Има или нема судбина?

  • Креатор на темата Креатор на темата kat.<3
  • Време на започнување Време на започнување
јас верувам во судбина, но и дека во најголем дел самите си ја кроиме истата, но за некои работи што ни се случуваат а за кои ние не сме моќни да влијаеме, тоа е едноставно -така како што требало да биде-
 
Еве јас што мислам:


ПРЕДАДЕНОСТ


Природата има детерминизам, човекот има судбина. Прифаќањето на оваа судбина е највисоката и последна порака на исламот.


Дали и како постои она што го нарекуваме судбина? - Да се обѕрнеме кон нашиот сопствен живот и да погледнеме што останало од нашите најдраги планови или од нашите сништа од младоста. Зар не дојдовме на свет без наша воља и се затекнавме себеси со сиот наш нарав, поголем или помал степен на интелигенција, со нашата појава која може да биде симпатична или одбивна, со нашата става која може да биде џуџеста или атлетска ; во дом на крал или питач, во бурно или мирно време, за владеењето на тиранин или на еден благороден кнез, и воопшто во политички, географски и општетствени прилики за кои никој не не прашал? Колку е ограничено она што е наша воља, а колку е огромно и неопфатно она што е наша судбина !


Човекот е “фрлен во светот” и зависен од мноштво факти врз кои нема никаква моќ. И оние најоддалечените влијаат врз неговиот живот, како и овие најблиските. Во текот на сојузничката инвазија на Европа во 1944 година, дошло до општо пореметување на радио врските, што можело да биде судбоносно за операциите во тек. Подоцна се воспоставило дека пореметувањето било последица на огромната експлозија во соѕвездието Андромеда, кое од нас е далеку неколку милиони светлосни години.


Еден вид катастрофални земјотреси на нашата планета се последица на промените на сончевата површина. Со порастот на нашето знаење за светот, расте и нашата свест дека никогаш нема да бидеме потполни господари на нашата судбина. Па и под претпоставка за најголем можен напредок на науката, мерката на совладаните околности во споредба со мерката на несовладаните и несовладливите, ќе биде незначителна. Човекот и светот не се во пропорција. Оттаму вечната несигурност на човекот, која психолошки може да се одразува во песимизам, побуна, очај или – предаденост на судбината и волјата Божја.


Исламот како напор за уредување на светот со помош на воспитанието и законот е потесен, а предаденоста е поширок план на решение.


Индивидуалните права не можат никогаш потполно да се задоволат во услови на егзистенција.Ние можеме да ги следиме сите исламски принципи,кои во краен резултат треба да ни осигураат среќа “и на двата света” ; ние, дури и повеќе, можеме да ги следиме и сите други медицински, општествени и морални норми, па сепак, поради стравотната испреплетеност на судбините, свесното посакување и неконтролираниот случај, душевно и телесно да страдаме. Што може да ја утеши мајката што го изгубила синот единец ? Каква утеха може да најде човек кој во некој непредвидлив инцидент останал сакат ?


“Да се осведочиме во нашата човечка положба. Ние постојано сме во ситуации...Јас можам да влијаам ситуацијата да се измени. Но има ситуации кои во својата суштина се непроменливи, дури и кога нивната појава добива друг вид и кога неговата победоносна моќ ќе се сокрие под превез: мора да умрам, мора да страдам, мора да се борам, подреден сум му на случајот, неизбежно се сплеткувам во вина. Тие основни ситуации на нашето постоење ги нарекуваме ,гранични ситуации, “ (Карл Јасперс, “ Вовед во философијата”).


“Човекот треба во стварниот свет да го поправи сето она што може да се поправи: Потоа, децата и понатаму ќе умираат неправедно, дури и во совршеното општество. Во својот најголем напор, човекот може самиот себеси да си зададе задача аритметички да ја намалува болката на светот,но неправдата и страдањата ќе останат и колку и да се ограничени, тие нема да престанат да бидат соблазнување “ ( Албер Ками, L'Homme revolte ).


Предаденост или побуна – тоа се два спротивни одговори на иста дилема.


Во предаденоста се наоѓа по нешто од секоја човечка мудрост, освен една : плиткиот оптимизам. Таа е приказна за човечката судбина и според тоа неизбежно мириса на оптимизам, бидејќи “секоја судбина е трагична и драматична, ако се оди до нејзиното дно.” (Гасе).


Предаденоста на судбнината е потресен одговор на големата човечка тема за страдањето кое не може да се избегне. Таа е спознавање на животот каков што е и свесна одлука дека се треба да се издржи и да се претрпи. Во оваа точка исламот битно се разликува од плиткиот оптимизм на европската философија и нејзината наивна приказна за “најдобриот од сите можни светови”. Предаденоста е блага светлина од онаа страна на песимизмот.



Продолжува...
 
Една од ретките абнормални за нас работи во кои што верувам е судбината.
 
Но, надојдена како резултат на чувствување на немоќ и несигурност, предаденоста самата станува една нова моќ и една нова сигурност. Верата во Бога и во Неговата промисла ни дава такво чувство на сигурност кое со ништо друго не би можело да се замени, ниту да се надомести. Сите јуначки раси верувале во судбината – тврди Емерсон. Оти, предаденоста не значи пасивност, како што тоа го мислат многумина во заблуда. Не се работи за тоа “да и се препуштиме на судбината “ , бидејќи нашиот однос кон судбината има само морално значење. Предаденоста е човеков внатрешен став кон целината на светот и кон резултатите на своето сопствено дејствување. Предаденоста на Божјата волја значи независност на човечката волја. Покорувањето кон Бога го исклучува покорувањето кон човекот. Тоа е нов однос помеѓу човекот и Бога, и според тоа нов однос помеѓу човекот и човекот.


Според тоа да се прифати судбината значи да се чувствува во најголема мерка слободен. Но тоа е слободата која се стекнува со извршувањето на својата судбина, сложување со таа судбина. Она што ги чини човечки и разумни нашето ангажирање и нашата борба, она што им дава печат на одмереност и смиреност, тоа е уверувањето дека конечниот исход на се не е во наши раце. Наше е да настојуваме и да дејствуваме, резултатот е во Божји раце.


Затоа : вистински да се разбере својот живот на оваа земја значи да се почне да се вложува еден напор лишен од амбицијата да се опфати и да се совлада се, но здружен со подготвеноста да се прифати местото и времето во кое сме родени, местото и времето кое се нарекува наша судбина и кое е Божја волја. Предаденоста – тоа е единствениот човечки, достоинствен излез од нерешливоста и бесмислата на животот, излез без побуна, очај, нихилизам, самоубиство. Тоа е херојско чувство не на херојот, туку на обичниот човек во неизбежните животни неволји, или трагично чувство на шехидот кој ја извршил својата должност и кој ја прифаќа својата судбина.


Исламот не го добил името според своите закони, според своите одредби и забрани, според напорот на телото и душата кој го бара, туку според нешто што го опфаќа и го надминува сето тоа, според еден момент на спознание, според силата на душата да се мери со времето, според подготвеноста да се поднесе се што воопшто може да понуди едно постоење: според вистината на предаденоста.


Предаденост, твоето име е ислам!?
 
ima sudbina. i naucno e dokazano deka za se e potrebna pricina, toa se vika determinizam. I spored biblijata i kuranot se e bozja volja to est ima sudbina. Pravoslavieto e sekta, nema vrska so biblijata.
 
Ti samiot sebe ne si se biral, ni vremeto ni mestoto kaj ke se rodis...
 
Steta so ne veruvam vo sudbina da veruvav nema se da se zamaram so nisto.....so koga ke znam so i da pravam pisano e tka i tka ke bide.................SUDBINA ZIVA GLUPOST

VERUVAJTE !!
 
Не верувам во фатализам туку во детерминизам. Од прилика да ви објаснам - верувам дека се испаднало како што морало да испадне. И се ќе испадне како што мора да испадне. Сето тоа благодарение на каузалитетот како карактеристика на универзумот. Се што си направил било неизбежна последица на една или повеќе причини. Секое дело, случка, мисла се неизбежни. Значи не фатализам - дека што и да направиме работите ќе излезат како што било пишано, туку јас мислам дека човекот има уште помалку слобода - дека се што правиме мора да се случи т.е. е неизбежно. Ние имаме слободна воља, но каква ќе биде таа слободна воља, и тоа одредено од каузална врска.
 
Искрено да кажам ме плаши помислата дека има судбина и дека таа не може да се смени ако е така животот ке биде досаден. Па се надевам и верувам дека не постои нешто како судбината и сами одбираме како ке живееме и што ке направиме
 
Не верувам во фатализам туку во детерминизам. Од прилика да ви објаснам - верувам дека се испаднало како што морало да испадне. И се ќе испадне како што мора да испадне. Сето тоа благодарение на каузалитетот како карактеристика на универзумот. Се што си направил било неизбежна последица на една или повеќе причини. Секое дело, случка, мисла се неизбежни. Значи не фатализам - дека што и да направиме работите ќе излезат како што било пишано, туку јас мислам дека човекот има уште помалку слобода - дека се што правиме мора да се случи т.е. е неизбежно. Ние имаме слободна воља, но каква ќе биде таа слободна воља, и тоа одредено од каузална врска.
Od, edno prasanje:
Dali ako ja dur pijam kafe negde na primer, ke mi tekne ke stanam i ke se frlam pod sleper, dali i toa e poradi kauzalitetot na univerzumot?
 
Да, за да ти дојде таа мисла на памет, нешто треба да ја предизвика.
 
ima apsolutna predoddredenost, posilnite motivi gi determiniraat nasite postapki.Ima cuvstvo na slobodna volja no nema slobodna volja. koga bi imal slobodna volja zar bi ja trpel ovaa nevolja????
 
Od, edno prasanje:
Dali ako ja dur pijam kafe negde na primer, ke mi tekne ke stanam i ke se frlam pod sleper, dali i toa e poradi kauzalitetot na univerzumot?


Тоа е проблемот :pipi: И што да напрабиш некој ќе рече дека било дело на судбината, па поради тоа највероватно судбинатата е измислена да ни е подобро и да објасниме зошто нешто чудно се случило.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom