Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Пробивот на Словените на теракотни икони
Сто и педесет фрагменти од теракотни икони со потекло од 4-6 век, на кои има претстави од воени битки, се меѓу ексклузивните наоди од тримесечните археолошки ископувања на локалитетот Виничко кале во Виница. Теракотите се од иста група, со прочуени винички теракотни икони кои се археолошка реткост, бидејќи припаѓаат на една од четирите колекции од овој тип во светот. Новооткриените теракоти ги поседуваат типичните белези за овие артефакти - религиозните мотиви - а нивен уникатен белег се приказите на историски сцени. - На иконите има претстави на воини и коњанички фигури кои, најверојатно, претставуваат сцени од битките на словенското племе Склавинии со Византијците. На една од нив е прикажан и коњаник во галоп - вели археологот Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. На теракотните икони пронајдени на Виничко кале во минатите археолошки кампањи доминираат религиозни мотиви од ранохристијанската иконографија, како старозаветни сцени и слики на животни, риби и на школки. На локалитетот е ископана и некропола со 120 гроба, кои датираат од времето пред нашата ера до четвртиот век, како и пагански храм, кој исто така временски е лоциран во 4 век. ...
...
![]()
Слики што ги направив во една црква во едно мало селце во Западна Македонија.
Капителите во Св. Димитрија дефинитивно се нови. ПРед една година постирав слики од црквата баш заради тие капители. Одкако се разочарав за капителите(пошто се архитектонска утка при реставрација), се израдував на престолот, на самиот престол има сонце кое најмногу наликува на сонцето од Кутлеш.
![]()
![]()
![]()
Па добро де кажи која црква, кое селце, може човек ќе сака да отиде таму и да ги види во живо. Или пак ќе поминува случајно а нема да знае дека во таа црква има нешто интересно да се види.
дајте бидете малку попрецизни!
" јужнославјански р'кописи (от днешните македонски и ср'бски земи) от ХІІ до ХІХ в.; между многобројните екземплјари заслужава внимание един от редките илјустрирани ранни преписи на Александријата (Житието на Александ'р Македонски) - СОФИјСКА ИЛјуСТРИРАНА АЛЕКСАНДРИја от ХV в. ....."
http://www.nationallibrary.bg/slavezryk.html