Ако си активен премногу и имаш потреба од повеќе енергија,нема врска дали ќе ги земеш калориите од шеќер или од скроб.
Главен енергенс е глукозата,шеќерот и сите други сахариди,освен фруктоза се конвертираат во глукоза.
Резервен шеќер е гликоген,кој се складира во мускулите и има некаде од 200-500 грама.
Тој се троши при интензивни тренинзи и ако вежбаш интензивно,секако дека јаглехидратите ќе ти требаат заедно со протеините.
Најдобро е да следиш калории или да намалиш на порции.
Да зголемиш на зеленчук,протеини од бело месо(риба,пилешко,мисирка и некој други видови на не мрсни меса),урда (ниско маслена),јогурт и млеко.
Од додатоци во исхрана би зел мултивитамин и омега 3 за здравје и бидејќи доаѓа зима би се суплементирал со Витамин Д.
Да точно е дека здравата храна те заситува,но ако јадеш само здраво и бегаш од се што е не здраво ќе отидеш во оној синџир каде што не треба да идеш.
Моето мото е секогаш јади 80% здраво и 20 не здраво.
Калкулирај си ги дневите калориски потреби тука и купи си куњска вага.
Нема изговори,јас и со повреда вежбам и наоѓам начин.
Нема вежбање,не значи дека нема слабеење,но го забрзува процесот на топење масти со повеќе мускулна маса
--- надополнето: 5 ноември 2013 во 20:51 ---
http://www.atletiks.mk/vesti/ostanato/104-kalkulator-na-kalorii