Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Со што го одржувате/премачкувате/чистите ланецот?
Лани зедов едно средство за чистење на ланец од Веро али не ми се допаѓа.
 
Со што го одржувате/премачкувате/чистите ланецот?
Лани зедов едно средство за чистење на ланец од Веро али не ми се допаѓа.
Редовно одржан синџир е супер работа, мислам сите шо возат посериозно знаат колку е важно да имаш чист и подмачкан синџир.
Не само шо ќе работит цел пренос добро, туку и се продолжува векот на траење на синџирот, касетата и преносот. Чистењето зависит од типот на возење.
1. Го одмастувам синџирот со WD-40 многу пажливо прскање, практивам строго на долниот дел од синџирот со полека вртење на педалите наназад. Го оставам да стои така едно 5 минути испрскан.
2. Во меѓувреме, за тие 5 минути веќе имам наполнато во старо пресечено шише топла вода од бољерче и внатре чувам 2 четки. 1 стара четка за заби и 1 четка 20 мм за фарбање со тврди влакна.
3. На забната четка прескам уште ВеДе-40 и детално ја поминувам касетата. Па со големата, со макнување од водата детално го поминувам синџирот, касетата, запчаниците на задниот менувач и преносот. (Ако имаш ептен ѓубре насобрано во запчаниците на задниот менувач, тогаш со штрафцигер и пополека вртење на педалите наназад можиш да го исчистиш многу ефикасно)
4. Го плакнам шишето и растворам сјај или шампон за кола со топла вода од бојљерче. Со виледа сунѓерче, го поминувам синџирот, касетата, целиот заден менувач и преносот.
5. Прскам со млаз вода, градинарска прскалка на околу 30тина сантиметри одалеченост, од горе према долу.
6. Го бришам синџирот со стара сува крпа, касетата, задниот менувач и преносот. Ако немаш некоја стара крпа тогаш остави го добро на сонце да се исушит.
7. Подмачкувам синџир капка по капка на секој линк со Shimano PTFE dry lube. Средство наменето искључиво за суви услови, на крај по една капка во запчаниците на задниот менувач и една капка во преднит менувач. Низ улица се провозувам и ги менвам сите брзини од прва до последна и то е то.
Доколку возам во влажни услови тогаш препорачвам да се користит wet lube за подмачкување на синџирот.
Ова е поефтина, попријатна варијанта кон нашиве џебој.
 
Последно уредено:
Позамарав малце на темава, ама во дилема сум помеѓу два велосипеди. Точак1 и Точак2 , кој е подобро да го земам ?
 
Овие точациве што ги има во Декатлон, боље се од Каприоло и овие тука што се продаваат?

Генерално да, но ако имаш линк при рака, пушти ни да прочитаме составни компоненти.

Импресиониран бев од понудата на велосипеди во Декатлон особено во Парис, продавницата им беше на 3 спрата, ја не знаев каде побрзо да се свртам... :D

Точаци од 700 евра со Easton делчиња, Fizik Tundra седиште (~100 евра малопродажна), Manitou вилушки и SLX и SRAM X7 компоненти... Ми идеше да си пазарам точак и да ја прекинам апсолвентската екскурзија, среќа се воздржав :rolleyes::rolleyes::rolleyes:
 
Чим си се воздржал не си бајкер, не те признаваме:D
Замисли кај нас во ценовен ранг од 500 до 700 евра, комбинација 8/9 брзини со Sunrace касети, Tektro кочници, Altus/Alivio/Х4 комбинации, Santour XCT eвентуално ак му се згрешит ХCR, главини, пренос дај шта даш. :)
 
Последно уредено:
Каде да си купам ефтин велосипед за рекреација, за превоз, за забава? :)
 
pozdrav! me interesira iskustva po serviserive vo Sk , planiram da go odnesam roudbajkov na godisen servis,, do pred 1 godina go nosev redovno vo velosprint kaj predrag ama razbrav deka ne e vekje vo mkd, deckoto bese stvarno fer i zemase 600 den ,, gledam po servisive sekade e po 1000 ka, pa dali nekoj bi mi preporacal dobar servis kaj bi mozel da napravam
 
Импресиониран бев од понудата на велосипеди во Декатлон особено во Парис, продавницата им беше на 3 спрата, ја не знаев каде побрзо да се свртам... :D

Точаци од 700 евра со Easton делчиња, Fizik Tundra седиште (~100 евра малопродажна), Manitou вилушки и SLX и SRAM X7 компоненти... Ми идеше да си пазарам точак и да ја прекинам апсолвентската екскурзија, среќа се воздржав :rolleyes::rolleyes::rolleyes:
За деловите јасно ни е, си има информации за разните класи на Шимано, Срам, итн... Но какви им се рамките? На каков глас се точаците од Декатлон? Било какви искуства?
 
За деловите јасно ни е, си има информации за разните класи на Шимано, Срам, итн... Но какви им се рамките? На каков глас се точаците од Декатлон? Било какви искуства?
Во декатлон мислам дека само b-twin точаци носат. Не се лоши, b-twin е француска фирма и даваат доживотна гаранција на рамките, незнам колку важи ова во бугарија. Во главно се сметаат како буџет варијанта, но за парите се супер и имаат доста добри ривјуа на нет.
 
И мене ме интересира мислење за фокусов. Некој да прокоментира околу преносот 50/34 напред (со 2 ѕвезди е) и назад 11/28 како би се однесувал за искачување угорнини.
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetail/Index/2372785-FOCUS-ARRIBA-28-
Не е баш добро за угорнини. Но со добри нозе...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom