а тука ќе биде претставен и трудот на Бошевски и Тентов. Меѓународниот конгрес во Санкт Петербург, кој годинава за првпат се одржа било одлучено да стане традиционален, а и ќе се формира меѓународен еснаф под капата на Ленинградскиот државен универзитет, во кој ќе членуваат и македонските истражувачи.
 
- За конгресот добивме покана, бидејќи тамошните лингвисти беа запознаени со нашата методологија и се уверија дека е исправна, вели Тентов. Тој додава дека нивната методологија во Русија се употребила за дешифрирање, односно за читање на кратките текстови на писмото на таканаречените "руни". Тентов вели дека со нивната методологија полесно се читаат и артефактите на винчанското писмо (писмо на кои се напишани артефакти пронајдени кај локалитетот Винча, близу Белград). Во Санкт Петербург имало и српски лингвисти коишто презентирале методологија за читање на винчанско писмо, но според Тентов нивната методологија на читање била потешка, што било всушност и коментар на руските научници.
Бошевски и Тентов во Русија добиле и плакети за посебен придонес кон истражувањето на оваа тема.


Голем удар врз душманите!

Нека пукнат!
 
Еве една ново-објавена книга “Борбата за Македонскиот идентитет 1870-1912’’ од Ник Атанасовски.

The_Contest.jpg



The Contest For Macedonian Identity examines in detail this fierce competition,
and how it was fought at the political, religious, educational, and day-to-day village
level. It analyzes Ottoman, Greek, Bulgarian, Serbian, Macedonian and other sources
and introduces new and original research by the author from the Bitola region, western
Macedonia, and many other parts of ethnic and Ottoman Macedonia. This is a definitive
work on the occupation of Macedonia in the modern era and the development and defence
of the Macedonian identity.

With 520 pages and a large format, The Contest for Macedonian Identity 1870-1912 is a big,
generous book, well researched and easy to read.

The Contest For Macedonian Identity 1870-1912 is the ninth Macedonian book published by
Pollitecon Publications. It is available in Australia for $35 plus $10 postage. Overseas airmail
is A$60. The Contest For Macedonian Identity 1870-1912, Paperback, 520 pages, Large format
245 mm high x 170 mm wide, Four colour celloglazed cover, ISBN 978-0-9804763-0-9
 
Ја имам оваа книга.

Закон е, дава целосна анализа, што се случувало во Македонија.

Кажува која била стратегијата на Турција, на Србија, на Бугарија, на Грција...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom