Од ДООЕЛ во Акционерско друштво?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Веб-сајт
www.kajgana.com
Дали некој знае како постоечка фирма регистрирана како ДООЕЛ може да стане акционерско друштво? Значи, кои услови треба да ги исполнува и која е постапката?
 
Мислам дека треба да се објави односно да се направи договор колкав ќе биде уделот на содружниците во Акционерското друштво но најдобро е одговорот да го побараш на некоја од официјалните страници на институциите. Пробај на страницата на Македонската берза, Комисијата за хартии од вредност и Министерството за финансии.
 
Мислам дека треба да се потпише основачки акт и да се поднесе во регистарскиот суд, потоа во трговски регистар. Треба да се определи основна главнина која е определена со закон нели. Треба да се отиде во суд и таму вработените треба да ги поднесат потребните документи кои треба да се потпишат.
 
Една мала исправка за тебе основната главнина може да биде во кој било износ и во неа влегуваат и основните средства за работа на претпријатието. Сепак во дел од тоа што го напиша се согласувам но како што пишав и во претходниот пост најдобро е да се консултираат државните институции, а вработените немаат потреба да потпишуваат документи доколку и тие не учествуваат во создавањето на Акционерското Друштво, а штом учествуваат во основањето значи се содружници. Треба да направи пререгистрација од ДООЕЛ во АД, со дефинирање на уделот изразен во акции на секој од основачите.
 
vaka druze
ako e DOOEL znaci ima eden sopstvenik.
ako sakas da prodades del od firmata na drugo lice se izmenuva registracijata na drustvoto i tamu se naveduva koj ima kolkav udel od firmata i koj e upravitel i se registrira kako DOO.
no za A.D. mislam deka treba da ispolnuvas nekolku uslovi od tipot na broj na vraboteni , aktiva i pasiva , ....
da ne te lazam ama mislam deka trebase da imas nad 50 vraboteni za da se preregistriras vo A.D.

vidi ova so nekoj advokat....ako nemas pisi privatna poraka i ke ti dadam kontakt
 
Прва битна работа: Акционерско друштво можат да основаат најмалку две физички или правни лица.
Втора работа прочитајте го член 247 од законот што го дадов погоре.
Мислам дека најдобро е да се прочита целиот закон бидејќи во него се напишани сите услови и начини на основање на АД, но сепак и твојата забелешка е на место дека би требало да се консултира и правно лице за целата работа. Но мислам дека не е определен бројот на вработените бидејќи има одредба која вика дека минималниот влог за основање на АД без јавен повик за прибирање на понуди за купување на акции е 10 000 евра.
 
Една мала исправка за тебе основната главнина може да биде во кој било износ и во неа влегуваат и основните средства за работа на претпријатието. Сепак во дел од тоа што го напиша се согласувам но како што пишав и во претходниот пост најдобро е да се консултираат државните институции, а вработените немаат потреба да потпишуваат документи доколку и тие не учествуваат во создавањето на Акционерското Друштво, а штом учествуваат во основањето значи се содружници. Треба да направи пререгистрација од ДООЕЛ во АД, со дефинирање на уделот изразен во акции на секој од основачите.

Ги гледав сите закони поврзани со ова, познат ми е и овој. ок е. Мала исправка, вработените не потпишуваат, туку тие приложуваат документи за пререгистрација на фирмата. Може да се основа со 2 членови АД, не е проблем, ама мислам дека основната главнина е одредена со закон, според дејноста на фирмата. Потпишуваат само оние кои го основаат друштвото многу јасно.
 
Тоа е одредено само кога се работи за банки бидејќи основачкиот влог е основа за тоа каков вид на дозвола за работа ќе се добие. Е сега можно е и тоа што ти го велиш не сум се консултирал со други закони, во овој пишува дека доколку има јавен повик за прибирање понуди за купување на акции минималната сума е 25 000 евра, а доколку нема јавен повик е 10 000 евра.
 
Јас само знам дека фирмата треба да ма минимум 50 вработени за да стане акционерско друштво
 
Тоа е одредено само кога се работи за банки бидејќи основачкиот влог е основа за тоа каков вид на дозвола за работа ќе се добие. Е сега можно е и тоа што ти го велиш не сум се консултирал со други закони, во овој пишува дека доколку има јавен повик за прибирање понуди за купување на акции минималната сума е 25 000 евра, а доколку нема јавен повик е 10 000 евра.
10k eur.
E sega kakvo e pa toa AD sto nema ni 25k od osnovacite?
Realno daleku sme...ama za 2-3g. valjda make sense.
 
ако не е сменет законот, во септември 2007 учевме дека за да се основа акционерско друштво со јавен повик за откуп на акции минмална емисија е 50 000 акции со минимална вредност 1 евро. за да се основа ад без јавен повик, кога содружниците ќе ги откупат акциите по претходен договор, 25 000 евра е мнимален влог. и таму ред други правила за основачкиот акт во случајов тоа е статут. за управувањето, треба да има управен одбор, или надзорен одбор, или двата за А.Д со основна главнина над 150 000 евра, за помалце од 150 000 евра дозволено е да има еден управител.
 
osnivackiot vlog za AD mora da bide najmalku 5000 evra,a vo ovoj vlog vleguvaat i osnovnite sredstva
 
Што и да правиш.. ќе треба да одиш во Централен Регистер за хартии од вредност на Република Македонија ( карши Ј.Б.Т) за они да ти ги валидизираат сите документи кои се потребни за основање на А.Д. и да ти дадат дозола на твоите хартии од вредност кои ќе осцилираат на берзата како валидни.
 
osnivackiot vlog za AD mora da bide najmalku 5000 evra,a vo ovoj vlog vleguvaat i osnovnite sredstva
Да не голтна една нула? :) Eдна нула, една кула :)

Jeби га, неам толку кешарица, и ДОО ќе заврши работа - па некад ќе се трансформираме во А.Д.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom