Војводата Јордан Пиперката - херојската смрт на македонскиот стратег

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
Возраст
38
СТРАВ И ТРЕПЕТ ЗА ТУРСКИТЕ ВЛАСТИ

Непосредно пред паѓањето на Крушевската Република и погубувањето на голем број востаници во Церското Поле - Кичевско, загина еден од најхрабрите и најпопуларни војводи во историјата на илинденскиот период, легендарниот Јордан Пиперката. Враќајќи се со една група востаници од посета на запаленото село Цер, паднал во заседа и по неколкучасовна нерамна борба со турскиот аскер, откако останал сам, тешко ранет и неспособен да се брани, го прекинал својот живот, испукувајќи го во себе си последниот куршум од револверот.

''Нека не се надева ни Србија, ни Бугарија, ни Грција дека една педа земја македонска ќе добие, зашто за нејзиното ослободување ние крвта ќе ја пролеваме, не ја даваме на друг, туку наша ќе биде''.

Вака се изјаснуваше еден од најопеаните и еден од најпопуларните македонски војводи (по Гоце Делчев) Јордан Пиперката, кој со своите јунаштва и подвизи уште за својот живот станал легенда.

ЈОРДАН СИЛЈАНОВ ПИПЕРКАТА

Е роден на 23.06. 1870 година во кичевското село Козица. Потекнува од сиромашно земјоделско-сточарско семејство. Фамилијарното име му е Силјаноски, меѓутоа тој е познат како Пиперката. Кај народот преовладува мислењето дека оваа скратеница ја добива поради физичкиот изглед (бил црвен, но и лут). Многумина го поврзуваат со лутината и црвенилото на пиперките.Сегашното презиме на Фамилијата е Пиперкоски.

Јордан уште од раните детски денови ја почувствувал сета горчина на тешкиот селски живот. Детството го минал во времето на немири и превирања во Македонија. Буен и пргав по природа, тој многу се разликувал од своите браќа. Односот на турските власти тешко го поднесувал, а омразата кон нив растела.

Познавајќи ја бујноста на својот син Јордан, татко му Силјан, иако притиснат од сиромаштијата и неможноста да го школува, го однел во Битола да учи фурнаџиски занает.

Во Битола Јордан не останал долго. Опфатен од мислите за тешкиот живот на своето семејство, се вратил во своето родно село. Млад и неискусен, но подготвен да му се спротивстави на непријателот, кај Јордана се јавила желба за самостојност и ајдукување. Причини за ова имало повеќе, но непосреден повод била една неочекувана пресметка со група врсници од муслиманското село Другово. До неа дошло во еден пазарен ден кога Јордан сам се враќал од Кичево. Иако сам, тој се спротивставил, но од групата бил претепан. Длабоко навреден од постапката, по враќањето в село, решил да излезе ајдук и да им се одмазди на напаѓачите. Од неговите најблиски бил советуван да не прави така, но Јордан се одлучил да замине на печалба во Софија уште со првата група соселани - печалбари. Таму го продолжил фурнаџискиот занает.

Во Софија Јордан заживеал нов живот. Го научил фурнаџискиот занает, а и финансиски зајакнал. Од заштедата ги помагал и своите во Козица, но никако не можел да ги заборави тортурите над селаните. А во Бугарија нашироко работела пропагандата за наводното ослободување на Македонија. Не знаејќи за ваквите цели на бугарската буржоазија, голем број печалбари, далеку од својот роден крај, водени од желбата за ослободување на Македонија, стапувале во чети од разни друштва.

За Јордан ова било можност да стане ајдук. Влегол во Пиринската чета на Дончо Златков. Запознавајќи го подробно ајдучкиот живот и целта на изведените акции, иако неук, доволно ја презрел заблудата од бугарската "ослободителна" дејност. Затоа одлучил да се врати во Македонија. Неколку години престојувал во Македонија, а во 1895 година Јордан повторно се наоѓал во Бугарија, каде што со Стојко Војвода и Кочо Љутата зел учество и во таканареченото Мелничко востание.

По повеќегодишното ајдукување низ Бугарија во 1897 година, Јордан Пиперката со својот соборец Никола Геројски пристигнал во Кичевско. Дознавајќи за нивното пристигнување, Организацијата во Кичевско набргу воспоставила контакт со нив. Така во 1897 година била формирана и првата организациона чета на војводата Дуко Тасев во Кичевско.

Убиството на Муарем - бег, во кое учествувал и Пиперката, го принудило тој да ја напушти Македонија и повторно да замине во Бугарија.

КАКО ОДЛИЧЕН СТРАТЕГ

Надарен од природата и вооружен со умствени дарби, иако неук, Јордан станал страв и трепет за турските власти. Во 1901 година бил комита во четата на Никола Русински, а истата година бил наименуван за војвода на Демирхисарскиот реон. Дејствувал и во Крушевско и Кичевско. Турците во својата немоќ да го фатат, околу него создавале легенда дека го чуваат духови.

Сите акции што ги презел Пиперката во текот на 1902 година многу брзо се пренесувале и се разгласувале меѓу народот. Од ден на ден растела неговата популарност. Секаде каде што имало потреба Пиперката итал на помош. Народот во него не гледал веќе ајдук, туку револуционер - борец кој секогаш бил со нив, меѓу нив да им помага, да ги одбрани од напаѓачите. Со својата брза чета преку ноќта се движел од едно во друго место, минувајќи пат и по 60 километри, само да стаса каде што имало потреба.

Јордан Пиперката со недоверба гледал кон повикот за одржување на конгрес во Смилево. Не сакајќи да се држи одвоено од Организацијата, пристигнал во близината на Смилево со целата чета од 60 души. Ги прифатил решенијата на Конгресот и заедно со својата чета ги извршил сите подготовки за востанието.

Неколку успешни битки го карактеризираат почетокот на Востанието во Демирхисарскиот крај и во Кичевско. Но, неповолните вести за положбата на Крушево продолжиле да пристигнуваат. Републиката вивнала во пламен. Војводата Јордан и другите тргнале кон село Белица. Преку месноста "Скакало" и каменестите врвови на село Големо Царско, реонската чета дошла до месноста "Грнчарец", над патот Кичево - Битола. Оттука имале добар поглед на голем дел од реонот, а особено на патот Крушево преку Цер, С’лб, Големо и Мало Церско.

Еден голем одред од турска војска откај Кичево со планинска артилерија и коњица го продолжил својот пат кон Крушево, минувајќи преку селата Дивајци и Арилево. Претходниците на турската војска ненадајно во месноста "Коприн Дол", над целото Цер, избиле пред селските чети, предводени од војводите Велко и Злате. Не знаејќи за бројноста на непријателот, иако со 70 души востаниците, отвориле оган. Започнала борба. Меѓутоа, според притисокот што го извршиле турските сили, востаниците брзо сфатиле дека не се работи за мала група турски аскер и се повлекле во гората.

Со востаниците било избегано целото население од Цер. Во селото останале само болни и немоќни старци кои биле ѕверски измачувани од Турците, а селото било запалено.

Јордан Пиперката посебно тешко го преживеал горењето на Цер. Затоа се упатил со својата чета на помош на населението, но паднал во заседа. Жестока била борбата меѓу четата на Јордан Пиперката и турскиот аскер. Со наближувањето на ноќта борбата станувала се пожестока. Опколените востаници & давале силен отпор на турската војска, а присуството на Јордан Пиперката им ја повратило вербата на востаниците дека ќе се извлечат од обрачот. Наскоро се стемнило и пукотниците престанале. Во ноќта веќе ништо не можело да се види. Едно време се слушнале гласови на преживеаните востаници кои се повлекувале кон селото Прострање. Набргу почнале да пристигнуваат и некои востаници од групата на Јордан Пиперката. Тие се уште не можеле да се соземат од она што го виделе и доживеала со опколувањето. Нивните вести болно одекнувале меѓу сите присутни’’ Војводата не е повеќе меѓу живите’’.

Јордан Пиперката е закопан во селото Велмевци со своите комити.На тоа место има подигнато негов споменик.Исто така има негов споменик и во родното село Козица.


Моето потекло е од сeло Козица. 3а Јордан Пиперката знам уште многу работи,во овај пост е отсликан неговиот живот и дело.
 
Бравос, Станоико ...

Абе, дали уште стои една тема за непознатите воиводи, оти не знам дека беше ... Ако има уште факти за тие луге - пишуваите ги ...
 
2rlyjk4.jpg
 
ЈА ИЗЛЕЗИ ЃУРЃО - македонска народна песна

Ја излези Ѓурѓо, ја излези сестро,
ја излези Ѓурѓо, на пенџере,
аахаај, ја излези Ѓурѓо, на пенџере.

Да ги видиш Ѓурѓо, да ги видиш сестро,
да ги видиш Ѓурѓо, комитите,
аахаај, да ги видиш Ѓурѓо, комитите.

Како одат Ѓурѓо, како одат сестро,
ред по редум Ѓурѓо,
аахаај, ред по редум Ѓурѓо, девет реда.

Напред оди Ѓурго, напред оди сестро,
напред оди Ѓурѓо, бајрактаро,
аахаај, бајрактаро Ѓурѓо, Јордан Пиперка.

Право одат Ѓурѓо, право одат сестро,
право одат Ѓурѓо, за Прибилци,
аахаај, за Прибилци Ѓурѓо, кај Мудуро.

Да ја платат Ѓурѓо, да ја платат сестро,
да ја платат Ѓурѓо, версијата,
аахаај, версијата Ѓурѓо, три годишна.
ЈА ИЗЛЕЗИ ЃУРЃО - историски факти

jordan_piperkata.jpg

Која била девојката опеана во познатата народната песна „Ја излези Ѓурѓо“? Дали таа навистина
постоела и од пенџере ја видела четата предводена од војводата Јордан Пиперката како поаѓа во поход да ги ослободи демирхисарските села? Песната вели „Ја излези Ѓурѓо, ја излези сестро на пенџере, да ги видиш Ѓурѓо комитите, како одат ред по редум, во девет реда. Напред оди Ѓурѓо, војводата Јордан Пиперка. Право одат за Прибилци кај мудуро, да ја платат вересијата тригодишна...“

Во потрага по одговор на овие прашања тргнавме во демирхисарските места опеани во песната. Нашето истражување покажа дека народот воспеал вистински настан. Едно од најуверливите раскажувања на терен, за тоа како настанала песната, беше од Борис Мирчевски родум од Бабино, кој денес живее во Прибилци. Тој ја раситнил осмата деценија и е жива ризница за комитски песни, приказни и легенди. Додека бил дете му ги раскажувале бабите и дедовците што живееле во време на илинденската епопеја.

ЃУРЃА ЖИВЕЕЛА ВО БАБИНО

Според Мирчевски, Ѓурѓа од песната навистина постоела и живеела во Бабино. Комитите биле собрани пред нејзината куќа. Во песната се воспеани зборовите што ги изговорил нејзиниот брат Јаким Пармакот, комита во четата и писар во револуционерниот комитет.

- Времето ’ 1903 година, кога дел од комитите тргнале за Крушево, а Јордан Пиперката добил задача да остане во овој крај. Со Борис Сарафов организирале да го нападнат Прибилци, собрале војска, не само комити, туку и од народот. Во месноста Рамни Ливади се организирале и отишле во Бабино. Таму, кога се наредиле за поаѓање, братот извикал по Ѓурѓа: „Ја излези Ѓурго, ја излези сестро, да ги видиш комитите, како одат ред по редум, ред по редум, девет реда. Напред оди војводата, војводата, Јордан Пиперка и по него бајрактарот, бајрактарот Јаким Пармакот - тврди Мирчевски.

mircevski_boris.jpg


Борис Мирчевски живее во Прибилци


Тој вели дека вака гласи оригиналниот текст, кој денес музичарите го пеат прекутрупа. Се испушта името на Пармакот, а со тоа се губи и нишката каде настанала песната. И во историските записи има податоци дека комитите предводени од Пиперката пред силниот бој за Брезово имале задача да го заземат центарот во Прибилци, каде што живеел мудурот.

- Таму имало некој чифлигар, Македонец, кој требало да ги запали копите со слама, Турците да излезат да гаснат, а комитите да отворат оган. Турците го откриле планот, дошло до пукање од двете страни, но комитите не успеале да го нападнат мудурот кој живеел во денешното школо, а неговиот имот се протегал од Прибилци до Жван, а во Сапотница имал кула - тврди Мирчевски.
ЗАТВОР 101 ГОДИНА

Тогаш селото било со турско население. Авлијата од сегашниот двор на Мирчевски, како што тврди, била пушкарница што ја користеле Турците за одбрана од комитите.

- По ова, Турците врзале десетина комити од Демирхисарско, меѓу кои и Парамакот, братот на Ѓурѓа, и ги однеле на судење во Битола. Ги осудиле на 101 година затвор. А Ѓурга му рекла на брата си „Јакиме 101 година!“. Ако, рекол тој, од 101 година јас ќе лежам една, стоте валијата ќе ги лежи. И навистина толку лежел, оти избила Балканската војна и бил пуштен од затвор - тврди нашиот соговорник.

Според Мирчевски, творец на песната било музикалното семејството Касаповски од Бабино, каде што Ѓурга била мажена. Вели дека немала деца, туку одгледала едно од внучињата, а правнучињата денес живеат во Скопје и во Битола.

За жал, се закопавме во кал до колена низ тесните патчиња во Бабино, но, куќата на Ѓурга не успеавме да ја најдиме. Тропнавме на сите врати од куќите на кои чадеше оџакот и каде што висеа низи црвени пиперки. Некои од последните дваесетина жители тврдеа дека тоа била нивната прабаба, други дека живеела на друго место, дека имала деца... Како и тоа дека песната за да не изумре, некој жител на Бабино во педесетите години од минатиот век ја напишал и му ја оставил во наследство на семејството, но хартијата никој не знае каде е денес.

Жанета Здравковска


ЈА ИЗЛЕЗИ ЃУРЃО - видео


 


OGAN GO GORI BREZOVO

Ogan go gori Brezovo-Makedonijo,
Ordan so cetata navlegol-Makedonijo.

I na druzinata govori-Makedonijo,
Stan’vajte braca ne spijte-Makedonijo,
Zemajte bombi , kursumi.

Zemajte bombi , kursumi-Makedonijo,
So dusman ce se borime-Makedonijo.

Zgrmea bombi , kursumi-Makedonijo,
Odednas Ordan izvika-Makedonijo,
Go zazedovme Brezovo.

мислам за нашиов Јордан се збори
 
Ќе ја живнам темава малку,иако веќе две години е заборавена

На денешен ден во село Цер во нерамна борба против турскиот аскер и башибозук загинува славниот војвода Јордан Пиперката,воедно и мој идол од детството.

Поради тоа што било екстремно тешко да се фати жив или мртов,поради тоа што со брзина на светлината доаѓал од едно место на друго каде што требала помош за угнетеното македонско население од страна на турците,меѓу народот се развила легенда дека Јордан го чувале духови и дека било невозможно да се сопре тој и неговата чета.

Царувале во Демирхисарско,нагоре до Крушево,па се надолу до Кичево.

Вечна слава војводо и ти се поклонувам !!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom