Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
комбинациja, само оф роад-от нема да е некаков екстремен, нешто како земjен пат за на викендица ке е. а ова геометрииве на рамка мн ме бунат шо треба да гледам таму во кратки црти? :) што е подобра геометриjата на specialized-от ?

ехеее ми го пуштиле во промоциjа
http://bikescenter.bg/cross-grx9-27-5-bg
овоj мислам да го земам, фрли му еден поглед ако можеш.
Е па нема да имаш проблеми тогаш. Инаку од геометријата на рамката зависат повеќе работи. Од неа зависи за што е наменет точакот, зависи стабилноста и управливоста, зависи совладувањето на препреки, брзината итн. За Specialized-от рековме дека е подобар избор затоа што се работи за супербренд, со долгогодишно искуство во производството на врвни велосипеди, што не може да се каже и за Cross кој е релативно нов бренд и слабо пробиен на пазарите. :)
 
мене ми е јасно дека е страшно подобар бренд од крос, ама и мн поскапи ми се (што е нормално). Први ми паднаа во очи ко не знаев како им се цените. Прво Јас деловиве ги поднаучив и по тоа се ориентирав за купување. Ама за рамкиве поим немам мн неможам многу да ги разликувам :) а еве пример ако возам планински офф роад по нормални и не премногу стрмни патеки (само возење без скокање) каква рамка треба да се гледа. Претпоставувам дека кога вие професионалниње бајкери кгоа купувете не ги мерите таму аглите и растојанија на оски на висини? Или точно обратното? :) извини што можеби глупави прашања поставувам, ама интересно ми е :)
 
Абе не ги мерат таму ама ги гледаат на интернет стално ги објавуваат спецификациите на рамката.
Иначе еве јас имам рамка РАМ исто бугарски се, еден период беа мн популарни во Скопје, и сум доста задоволен. Плус имам мн добра опрема на него па не се жалам. Има трпено и мн возење офф роад во маврово и кај нас на водно е сеа кај мене ми е проблем што јас намерно земав малку помала рамка. Мојата ми е 16“ на 177цм висина. И на спуст стварно ми е полесно исто и за контролирање ми е полесен, ама на угорници или на рамно губам многу.
 
мене ми е јасно дека е страшно подобар бренд од крос, ама и мн поскапи ми се (што е нормално). Први ми паднаа во очи ко не знаев како им се цените. Прво Јас деловиве ги поднаучив и по тоа се ориентирав за купување. Ама за рамкиве поим немам мн неможам многу да ги разликувам :) а еве пример ако возам планински офф роад по нормални и не премногу стрмни патеки (само возење без скокање) каква рамка треба да се гледа. Претпоставувам дека кога вие професионалниње бајкери кгоа купувете не ги мерите таму аглите и растојанија на оски на висини? Или точно обратното? :) извини што можеби глупави прашања поставувам, ама интересно ми е :)
Сега и ти, не мора до толку да му ја мислиш. Ти треба ХС рамка, баш како што има Cross-от. :)
 
Каде у Скопје се продаваат велосипеди, освен во Меркур( каде има мал избор)? и дали е добар овој 26'' max lady? фала однапред.
 
Читав до сега во темава, јас сум висока 1.75, така да 26'' нема да ми одговара така?
 
Нема врска големината на тркалата (26 инчи) со висината. Гледај рамот да ти одговара (има S, M, L, XL или 16, 17, 18, 20 големина на рамка). Не знам како е кај Мах точаците, дали има различни големини.
Јас би ти препорачал да ги баталиш Мах, не вредат за ништо, кинеска "направија". За џабе ќе си ги дадеш парите и ќе "скапеш" по сервиси. Подобро присобери уште некој денар плус и купи си нешто подобро.
Инаку продавници за добри точаци во СК се Prosport, Bikestop, Probike, Bike market.
 
Друже ја привремено возам најобичен точак од 99евра(не ми се исплаќаше да купувам поскап ради тоа што знаев дека тука кај што сум ќе бидам само околу 1 година и не можам да го зимам со мене при селење) само на асфалт,дневно по некои 15ина км.скоро цела година ништо не се расипало,ни гума се нема дупнато и надвор стое на отворено цело време.иначе немаат сите или неќат сите да даваат 300+ евра за точак.
 
Ти си среќен човек, што да ти кажам ? :) Види, никого не терам со сила да плати 300 и повеќе ЕУР. Дури и 300 се малку. Мене ме иритира што сите сакаат добар точак за без пари. Е тоа не постои. Ти возиш по 15 км асфалт, некој вози 50 комбинирано. Затоа, залудни се споредбите. :)
 
Нема врска големината на тркалата (26 инчи) со висината. Гледај рамот да ти одговара (има S, M, L, XL или 16, 17, 18, 20 големина на рамка). Не знам како е кај Мах точаците, дали има различни големини.
Јас би ти препорачал да ги баталиш Мах, не вредат за ништо, кинеска "направија". За џабе ќе си ги дадеш парите и ќе "скапеш" по сервиси. Подобро присобери уште некој денар плус и купи си нешто подобро.
Инаку продавници за добри точаци во СК се Prosport, Bikestop, Probike, Bike market.

Фала на предлозите zocc, мене не ми треба професионален точак, ама како што кажа, не планирам ни да се влечкам по сервиси. секако дека квалитетен ми треба, ама моите намени за возење се ограничени (низ кеј, населба и сл.), така да и велосипед од 200 евра би ми завршил работа.
:)
 
а добро крос толку не ги бидува? :) ме инетерсира некој дали го има возено и пробано а не стереотипи дека се бугарски и нечинат? прашањето ми е дали меѓу 2 велосипеди од кој едниот е крос а другиот е некоја подобра марка со послаба опрема (како случајов погоре) зошто би го одбрал тој со послаба? што му е подоброто освен името? Прашувам оти за некој ден планирам да купам GRX 9, сепак барам совет од поискусни.
Поздрав
Друже јас имам Cross GRIP 924 :D 25 000 го купив пред година дена, го малтретирам по секаков терен до денеска не покажал некоја маана, а се надевам нема ни понатаму.
 
Никој не рече дека не чини точакот, далеку од тоа, само правевме споредба во однос на технологија т.е квалитетот и геометријата на рамките со супербренд како што е Specialized.
 
Здраво, ако може да прашам за препорака на некој солиден велосипед до два-тринаесет илјади?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom