Планинарење

  • Креатор на темата Креатор на темата EVIL-B
  • Време на започнување Време на започнување
Водно - Матка - Водно е многу и за редовни планинари а за тебе огромен напор, оди водно до матка и спушти се доле и со автобус врати се, така сите праат...многу саати одење е натака навака, мислам дека нема да можеш
Апдејт,ќе се идело до матка и после со автобус....наводно имало 30тина километри,толку ли е ? ќе не водело некое дете,повеќе ми е страв да се изгубиме(дете мислам 18-19 години,и ја сум толку) неголи од напорот...а каков е теренот натака ?[DOUBLEPOST=1445899721][/DOUBLEPOST]
Секоја спортска активност активира различни групи мускули, на пример човек кој трча или постојано дреме во теретана после пет-шест исцепени дрва со секира ќе почне да го боли кичма. Исто е и со пешачењето по нерамен терен.
Во твојот случај и лоши обувки можат да предизвикаат болки во половината.

Ако немаш кондиција по планински терен Средно Водно - Матка е преголем залак дури и во една насока. Ако веќе сакаш да го поминеш тој пат мој совет е да одиш со жичара до крстот, пешки до Матка па да се вратиш со автобус. Но и во тој случај земи во обзир оптоварување на колената и зглобовите, симнувањето кон Матка знае да биде незгодно посебно ако времето е влажно.
не се задишав за нагоре по матка,а се искачувавме по црвена патека(бар така имаше на дрвата обележано) само ме искина кичма...и поради ладното и испотената маица,и лоши чизми пошто не ми го држат зглобот стегнат,и поради тоа што можеби не знаев ни како да се искачувам,не го држев право телото туку ептен наведнато,појма неам можда така треба :D

ќе ми биде срам да им речам да ги чекам горе...ама уште поголем срам ќе ми е ако снемам душа на пола патека :D ако е стрмно симнувањето,сигурно ќе биде влажно пошто и времево е лошо....:S

и да прашам,дали е точно дека да почнеш да се искачуваш од доле накај крстот,е поблиску неголи од средно до крстот ? наводно не било толку тешко и се кратело некако...? :D
 
Ај сега
https://m.facebook.com/events/44235...5038&tsid=0.6865856671003089&source=typeahead

Или еве го текстот

Драги планинари/рки,

На 1-ви Ноември 2015 година, недела, Планинарско Друштво „Куманово“ ја организира својата традиционална планинарска акција „Пирамида и Три Манастира“.
Целта на акцијата е промовирање на овој дел од Кумановскиот крај што гравитира према Свети Николе, а посебно „Пирамидата“, според некои и вистинска пирамида, слична на Босанските пирамиди кај Високо.
Патеката почнува од селото Градиште, манастирот „Св.Ѓорѓи“, со висинска точка од 800 метри и се движи по шума до манастирот „Св.Петка“ во селото Габреш, каде се прави пауза од половина час.Од тука патеката се качува до блокот Островица и на врвот на пирамидата, со висинска точка од 600 метри.
Од Пирамидата се спушта и се оди низ село Колицко до селото Скачковце, до манастирот „Св.Троица“.
Патеката е долга 18 километри, средно тешка, но поради должината бара добра физичка подготвеност.
Времето потребно за поминување на патеката е 5-6 часа. Исто така, на стазата ќе има и водичи од клубот, и секој сам си одговара за своите постапки.
Од опрема задолжително треба да се понесат разгазени планинарски обувки, планинарски стапчиња, капа, ракавици, јакна, кабаница (за секој случај), лесна храна/овошје и 1,5л течност.
Место на собирање на учесниците е паркингот пред кафеаната „Жмара“.
Време на поаѓање на автобусите за село Градиште е во 7.00 часот.
Организаторот ќе се потруди да обезбеди бесплатен превоз до и од село Градиште, за што учесниците ќе бидат благовремено известени.
Организаторот обезбедува и ручек - традиционалното планинарско гравче, кое ќе се дава во манастирот „Св.Троица“.Секој учесник треба да носи прибор за јадење.

Организаторот го задржува правото за промени.

За сите што доаѓаат со сопствен превоз - од Куманово до с. Градиште (почетна точна) има 18.5 км, а од Куманово до с. Скачковце (завршна точка) има 14 км.

Краен рок за пријавување е 30-ти Октомври 2015, на телефоните:
077 572 098 - Стојанче Стефановски
077 884 975 - Бобан Нортмен, или во инбокс на профилот на друштвото.
Информации и детали за акцијата на горенаведените броеви.

Sent from my IdeaTab S6000-F using Tapatalk
 
обележан ли е патот од долно количани до китка лесно е за снаоѓање ??
 
Има ли некој заинтересиран да направиме иницијатива за организирање на планинарска тура на некое место во околината на Скопје во блиска иднина?
 
5-те најопасни планини (планински врвови) во светот

Голем број на планинари кои се искачиле на највисоките врвови на светот, се согласуваат дека подолу наведените 5 планини односно врвови се меѓу најубавите и најпривлечните, но во исто време и меѓу најопасните и најсмртоносните. За убавината доволно говорат величествените фотграфии, а дека се опасни и смртоносни покажува фактот што на нив стотици планинари ги оставиле своите животи, обидувајќи се да ги искачат.
12227808_919814541448290_8839834503392335628_n.jpg
 
Кедев се има качено на Монт Еверест, штета што една фотографија нема на нет од ова.
 
Јас многу сакам да планинарам. Друштво за тоа немам, а сама не би. Не сум многу упатена, кој знае некое планинарско друштво што организираат тури нека каже.

Поздрав! :)
 
Јас многу сакам да планинарам. Друштво за тоа немам, а сама не би. Не сум многу упатена, кој знае некое планинарско друштво што организираат тури нека каже.

Поздрав! :)
Македон, Кораб....

Но пред се треба да одбереш тура соодветна за искуството и моменталната кондиција
 
Јас многу сакам да планинарам. Друштво за тоа немам, а сама не би. Не сум многу упатена, кој знае некое планинарско друштво што организираат тури нека каже.

Поздрав! :)
Имаш многу планинарски друштва.Јас бев во Кораб ама правевме тури заедно и со друштвата планинари од Макпетрол, Трансвезалец, 18 август(ова друштво е од министерството за одбрана)..ако сакаш тел. од некои од овие друштва кажи:)[DOUBLEPOST=1467834601][/DOUBLEPOST]
Јас многу сакам да планинарам. Друштво за тоа немам, а сама не би. Не сум многу упатена, кој знае некое планинарско друштво што организираат тури нека каже.

Поздрав! :)
Имаш многу планинарски друштва.Јас бев во Кораб ама правевме тури заедно и со друштвата планинари од Макпетрол, Трансвезалец, 18 август(ова друштво е од министерството за одбрана)..ако сакаш тел. од некои од овие друштва кажи:)
 
Јас многу сакам да планинарам. Друштво за тоа немам, а сама не би. Не сум многу упатена, кој знае некое планинарско друштво што организираат тури нека каже.

Поздрав! :)

Не пиша од каде си. Овие мислам дека се најактивни. Има и други помали друштва.
Трансверзалец.
I love hiking
Psk Skopska Crna Gora
ПК Македон
 
Последно уредено:
следи ги на фб, од овие друштва мислам дека од i love hiking се најактивни со така полесни али и интересни тури, иначе овие се од скопје, ако си од друг град пиши ке ти кажеме кое друштво е таму
 
image.jpg
Дечки да не знае некој каде можам да најдам Merrell во Скопје ? Поточно сакам овој модел да го најдам, зошто не ми се ризикува со нарачка од нет.

image.jpg

j2r6bglft
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom