Не би можела да спијам до некој што рчи сум пробала и не можам:nesum: нешто да ми шушне па одма срипувам и ме буди, многу кревок сон имам.
Престани да хрчиш, неможам да спијам!
Од неодамна оваа болест, која неретко е причина за кавги и развод на сопружниците, се дијагностицира и во нашата земја на Клиниката за Пулмологија и алергологија
Болеста слип апнеа -популарно наречена хрчење, од неодамна се дијагностицира и во нашата земја на Клиниката за Пулмологија и алергологија. Се работи за прекин на дишењето додека човекот спие. Болеста може да се регистрира со тестирање преку специјален апарат наречен полисомнограф. Кај нас слип апнеа досега не се сметала за болест, иако се работи за сериозно заболување, бидејќи пациентите прекинуваат да дишат во интервал од 10 до 15 секунди или од 15 секунди до две минути, а недостатокот на кислород е причина да се иницираат и други заболувања. Овие проблеми во земјава се присутни кај околу пет отсто од популацијата. Ваквите лица не само што немаат мирен сон, туку и пречат и на околината. Кај некои сопружници хрчењето е сериозен проблем што доведува и до развод.
Статистиката покажала дека кај овие пациенти седум пати е почесто настанувањето на сообраќајни незгоди. Од овие причини професионалните возачи на автобуси и камиони во Германија задолжително подлежат на тестирање со полисомнографија и ако се утврди кај нив ова заболување, тие не добиват професионална дозвола. Ризикот да заспијат на волан е висок, а со тоа во опасност се ставени и патниците и другите учесници во сообраќајот.
Дел од стручниот тим на Клиниката за Пулмологија и алергологија што работи на дијагностицирањето на болеста е проф.д-р Дејан Докиќ.
Според д-р Докиќ, пациенти што го имаат овој проблем додека спијат не ни забележуваат дека престануваат да дишат.
-
Додека не дишат се јавува недостиг на кислород во мозокот. Вакви прекини до две минути може да има многу во текот на ноќта, дури и по стотина, за што организмот реагира со последици - вели д-р Докиќ. Тој појаснува дека кога пацинентите не дишат, паѓа концентрацијата на мозокот, при што се дава наредба до органите за дишење да почнат поинтензивно да работат и токму тогаш почнува хрчењето.
Доктор Докиќ вели дека овие појави се почести кај одредени ризик пациенти, каде причина е дебелината. Се случува да има хрчење и кај атлетските типови, дигачите на товар, пациенти кои имаат проблеми со хормоните и лачење на тироскин од штитната жлезда.
- Како човекот старее, оваа болест е се позачестена. Влијае и земањето на алкохол, пушењето и употребата на седативи, влијаат и генетските предиспозиции. Пациентите што хрчат можат да паднат во депресија, да бидат раздразливи, да предизвикуваат кавга, мажите може да имаат проблеми со ерективната функција.
Дел од нив чуствуваат хроничен замор, млитави се, троми, значи страдаат од аритмии, мозочен удар. Од мај до сега имаме регрутирано околу 50 пациенти, а минатата недела вакво заболување е констатирано и кај едно момче од 18 години - вели Докиќ.
Постапката за дијагностицирање на болеста е кратка. Пациентот треба да дојде навечер, да преспие во една посебна просторија, каде е поставен апаратот полисомнограф. Таму му се монтираат електроди на главата и се прави снимање, односно ЕЕГ електро-енцеофалограф. Во текот на спиењето му се мери парцијалниот притисок на кислородот, сатурацијата на крвта - колку има кислород во крвта, а се следи и работата на срцето со ЕКГ. Со апаратот се регистрира и јачината на хрчењето. Компјутерската снимка се обработува следниот ден, кога се читаат резултатите и на крајот се дава дијагноза.
- Терапијата се состои во тоа што пациентите треба да бидат поставени на одредени апарати кои се нарекуваат сипап. Лицето кога спие треба да има една маска на устата преку која прима воздух. За неколку вечери тие се веќе како нови луѓе, не чуствуваат замор,а квалитетот на живот им е сто отсто променет - објаснува д-р Докиќ.
Според д-р Докиќ, апаратот за лекување на хрчењето треба да се користи неколку години, како единственото решение за лекување на оваа болест. Апаратите во моментов пациентите сами го набавуваат, бидејќи се уште не е изрегулирано со Фондот за здравствено осигурување. Во други земји Фондот ги субвенционира пациентите.