15 000 до 20 000 тука некаде ... 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Подразбираш 10-14 саати работа и не само ЕМО Охрид е тежок за рабАм под РАБОТА шо разбираш ти? ЕМО Охрид работник?:hehe:
Не, нема врска ќе се навикниш па лесно е, јас на почеток ко се одделив од дома ко почнав да раб самостојно да се грижам засебе сам и 5 сати ми беа многу ... си идев дома капнат сега и од 16ка мака немамМногу е убаво кога гледаш од оваа страна ем шеткаш ем пари.Ама за тие пари газот ќе ти падне од работа.Па ти размисли дали сеуште сакаш да одиш:smir:
Зависи од компанија, зависи од работна позиција но обично раб време ти е од 10 до 14 саати при што платата ти е различна... јас се интересирам за рум сервис и кујна па имам некои пријатели кој веќе биле платата за во рум сервис била мин 1300 долари па нагоре а во кујна мин 1000 долари во зависност од раб. позиција.Јас повеќе преферирам да сум од елитните гости. ( шала )
Иначе добра работа е на брод, а некој да ми каже како се движат платите, на пример за колку работно време ти дават колку плата ?
Ај некој нека каже, па јас ќе му кажам дали е исплатливо.
Знам мнооооогу луѓе што отишле да работат на брод и искуствата се различни. Пред се шетаат многу што е убаво, но во глобала тие тоа го гледаат од брод, а за забава надвор од бродот многу малку. Значи ако некој сака да си иде да не си замислува дека цело време ќе шета секаде, туку само ако има слободен ден еднаш неделно (а може тогаш ќе си на сред море а не на пристаниште во некој град).
Треба да се има и малку среќа за што ќе се погоди да работиш и повеќето работи се премногу напорни, а ако одиш прва година посебно. Обично тие што одат втор, трет ... пат имаат подобри работни места.
И мислам убаво е да се работи, мене не би ми било проблем за дека сум на брод и слично, но тоа не знам дали ќе издржам. Знам девојчиња што биле и сите така се потсмевнуваат па убаво беше знаеш пари си имам. Али кога ќе кажат чистеле по 15 саати на ден или знам како келнерка што работела и нејзина должност било да носи огромни послужавници па еве неколку години си има сериозни проблеми со грбот и кичмата. Така што тоа не е за мене никако.
Момците најчесто се келнери, во кујна работат, чистачи и сл. знам и еден што работеше на брод во подрум кај машините што го движат бродот и кажува не видов сонце цели 6-8 месеци.
Е сега за пари има се заштедува доволно. Али да се размисли дали вреди до толку да се измачуваш. Некои викаат да, некои не. Јас не би!![]()
Еве мој прв пост, барав дискусија на темата „Работа на брод“ со надеж дека ќе пронајдам некоја корисна информација меѓутоа изгледа нашиве што работат не ги делат баш премногу своите искуства. Изгледа се плашат некој да не им ја земе работата :wink:
Бев на брод во 2006, работев за Carnival но по првиот договор се вратив поради завршување на факултетот.
Во меѓувреме додека јас студирав девојка ми успеа да заврши два договора за Royal Caribbean и мислевме дека со тоа ќе заврши целата приказна со бродовите. Откогаш еднаш ќе ги прошеташ Карибските острови (а она беше и на Средоземно и на Балтик) веќе ти е сеедно, бидејќи сите ти наликуваат еден на друг. Но Марфи како и секогаш се појави па она доби дестинација од соништата (Од Аљаска па до Автсралија поминувајќи покрај се што се наоѓа измеѓу од Хаваи до Тахити и Бора Бора). Места кои буквално тешко некој од кај нас ќе може да помисли да ги посети еднаш а камо ли неколку пати со нашиов Македонски стандард. Не велам не, дефинитивно ги има такви меѓутоа ако сте размислувале за работа на брод сигурно не спаѓате во тоа среќно малцинство.
И така тоа беше понуда која не смееше да се одбие. Решивме да оди, а јас во меѓувреме аплицирав за работа на Royal Caribbean. Сега се обидуваме со сите расположливи начини да и јас отидам не само на истата компанија туку и на истиот брод. Сагата траеше едно месеци. Верувале или не, наскоро треба да добијам понуда за работа.
Ако ме прашате дали се исплати тешката работа, ќе ви кажам само едно. Да, дефинитивно се исплати. Ако сакате да шетате, и да шетате на нови места, шетањето во така далечни земји е како да си добил на лотарија.
Да се навратам на постот што го цитирав. Дефинитивно има различни работни места и различни услови. Најдобро проаѓаат тие кои што се во одделот за продажба на било што. Јас работев како келнер (bar waiter) и буквално кажано на таа позиција можев да го поминам 90% од времето надвор од бродот, кога тој беше на копно. Некои оддели, на пример продавниците со екслузивна роба не смеат да работат додека не излезат во интернационални води така да на нив им е скоро па загарантирано 100% слободно време во градовите. Е сега да не се лажеме, но постојат и такви оддели чиј најголем дел од работата се извршува додека гостите се надвор од бродот а тоа се собариците, персоналот во кујна, перална па и сл. Затоа пак тие своите смени ги завршуваат многу порано, додека Бар одделот не затвара до 3,4 а не ретко и до 6 наутро поради чистење и поспремање на станицата.
Главно, искуство кое вреди да се проба, додека сте помлади (минималната границата е деф. 20 или 21). Јас имав желба да одам со 15 ама кога се појавив во Мајоми ми се насмејааа.
Друга моја препорака е следнава. Инвестирајте во себе. За разлика од кај нас, таму квалитетот се цени. Сега ми е криво што никогаш не учев втор јазик. Дефинитивно ќе добиев позиција со повисок чин. Ако вредите, квалитетот брзо ќе биде препознаен и веќе наредниот договор ќе добиете подобри позиции.
Би им посакал на сите кои сакаат да прошетаат да можат да го сторат тоа на полесниот начин, но едноставно тој не е достапен на сите. Затоа потешкиот, не ни бега. Пред да се заглавите за секогаш во Македонија или во регионов, прошетајте, за да на стари години не се каете што не сте виделе ништо од светот кога сте биле во можност.
Ако било кој има какви прашања слободно нека ми се јави на mail.
Голем поздрав до сите,
Spaski :salut:
Види овде http://www.kouzon.com.mk/Знае некој како да се најде таква работа ?