Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Еве да бидам појасен од која причина го поставив прашањето...
Имам 2 велосипеди од кои едниот го користам а другиот не. Тој што не го користам е mountain и нормално со подебели гуми. Ширината на гумите од од двата велосипеди е 42 со 54.
Па размислував за размена и дали би бенефитирал од тоа. Дали би бенефитирал доколку користам 54-622 наместо 42-622 во road cycling ?
И не знам дали ова би дошто narrow vs wide tire battle, или actually wide vs wide :icon_lol:
Ќе добиеш поголема удобност а во врска со триењето се зависи кој тип на гуми се подебелата и потенката и каков отпор создаваат на тркалање затоа што има подебели гуми кои имаат помал отпор од потенките.
 
Има некој возено од Велестово према Трпејца по сртот?
 
Едно прашање до поискусните.На велосипедот кај средната осовина ми се појави луфта (ми се појавува одвреме навреме некој звук тк-тк).Се јавив на сервис ми рекоа следната недела да го однесам.Па сега прашањето ми е дали ако одам на водно би можело да ми се јави некој поголем проблем(да ја оштетам осовината) или пак не би имал никаков проблем.Инаку треба само да се затегне осовината но неам соодветен алат па морам да чекам на сервис.
 
Најверојатно е дека треба да се отвори,исчисти и затегне. Ама ова е најчесто така што не дека нема исклучоци и да се лоши лагерите и полни со ѓубре.
 
Ако го извозам за викенд на водно ќе му биде нешто(да се оштети осовината или др. )?
 
Ако го извозам за викенд на водно ќе му биде нешто(да се оштети осовината или др. )?
Дај сликни или кажи која средна осовина ја имаш? Ако го извозиш може ќе му биде може не, не верувам дека некој ќе ти кажи точно , на две е работата
 
Можеби ќе се зголеми луфтата, поголема штета не би требало да има. Сепак прва прилика среди ја луфтата.
 
Средна осовина: Патрон 5-дела вака пишува во спецификациите
А инаку не се чуствува на секое вртење туку повремено
 
Средна осовина: Патрон 5-дела вака пишува во спецификациите
А инаку не се чуствува на секое вртење туку повремено
Слика не можеш да најдиш? Слаб сум со македонски поими за делови. Патрон 5 дела ама ништо не ми значи...
 
Едно прашање до поискусните.На велосипедот кај средната осовина ми се појави луфта (ми се појавува одвреме навреме некој звук тк-тк).Се јавив на сервис ми рекоа следната недела да го однесам.Па сега прашањето ми е дали ако одам на водно би можело да ми се јави некој поголем проблем(да ја оштетам осовината) или пак не би имал никаков проблем.Инаку треба само да се затегне осовината но неам соодветен алат па морам да чекам на сервис.
Јас извесно време откако го купив имав луфта, но ме мрзеше да го отворам и чистам и само го затегнував. По неколку извозени километри повторно се појавуваа звуци па решив конечно да го отворам, исчистам и подмачкам.
Имав проблем при отворањето на осовината, внимавај добро ако се решиш сам да оперираш!
Јас не внимавав и го уништив винтот од едната страна на осовината.

Подмачкав сѐ и дополнително ставив threadlocker на штрафовите (не знам колку помогна али.. )
А претерав и со торкот знам, ама морав пошо претходно ја заебав работата.
 
Дечки едно прашање. Дали знаете каде во Македонија може да го измерат рамот на велосипедот за центрираност, т.е. дали е свиткан некаде, дали е центриран. Се работи за алуминиумски МТБ хардтеил
 
Дечки едно прашање. Дали знаете каде во Македонија може да го измерат рамот на велосипедот за центрираност, т.е. дали е свиткан некаде, дали е центриран. Се работи за алуминиумски МТБ хардтеил
Нема такво нешто. Земи конец и центрирај го. Конецот ке покаже дали е прав.
 
Нема такво нешто. Земи конец и центрирај го. Конецот ке покаже дали е прав.
Пробано. Измерив од цевката кај што влегува седлото до конецот од двете страни ид од една покажа повеќе 5 милиметри така да изгледа рамот е крив. Среќа точакое е под гаранција, па ќе пробам да го решам тоа со продавачите
 
Дечки кое масло за ланец да го користам? Се работи за мтб точак.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom