МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МАЈАТА НА ЕВРОПА
- Македонското лоби меѓу иселеништвото е многу слабо, Македонците се расеани насекаде, туѓите пропаганди се многу силни, така имаме кочници што постојано ни ги поставуваат, пред сe, гледиштата на соседите
- Македонците се најстарата нација во Европа. Македонија е мајата на Европа и треба да се разгледува од повеќе аспекти. Според пишуваните документи, најраниот период за постоењето на државата Македонија се смета некаде во времето кога владеел царот Пердика, во почетокот на седмиот век пред Христа (707 - 465)
Не од Библијата, не од Ное и Потопот, од многу поодамна, од самото небо, од земјата, од водата и од огновите оттогаш, откако се појави човекот, белиот човек, Беласт, палест оттогаш треба да се тргнува и да се бара, да се истражува Македонецот" - вели Ангелина Маркус во предговорот на книгата "
Македонија праисторија, империја и денес" од авторот Симе Пандовски, кој во своите дела ја разработува историјата на македонскиот народ и работи упорно за пошироко запознавање на светската јавност со вистината за неговата некогаш славна, сега измачена Македонија.
Симе Пандовски потекнува од Битола каде завршил и основно образование, а по заминувањето за Канада го завршува и Економскиот факултет во Торонто. Тој е печалбар скоро три децении, ителектуалец, општествен деец среде македонската емиграција во Канада и речиси целиот свој живот & го посветува на Македонија. Освен во Канада, во Македонија има издадено пет книги, а во наредниот период се планира преиздавање на неговиот труд "Македонија, зачетоци на првата нација во Европа".
Колку е тешко или лесно да се следи состојбата во Македонија од таму каде што живее, Пандовски вели: Кога сте надвор од татковината поубаво се следат работите, а потешко е да се делува, тука, од Скопје и Македонија, хоризонтот е помал. Македонското лоби меѓу иселеништвото е многу слабо, Македонците се расеани насекаде, туѓите пропаганди се многу силни, така имаме кочници што постојано ни ги поставуваат, пред сe, гледиштата на соседите.
ПРЕДБИБЛИСКИ НАРОД
Македонството и македонската историја ме интересира и затоа ја пишувам таа историја. Темата секогаш е иста, македонската нација, македонскиот народ, со единствена цел да се дознае вистината за Македонија. Изворите се од западната литература од Канада и Америка, Оксворд и од другите факултети и тоа се, пред сe, трудови кои се издржани, вели Пандовски. При пишувањето, господинот Симе вели дека е неопходна паралелата, односно компарацијата помеѓу периодите. Се разбира историски податоци за Македонија има уште од античко време, но тие податоци се многу скудни и измешани и затоа кога пишувам за античкото време барам извори кои ги пишуваат странски научници. Нашите трудови се посиромашни во однос на тој период, затоа што тоа се теми кои на овие простори, не само што не биле обработувани, туку на времето биле и забранувани. Овие извори, меѓу другото, говорат дека ние сме старо дрво со многу длабоки корени, тие говорат дека ние сме библиски народ, а јас велам предбиблиски народ затоа што археолошките наоди во Македонија се едни од постарите, истакнува Пандовски.
Во врска со македонската нација историјата постојано се искривувала, особено во деветнаесеттиот век, за кои Пандовски вели дека се времиња на фалсификати и ништења на македонската историја. За овој период Пандевски подвлекува: Најголема штета е направена за Македонија особено во времето кога нараснаа балканските држави, нашите соседи, кои сакаа да го асимилираат македонскиот народ и по секоја цена пишуваа истории за да ги обезличат и историјата и народот. Благодарение на ова ново време Македонците имаат можност да ја исправат грешката. Политиката е најголемата причина за нестабилноста на овој регион воопшто, затоа што сe уште се присутни оние национални апетити, посебно на балканските народи. Кривото гледање на историјата го прави политиката, вистинска историја е онаа која ќе содејствува на секој народ и секоја нација и затоа секој народ треба сам за себе да си пишува. Кога секој народ сам за себе ќе пишува, сите заедно ќе ја сочинуваат глобалната светска историја. А светската историја не е таква каква што би требало да биде, затоа што во најголем број случај има политички истории, бидејќи, како што е познато историјата отсекогаш ја пишувале победниците.
Периодот на комунизмот беше едно менгеме кое го држеше народот во стега или шаблонизирано општество, под цензура. Додека ова сега што го нарекуваме демократија во вистинска смисла на зборот е слобода. Слобода на човекот да живее и да твори, бидејќи ова што сега го зборуваме, пред деведесеттата година не можеше да се каже. Токму поради тоа науката треба да биде засебна и да не се меша во политиката и обратно, а политиката треба да се сфаќа како размена на мисли и начин на создавање на благосостојба, вели Симе Пандовски.
Историјата на негирање на некој начин се повторува, со оглед на фактот што се промовираат облици на бугарофилството преку здруженија како што се "Радко" и слични на нив кои велат дека Македонците се народ со бугарски корени. За ваквите пропаганди Пандовски вели:
"
Сметам дека овој пат таквите шовинистички пропаганди ќе се излажат, бидејќи радува фактот дека младата генерација е многу посвесна и таа знае да прашува, да резонира и добро знае кој е и со какви корени е Македонецот. Со мојата генерација тоа не беше случај и ние бевме еден голем прашалник. Во мое време се гледаше праволиниски или шаблонски, бидејќи такви беа времињата и идеологиите".
ИСТОРИСКА ГРЕШКА
Во историјата нема траги дека постоело некакво преселување на Словените, исто така нема записи кои велат дека некои словенски племиња се преселувале во тој даден период, кој нашите "научници" го избрале VI и VII век. Мојата теорија е обратно од сето тоа.
Јас се држам за ставот на
Русите, кои еден период лансираа една теза дека прататковината на старите Словени е зад Карпатите, но гледано од руска страна.
Логично гледано, од Русија зад Карпатите се наоѓа Балканот, грешката ја направиле балканските народи во зависност од тоа кој владеел во тоа време и тие таа теза ја свртеле обратно, кажувајќи дека, гледано од Балканот, зад Карпатите е Киев. Вистината е спротивно од она што ни се кажуваше или ние погрешно сме сфатиле, или таквата грешка е намерно направена за да & се додвориме на Русија, Србија или некој друг. Тоа е повеќе политичка, отколку научна вистина. Научно не може да биде затоа што нема докази, а археологијата не трпи малверзации. Токму затоа, ниту една историја од балканските народи не ја земам предвид затоа што тоа се политички истории. Историјата, пред сe, е поткрепена со археологијата или истражувањата за јазикот, дури генетскиот и антрополошкиот фактор. Затоа таа теза треба да се исчисти, оти словенството е наша македонска работа и во своите корени словенството е македонството, вели Пандовски.
НАЈСТАРА ЕВРОПСКА НАЦИЈА
За да се биде нација, потребни се повеќе компоненти, територија, држава, јазик. Сите овие компоненти, како што вели Пандовски, Македонија некогаш ги имала, но ги изгубила. Како што истакнува авторот, Македонците се најстарата нација во Европа. Македонија е мајата на Европа и треба да се разгледува од повеќе аспекти. Според пишуваните документи, најраниот период за постоењето на државата Македонија се смета некаде во времето кога владеел царот Пердика, во почетокот на седмиот век пред Христа (707 - 465). Главниот град на царството на Пердика бил Арг, според кој и династијата била наречена аргејска. Јазикот на кој зборувале древните Македонци бил јазикот на големата група аријански народи, кои биле распространети на територијата меѓу планинскиот венец на Карпатите, водите на Црното Море, Јадранот и Белото Море на југ. Таа група на аријански народи и во поновите периоди била наречена словенска, тоа било време кога јазиците еволуирале и се диференцирале како во локална, така и подоцна во пишувана форма.
Македонија е во тој појас каде што се раѓа прачовекот и не случајно се избегнува да се говори за тоа. Во Македонија за прачовекот има најстар податок. Имено, во Солунско има една пештера во која е пронајден скелет на прачовекот, кој датира до петстотини илјади години наназад. Такви наоѓалишта има низ Македонија само треба да се истражат, истакнува Пандовски.
Извадок од весникот
"Македонско Сонце"
Марина Стаменкова
Го има на
www.makedonium.blog.com.mk