17 години Суперхикс @ Club Colosseum - 3.3.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Паган-др
  • Време на започнување Време на започнување
Малолетници со лопата да ги риниш. Како и да е, атмосфера прекрасна како и секогаш, на крајот немав ни глас ни сили да подмрднам, а нормално најубавите песни тогаш, со мало драматизирање претходно.

И да, и Новиот Почеток ми се допаднаа, а пејачот кога тогаш ќе го мажам [/малолетничка]
 
Малолетници со лопата да ги риниш. Како и да е, атмосфера прекрасна како и секогаш, на крајот немав ни глас ни сили да подмрднам, а нормално најубавите песни тогаш, со мало драматизирање претходно.

И да, и Новиот Почеток ми се допаднаа, а пејачот кога тогаш ќе го мажам [/малолетничка]

Фиц ти е најодвратно и најпрепичено суштество што може некад да се роди.

Не бев пошо 100 пати ги иам глеано. Башка болен, башка во слаба финансиска состојба. Верувам дека било одлично. Уште да има и видеа и пренајбоље ;)
 
Добро де не го знам лично, ова чисто физичко мислење :)

Видеа би требало да има. Се чудам како не ја зеде некој камерата во скокањата. А и рекоја сега пак демек оти не го напраја видеото за Африка со снимките од Пиволенд како шо требаше, со овие ќе праеле за....Лута ганџа?
 
Беше најпопрекрасно.

Детали, кога нема да ме мрзи да пишувам рецензија :)
 
Лом!

Вака добро не сум прошол незнам од кога. Влегов кај 9 саат негде, Новиот Почеток не ги слушам али ок ми беа. После се избацуе Славе со мрсни рапоини од Wu-Tang, Cypress Hill, Kriss Kross, Delinquent Habits (коа ја пушти Tres Delinquentes само ја ја знаев у радиус од некои 10 метри, али ако, не беше рап жур :)) и остало. Ептен ме разнежни. :D
И во 10 саат иде музиката од The Godfather и излагаат Суперхикс! Маваат коњак, сите пицнати, дотерани. До сеа освен на таа фотосесијата ги немав видено толку озбилно облечени. :) Во нивни стил почнуваат да растураат мозоци. Само страв ме фаќаше од камерата на носачот шо беше. 2-3 пати ќе ме мавнеше во глава, страв почна да ме фаќа. :)
Убаи шутки се напраија, убави песни свртеа прво полувреме. И тука е пак Славе шо уште еднаш пријатно ме изненади. Тапан и бас мајкоебачи. Коа видов едно 5 души што степуваа им се убацив у чекор. Тогаш уствари сфатив дека неам ич кондиција. На полувреме отидов да видам што маици се тие новите Графити Бој. Ептен се wуди*. Второ полувреме едвај се вратив напред, кај шо бев. И второ полувреме одлично. Пак убави шутки, само сеа шо немав толку сила. Ептен добри песни свртеа, убави фаци видов. :) За песните не се задржувам, освен една. На љута рана љута ганџа!!!
Се на се 10/10.

И да Вондерфул, шо збориш многу малолетници имало. Првин се буните на Слаткар иделе после на Суперхикс многу ги имало. Мене баш тоа ме радува, ако ништо друго барем има уште млади (мое годиште де :)) шо знаат што е квалитетна музика.


*
Photo0470.jpg


U-JELLY.jpg
 
Убав поздрав од Славе на полувреме со Shy FX-Everyday и DJ Fresh-Gold dust. Имаше степување и горе у випот :)
 
И да Вондерфул, шо збориш многу малолетници имало. Првин се буните на Слаткар иделе после на Суперхикс многу ги имало. Мене баш тоа ме радува, ако ништо друго барем има уште млади (мое годиште де :)) шо знаат што е квалитетна музика.
Премногу имаше, ито не зборам за 16-17, туку за 10 годишни онака :icon_lol: Не се бунам де, само јас престаро се осеќав шо имам 18 години. :)
 
Ае баталете децата, јас видов и стари панкеришта што се шуткаа :) Оние кои се шуткале на Гол коа се појави песната :)

http://cooltura.mk/?p=947 Еве нешто набрзинка напишано од Кики и набрзинка спремени фотки од мене. Има уште, ама едитираните ми останаа у компјутерот на работа.

Значи Хикси у Колосеум. Бев пред колосеум уште у 8 саат. Околу мене децимали, дропки :) Си викам, добро е, има подмладок :)

Некаде 9 и кусур почнаа Новиот почеток. Бенд кој егзистира веќе 9 години и кој си имаа своја малубројна, но верна публика. Дорбо загревање пред Хикси. Додека да завршат со својот настап Колосеум се наполни до крај.

После нив Славемурат Нијазов на грамофони :) Распали со олд скул рапови, исто како кога меша „Манџа“ во Кастро. Дел од она што пушти има во постот на Др-аган погоре :) И одеднаш музиката од Кум, со која излегоа Хикси на сцена, дотерани ко мафијаши од минатиот век, со чаша виски наздравија за својот роденден и ја поздравија публиката. И распалија здраво :)
На целата таа костимографија и атмосфера одлично се надополни Раде Рогожаров во бело одело. Атмосферата беше премногу жешка и во публиката и на бината поради што Хикси отидоа во бекстејџ да се пресоблечат во покомотна облека. На паузата за полувреме Славе рокаше тупани и басови
Во вториот дел продолжија уште појако, јуришно. Некој да ми кажеше некогаш дека у Колосеум пола подиум ќе ссе шутка, немаше да му верувам, ама на „Лута рана“ доле беше кланица и ладилник :) Нелектронски Гуру гостуваше на „Тоа не сум јас“. Пеце спомна дека требало да имаат и гости од Бугарија но не дошле. Како и да е, се повлекоа пак во бекстејџ додека публиката повикуваше за уште. Ги отсвиреа уште Глупави песни и.... (тука се обидувам да се сетам на втората песна), по што ставија крај на еден од највеселите, најенергичните, слободно може да се каже и еден од најдобрите концерти на кој сум бил последниве неколку години.

Догодина уште повесело, помасовно :)

Пофалби за тоа што конечно почнаа да штампаат мајци. Мојата сепак ќе остане уникат :)
Целиот концерт беше сниман од Алфа ТВ, и Пеце најави дека снимката од овој и од уште неколку претходни концерти ќе се најде на големо ДВД издание.

Edit: Кики направи интервју со Пеце
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom