Помош! - ми треба одредено дело/проект...

  • Креатор на темата Креатор на темата mUv@ ThE DoGg
  • Време на започнување Време на започнување
Побарај ја на страниците за огласи за книги на фејсбук. Се појавуваат од време на време, треба да начекаш. До скоро ја имаше Осмица во издание на Поларис за 100 денари, огласот одеше повеќе недели.
Или објави дека ги бараш, препродавачине веднаш ќе се јават.
 
Здраво, ми треба информација каде може да ја најдам книгата 'Сведоштва 2001' од генералот Панде Петровски, или ако ја продава некој слободно нека ми пише во порака
 
Дали на Boksy има голем број аудио книги на македонски јазик?

Со англискиот не сум толку добар за да слушам книги на англиски јазик.
 
Во која наша книжара може да се најде Космос од Карл Сејган? Знам ја имаше на српски на КупиКнига пред некој период, ама еве гледам сега се потрошило :(
 
Во која наша книжара може да се најде Космос од Карл Сејган? Знам ја имаше на српски на КупиКнига пред некој период, ама еве гледам сега се потрошило :(
На македонски ја имаше Табернакул издадено, ама тоа по книжарници невозможно да го најдеш. Продаваа пред некое време по фејсбук групите на старо, ако најдам ќе ти пуштам.

На англиски пребарував, ја нема ни во Литература ни во Академска Книга. Единствено Икона да прашаш, зашто нивниот сајт не го бива баш.

А на српски не знам. Матица, Три - тие се така меѓу поголемите кои продаваат книги на српски, едино таму да прашаш.

Е сега, за КупиКнига - пред неколку дена се споија со Литература.мк, сега заедно функционираат. Значи можеш да појдеш и по нивните книжарници и да прашаш да не има некаде останато нешто. Само што - штом онлајн не дава резултати, веројатно нема.
 
Да ве замолам ако имате pdf книги од Благоја Корубин-Јазикот наш денешен 1-6!

Sent from my STK-LX1 using Tapatalk
 
Дали имаме студент/ка на катедрата за славистика? Или некој што го има изборот поезија од Адам Загајевски во издание на СВП? Кобис покажува дека книгата не е достапна за издавање ни во двете универзитетски библиотеки.

Ја барам „Жалбата на момчето од дамнешните години“. Имам аудиоснимка и транскрипција, проблемот е што не можам да ја фатам метриката, ни да утврдам дали е а/строфична, а ми треба за цитат.
 
Знае ли некој каде може да се најде трилогијата Господар на Прстените на Македонски јазик?
Ги имам читано пред 15тина години, ама не можам да ги најдам никаде во моментов
 
Знае ли некој каде може да се најде трилогијата Господар на Прстените на Македонски јазик?
Ги имам читано пред 15тина години, ама не можам да ги најдам никаде во моментов
Во издание на АЕА беше, на Божин Павловски. Таа издавачка куќа веќе не постои, но нивните книги ги продаваат Матица. Ако има останато некој комплет, само таму.
 
Знае ли некој каде може да се најде трилогијата Господар на Прстените на Македонски јазик?
Ги имам читано пред 15тина години, ама не можам да ги најдам никаде во моментов
На влез во Саем, штандче до Магор ги има сите три дела. 070 611 137 Кире барајте го.
 
Имам нова мисија - да ги соберам сите романи финалисти за Роман на годината. На сликите тоа што е со зелено го имам. Од останатите, ако некој знае каде може да се најдат, нека помогне (note: книгите од последните 7-8 години ги има, знам, прашањето е најмногу за постарите изданија).

Screenshot_20240423_075959_Sheets.jpg

Screenshot_20240423_080034_Sheets.jpg
 
Од Дурацовски романот прашај во книжарницата на ТРИ во Дебар Маало, мислам дека сум го видел таму.

Скриена камера и Вечно сегашно време ги имам јас, нови и неотворени, може да се договориме да ти ги продадам. :)

Сестрата на Зигмунд Фројд, Јас и Лин отпосле, Сфинга на гревот ги има во ТРИ во ГТЦ.

Опасен сум е издание на Темплум, најдобро е да прашаш кај нив.

Ова другово мислам дека многу тешко ќе го најдеш, евентуално да се распрашуваш по тезгите за книги на плоштад и на кеј, или по групите за продажба на книги на фејсбук.
 
Дали знае некој со сигурност каде може да ја најдам Трилогија од Јун Фосе? Издание на Готен е, тешко се наоѓаат по книжарници.

399365-bukboks-chitanka-trilogija-od-jun-fose.jpg
 
Blood Meridian дали е некогаш преведена и издадена на македонски?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom