Нуланд започнува посредничка улога меѓу Македонија и Грција
Новонаименуваниот американски олеснувач за името, амбасадорката на САД во НАТО, утре започнува со својата нова улога.
Откако помошникот на Рајс за Европа, Даниел Фрид во Скопје објаснил дека Грција нема да попушти на американските притисоци, доколку Македонија барем симболично не се повлече од своите позиции, Викторија Нуланд утре на Министерот Еленовски треба да му ги пренесе американските конкретни планови за решавање на спорот.
Дипломатски извори сугерираат дека новите консултации ќе се водат меѓу Нуланд и амбасадите на двете земји во НАТО, но во нив по потреба би се вклучил преговарачот Димитров и други високи грчки дипломати.
Засега во игра се неколку сценарија кои предвидуваат различни решенија, но основата порака која ќе ја добијат двете страни од САД е дека мора да се најде средно решение кое ќе биде добитно за двете страни.
Нуланд во октомври во Скопје ги поддржа македонките аспирации за влез во Алијансата, но прецизно порача дека САД сака да види компромис меѓу двете страни во спорот.
„Ние сакаме да ги видиме Скопје и Атина повторно и да разговараат околу решавање на ова прашање во рамките на процесот на Нимиц под покровителство на ОН и бевме искрени денеска, дека сакаме да видиме дека и двете страни активно се ангажираат во овој процес“, изјави Викторија Нуланд , амбасадор на САД во НАТО.
Исто како и инструкциите кои на последната рунда во Њујорк ги добил преговарачот Димитров и Еленовски на средата со Нуланд ќе го пренесе стариот став за двојната формула која се уште е единствената официјално прифатлива за македонските власти.
Еленовски во дипломатските кругови важи за еден од пофлексибилни министри, кога се во прашање односите со Грција.
Мината година донесе наредба за повлекување на сите историски карти и книги од воените институции за да ги прекине грчките обвинувања дека Владата се обидува да ја украде грчката историја.
Неговиот се уште формален партиски шеф Петковски по октомвриската средба со Нуланд во Собранието, изјави дека за прв пат некој американски висок функционер јавно повикал Македонија да се подготви за промена на името.
Линк:
http://a1.com.mk/vest.aspx?VestID=90653