Диети и слабеење

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Кога на тема слабеење ќе слушнам јадење во ограничен рок, диети, гладување.... ми се стемнува, зошто тоа не е слабеење, тоа е измачување и уништување на организмот.

Мој совет ти е да почнеш да вежбаш фитнес, во исхраната внеси повеќе салати, а намали со благо/чипсови/брза храна, јади повеќе пати во денот, но во помала количина......... и ефектот ќе го видиш за месец два........, ем најадена, ем ослабена:)
 
Појма немаш, прво тоа постење воопшто не е здраво само ќе си го забави метаболизмот и на крај ем ќе гладува ќе се мачи ем нема да ја постигне саканата цел.

Мачење :icon_lol:, јас не ни помислувам еве сега нема да јадам а многу ми се јаде, рутина ми е едноставно не јадам. И метаболизмот е убрзан, затоа што гладтта што се чувствува не е глад за храна туку глад за шеќери, кога ќе се истроши шеќерот се преминува на трошење на резервите односно мастите салото. Па да видиш три месеци од 130 на 100 килограми како се симнува, ќе беше и повеќе ама имам нешто и мускул ставено и ако оди нагре килажата се тоа е мускул а не сало :icon_lol:.

И во ова Македонијава наша никој не умрел од глад, а од храна умираат секојдневно :icon_lol:.
 
Здраво, мило да сум дел од форумот. Од доста долго време имам проблем со килограмите. Пробав неколку диети но не постигнав резултат. Каже тие ми што да направам. Сподели своето искуство? благодарам

Остај ти филмови од типот јади снегулки, трчај 15 круга, прај стој на раце, стај тенџере на глава и дигај се на рачките.

Значи цела работа у психата нека ти биде дека треба да го убрзаш метаболизмот. Или на некој начин упростено, да го научиш мозокот дека нема потреба да складира.

Е сеа имаш неколку финти, на пример да јадеш повеќе пати во денот по малку, значи редовно без прескокнување оброци и без одложување. Со ова ти на мозокот му викаш, остај не се замарај има јадење у секое време, и го одложува складирањето.

Ама ова неможеш да го направиш за 2 дена, ова се прави за месец дена минимум. Битно од ова не постои полесно нешто, бидејќи телото не ти доживува стресни ситуации како кај диетите со нагла промена на исхраната и количината.

Инаку јас еден период бев во бавен метаболизам, но тоа ми се случи поради прерипнување на оброци или нивно временско одложување.
 
Јади со контрола, внеси максимум 1500 калори на ден, и ке приметуваш резултати брзо,имај самодисциплина- многу е едноставно.
 
Пази што јадеш и точно испланирај си ја исхраната. Трчање и само трчање килограмите ке си фатат патот и да нејќат.
 
Ќе одиш некаде да трчаш, но со тебе 2 блузи плус дуксерка за добро да се испотиш. Тоа ке го применуваш сега, нормално во лето премногу е тоа може и лошо да ти стане од премногу облека.

Плус навечер ке гледаш да јадеш исклучиво овошје и зеленчук.

Доручекот и ручекот ке си ги јадеш.

Јас така ослабев 10тина кг за месец дена.
 
1. Понизок внес на калории
2. Физичка активност
Ништо друго.
 
^+ многу вода, по можност повеќе од 2,5литри, + зелен чај.
Отстрани ги трите бели убијци (бело брашно, бел шеќер, солта + рафинирано сончогледово масло).
Јади почесто, по мали оброци.
По ручек, почекај минимум 2саати за да консумираш овошје.
Пред спиење само шака јаткасти плодови, никако овошје пред спиење.
 
Само физичка активност и гајле немаш :) ама не зумби, глупости. Патиките и на стаза, пливање, такви работи.
 
Да почниш физичка активност, а си бајаги бабачко повеќе ќе те демотивира отколку мотивира.
За ручек грав, за вечера леќа барем три пати неделно, другото варен компир и доста овошје, посебно јаболка (и тоа откако ќе стане кафена).
Килограмите се губат со клечење или клецкање, а тежина се задржува со вежбање
 
здрава исхрана, дневна активност доволно количество сон помалку стрес
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom