Не е сонцето од Вергина туку Македонското сонце, и тоа би била најточна ознака иако се користело и пред тоа на овие простори.
Така е, се сложувам, ама Трн некако упорно тврди дека сонцето е само Македонско и ничиво друго.
Реално е дека постоело сонцето како симбол и пред Македонците. Како симбол е распознаен како македонски симбол поради користењето на Македонците и славата што ја имале македонците.
Како што и двоглавиот орел имал и постара историја, ама останат е како албански симбол во денешно време поради Скендербег и употребата од негова страна во неговите битки и во грбот на неговата фамилија, а подоцна и во националното албанско знаме.
Некои работи се постари од што ги знаеме...не мора да значи дека се албански/македонски/илирски/грчки...туку они повеќе ги користеле, и ги присвоиле.
Него, дај некој за Венетите повеќе...или толку од тој народ?
Многу ми е чудно...
Албанскиот јазик преживеал, албанската историја, македонскиот јазик, македонската историја, грчкиот јазик, грчката историја...
Народите исто така, врти сучи, освојувачи, војни, преживеале...
Како е можно народ како Венетите да биде истребен, заборавен....ниеден доказ за нивно постоење, освен некои топоними, и некои теории??
Колку за пример, претходно го спомнав, Венеција...
Втор пример, градот Лежа во Албанија...потекнува од Алесио..Alessio..