здраво дечки, глеам се дискутира
каков велосипед да се купи, од колку пари чинат велосипедите, што не чини итн. Еве за тие што планираат да купат, ќе го споделам
моето искуство на купување и еве веќе 1,5год возење.
Со месеци барав, стар, нов, итн. Се решив сепак да биде нов, од аспек на тоа на стариот иако сите што ги продаваат увезениве викаат стакло нови се, сепак може некоја иљадарка да ти отиде за некој сервис (ланец, звезди, пренос, пакни,) пошто возени се сите минимум 2-3години, иако изгледаат стакло зачувани. Кога тргнав нов да купам, имав буџет 500еур, почнав да се ценкам во сите продавници и цените за чудо паѓаа и до 25% (купував во мај). Купив Merrida TFS300D цена 500еур на ново од бајмаркет (3x9, заден slx, преден acera, шифтери alivio, хидраулика кочница тектро драко, sr suntour XCM V3, ГЛАВИНИ И ТРКАЛА ОД ТИЕ НАЈСРАЊЕТО ШТО ВИКА ВИВАКАСТРО КОИ СЕКОИ 3 ДЕНА НА СЕРВИС ГИ НОСИШ НА ИСПРАВАЊЕ ПОШТО ТИ ФАЌААТ КОЧНИЦИТЕ-одамна се немав смеено слатко на овој негов коментар), според мене имаше најдобра цена во однос на опрема во однос на останатите модели на trek, corratec, giant, bianchi, и да не ги редам. според мене горе доле сите овие велосипеди од 400-700еур се исто чудо со друга лепенка. за жал гледам дека сега во бајкмаркет за 500еур можеш да купиш мерида 40д, едно 3 класи послаб модел!
После 1,5година возење, околу 3000км поминати, тури, 70% роад, 30% оффроад, водно, козјак, маврово, банско, и околина на Скопје, заклучок никаков проблем!!! освен 3 пати штелување на менувањето брзини. Точакот е еднаш здраво паднат, никогаш не го пазам каде го потпирам, чистен редовно и подмачкуван....сам дома

Кочниците ми се едни од најбулшитот на пазарот ама никаков проблем до сега. Мислам дека овие МТБ велосипеди од 400-700еур немаат проблем за возење тури, лесен офф роад, кој и да го избереш. Секако не спорам дека моите булшит делови после некоја година ќе откажат, во споредба со некоја формула или дт свис главина/тркало, ама за некоја година неможе да се спореди со муабетот на ВИВАКАСТРО дека секој два дена на сервис ќе го носиш. Под 400еур велосипед не се купува на ново, на старо исто така никад не би купил, краден од горе, колнет од тој што му е украден, остај тие причи.
Одма стај си на цената на велосипедот уште 100еур за опрема, која и те како ќе ти треба, кацига обавезно, ракавици, маичка, бициклистички, резервна гума, торбиче едно, држач за бидон, бидон, светло предно задно, пумпа, кинески брзинометар, се кошта 300-1000мкд ама се собира до 100тина евра. Се е ова за заштита и здравје, удобност и сигурност при возењето, сигурно нема да возиш тура со памучна маица која цела пот ќе ти ја држи на тебе па после да се изнадаваш пари за лекови и да се оправиш. за кацига муабет да не правам, САМО ЕДНАШ ТРЕБА, недај боже најлошо може да се случи.