Битлси

  • Креатор на темата Креатор на темата Doomy
  • Време на започнување Време на започнување
Убедливо најдобрата група на сите времиња а исто така и мојата најомилена група...:pipi:
- тие не свират никаков стил на музика тиа самите по себе се стил на музика...:pipi:
- Мои најомилени песни ми се Хелп и Лет ит би, а исто таке им се добри и Јестердеј, Облади облада, Јелов Сабмарин, Хеј Џуд и многу други. Битлси немаа лоша песна сите 224 песни им се одлични, ама само не одличен им е Пол Макартни кој според ги уништи...:toe:
 
Vi preporacuvam na site so gi sakata Beatles da go izgledate filmot >>Across the universe << ke vi se dopadne mnogu
 
Хм интересна тема :)
Битлси ги слушав кога бев во стомакот на мама :) т.е и беа омилен бенд и со нив пораснав, сите спомени од детството ми се поврзани со нив. Бендот е формиран ако не се лажам некаде 1960/1 и сеуште има многу обожаватели. Ако овај бенд и нивните песни ги надживеаа пола од членовите во бендот мислам дека нема причина да се коментира за нивниот квалитет.
 
Од 1966 година Битлси стануваат еден од најдобрите бендови. Од „смртта“ на Пол,. па до растурањето демек...

A day in the life од Сарџантот е нај песна...
 
Најголемите на сите времиња! Џон, Пол, Џорџ и Ринго, Ливерпулската четврка познати како The Beatles, тинејџерска музичка сензација на своето време која предизвика вистинска револуција. Тие се комерцијално најуспешен бенд со продадени над милијарда албуми, а во исто време бенд кој е најдобро прифатен од критичарите. Магазинот Rolling Stone во 2004 ги рангира на првото место на листата на најуспешни изведувачи на сите времиња, пред Боб Дилан, Елвис Присли и Ролингстонс. Во 1963 стануваат огромна сензација во Велика Британија, феномен кој ќе биде наречен "Beatlemania", а кој се каракеризира со згодни жени кои врискаат и паѓаат во несвест секогаш кога групата се појавува во јавност. А тоа изгледало некако вака:


Дискографија:

1963 Please, Please Me
1963 With the Beatles
1964 A Hard Day's Night
1964 Beatles for Sale
1965 Help!
1965 Rubber Soul
1966 Revolver
1967 Sgt.Peppers Lonely Hearts Club Band
1967 Magical Mistery Tool
1968 The Beatles (White Album)
1969 Yellow Submarine
1969 Abbey Road
1970 Let it Be

Филмографија:

1964
b.gif
A Hard Day's Night
1965 Help!
1967 Magical Mystery Tour
1968 Yellow Submarine
1970
b.gif
Let It Be

Moj YouTube избор:






Мој омилен бенд, засекогаш!
 
Битлси е бенд феномен сам за себе. Сите легенди. Хеј Џуд е мастерпис. Фантастично.
 
Eleonor Rigby, Tomorrow never knows, I am the Walrus, I'm so tired, Sgt. Pepper's Lonely Hearts club band, A day in the Life, With a help from my friends, Lucy in the Sky with Diamonds, Doctor Robert, Glass Onion, Let it Be, Yesterday,....се песни без кои не можам да го поминам денот! Апсолутно!
 
The Beatles stink!

хаха. НЕ ... најбоље се .. у последно време ептен се навлеков на нив..

легенди. (:
 
Кога се Битлзи во прашање,јас би го одбрал Џорџ Харисон.По распадот,он прв се искачи на топ листите,и се до неговата смрт беше поактивен музичар од Пол Макартни.Имаше пристоен живот со неговата сопруга,немаше скандали поврзани со него.
Пристоен хуманитарец,соработуваше исклучиво со квалитетни музичари кои понекогаш и не беа популарни (што не беше случај со Пол) и правеше добра музика.
Најомилена песна ми беше Таксман,најдобар албум Револвер дефинитивно.

На 20-годишнината од смртта на Џон Ленон,Стинг изјави:
-“Се гледам себеси како дете на Џон.И ние,како и Битлзите доаѓаме од сиромашните семејства од индустриските градови,и ни беше важно да свириме.
Битлзите не научија да летаме,а Џон ни покажа како слободно да паѓаме.Нема никогаш да го заборавам.“
Шерил Кроу:
-“Во тоа време,кога сите пееја Тра-ла-ла,Џон знаеше дека утрешнината никој не ја знае“.
Дефинитивно најголемиот бенд на сите времиња.Револуција и историја.
 
Малкумина знаат дека Битолси се од Битола а не од Ливерпул то после му е додаено кога Тито сакаше да се зближи со Англија и тие му дадоа воена помош а тој му ги даде Битолсите (Јордан, Ристе, Павле и Ѓоко си ги сменаја и имињата во Џон, Ринго, Пол и Џорџ) инаку повеќето песни му се обработки на Македонски староградски и народни песни (“С каменички фрлаат мамо по наште ќерамиди“, “Зарекло се лудо младо“, “Жетва се зажнева наше овчеполе“, “Пред великден велчетврток“, “Дајте сито копринено“.... и други
 
Јас сум од лошата банда ,the nasty one:)Нели порано ги делеа :
Оние што ги слушаат Стоунси
Оние што ги слушаат Битлси.
:)
Јас сум голем фан на Стоунси,но ги слушам и Битлси,не премногу,не препаѓам,но пристојно знам за нивните песни и нивната историја.
Како некој погоре што кажа,и јас би го одбрала Џорџ Харисон како прв член што си покрена кариера без некои контраверзии.
Макартни веќе ми е досаден.
Ленон си беше Ленон.Легенда која замина неочекувано,in a blink.

Мене ми се ок.Чудно почнав повеќе да ги слушам откако до мене имам фанатик на Битлси :pos: :p
 
Кога се Битлзи во прашање,јас би го одбрал Џорџ Харисон.По распадот,он прв се искачи на топ листите,и се до неговата смрт беше поактивен музичар од Пол Макартни.

Џорџ е вистинска легенда, создаде препознатливи хитови како "While my guitare gently weeps", "Something", "I, me, mine"... Неговите композиторски квалитети не можеа да излезат во преден план пред композиторската хит-машинерија на Џон и Пол. По многу мислења, овие двајца беа многу поуспешни како Битлси отколку соло заради заедничката работа која подоцна прерасна во конкуренција и натпревар. Ова придонесе да бидат напишани некои од најголемите хитови на 20-тиот век. Како соло музичари, го немаа она што ги надополнува, а немаа ни таква мотивација.

Како и да е, самото тоа што овие тројца воопшто се сретнале претставува феномен сам по себе. Момчиња со невиден талент, кои сами си ги пишувале, аранжирале и изведувале песните, а исфрлаа хит по хит.
 
Џорџ одел заедно на школо со Џон Ленон,и на него гледал како на постар брат.Многу тешко ја примил веста дека Џон е убиен,и му има посветено една убава песна.
Кога бев во основно школо имав навика да купувам Антена и Викенд и си собирав исечоци-занимливи информации од областа на музиката.Толку многу исечоци имам дома,можев да ја покријам целата соба сосе таванот со нив :)
Кога пред неколку години (можеби и повеќе од неколку години беа) НАСА откри метерски облак како ротира околу Сонцето.Првиот и воопшто најголемиот метеор кој го здогледале без никаков сомнеж или двоумење го крстиле Битлзи.Другите четири ги носат имињата членовите на Битлзи,па после доаѓаат “немирните“ момци :)

Толку беа влијателни,на Џон еднаш му се лизнало изјава од типот:
“Битлзи беа пославни од Исус Христос“...верниците почнале да им палат плочи,да ги осудуваат.Мислам,колку треба да бидеш славен,за таква изјава да биде сериозно сватена дури и од Папата?
Денешните музичари какви уште не изјави даваат,какви не текстови пишуваат,ама никој не ги сваќа за сериозно.Во тие времиња,немало човек кој не ги слушал Битлзите.Секоја нивна постапка,секој детаљ,секоја ситница поврзана за нив, биле забележувани и соодветно биле критикувани позитивно или негативно.Онаа изрека:
“Ти влегле мушички во главата“ доаѓа токму од овој бенд.
Аеродромот во Ливерпул се вика “Џон Ленон“,кога ќе влезете во градот пишува “Добредојдовте во градот на Битлзите“,Ејби Роуд е до денес култно место,низ цела Америка имате Руби Тјуздеј,албумите сеуште им се продаваат,Пол е најбогатиот музичар со 500 милиони фунти естимејт,втор е Елтон Џон со 200 милиони...мислам,неприкосновено се први на листата.
 
"Пославни сме од Исус" е реченица тотално извадена од контекст за некои групации во Америка да направат кампања против нив. Објавена е во Америка неколку месеци откако Ленон ја изјавил. После тоа почнала масовна хајка од страна на религиозни и политички здруженија, а озлогласениот Кју Клукс Клан им организирал протести таму кај што настапувале. Во тој период се случи и атентатот врз Кенеди по што морале да мислат на безбедноста, и поради тоа се повлекле од јавни настапи и се посветиле на студиска работа.

На некој начин, целата работа на крај им беше од корист, затоа што целосно го променија музичкиот правец и ги снимија најдобрите албуми. За 5 години од 63-68 еволуираа од тинејџ група која пееше едноставни песнички, до група која снима музика од најразлични правци, со многу критички, социјални пораки. Станаа вистински лидери на една млада генерација.

Над милијарда продадени албуми и 17 хитови на врвот на топ листите е факт кој зборува сам за себе. Од малите интересни податоци е дека песната Hey Jude држеше апсолутен рекорд за најдолга песна која станала број 1. Трае повеќе од 7 минути, а тогаш радио станиците не ни помислувале да пуштат песна подолга од 3-3.5 минути. Овој рекорд го држеле до 1993 кога број 1. стана "I would do anything for love" (but i won't do that) на Meatloaf, која трае неколку секунди подолго.

Ја најдов на Youtube песнава па еве чисто "информативно" како звучи:

 
Малкумина знаат дека Битолси се од Битола а не од Ливерпул то после му е додаено кога Тито сакаше да се зближи со Англија и тие му дадоа воена помош а тој му ги даде Битолсите (Јордан, Ристе, Павле и Ѓоко си ги сменаја и имињата во Џон, Ринго, Пол и Џорџ) инаку повеќето песни му се обработки на Македонски староградски и народни песни (“С каменички фрлаат мамо по наште ќерамиди“, “Зарекло се лудо младо“, “Жетва се зажнева наше овчеполе“, “Пред великден велчетврток“, “Дајте сито копринено“.... и други

не ми се верува дека ова е вистина.вие што мислите???
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom