Ајде помош од поискусните за тежок случај како мене
Ситуацијата е следна - треба да ослабам 35-40 кила . Моменталана висина 1.75 м , моментална тежина 0.12 тона

А+ крвна група , најнормална крвна слика со малку поише маснотии , крвен притисок редовно покачен...
Имам 2-3 саати дневно за вежбање , пушев кутија дневно едно 5 год , ги откажав пред 2 месеци, веќе месец дена правам комбинација - базен (2-3 километри) + тешко потење на орбитрек во теретана (едно 50 мин отприлика ) но поради junk-food/кофеин/благо комбинации резултатите се бааѓи слаби .
Не користам никакви препарати , лекови , чаеви итн ...
Ми треба режим на исхрана што ќе ми даде енергија за вежбањето , кој нема да ме онесвестува од 09-17 на работа и ќе ги забрза резултатите од вежбањето, па доколку некој преживеал нешто слично секој совет е добредојден ...
Однапред фала !