Треба малку посмирено , порелаксирано. Запнаа сега сите на владата кај е ова кај е она, сакаме европа, сакаме нато, сакаме име, сакаме работа, сакаме пари од млекото, сакаме стечајците да се решат, сакаме атентатот на киро да се реши сакаме атентатот на борис да се реши...сакаме ама не даваме!
Има оваа влада уште 3 години мандат, ќе ги видиме што ќе решат, ќе поминат сега сите избори, европски гласања и прегласувања , па потоа би требало да почнат да работат. Ако си сработат значи заслужуваат уште мандати, ако не аут, се знае каде им е местото, ќе отвориме „алеа на паднатите предавнички влади и политичари“ со по едно седиште во сите соседни држави , па кој каде му е поубаво! Од сдс видовме арно не бива, имаа 3-4 шанси ништо досега, е па 5 шанса не постои, затоа и сдс нема да постои, вмро ако оди по нивните стапки исто ќе им се случи.