E-mail клиент на мобилен телефон?

  • Креатор на темата Креатор на темата CAKAH
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 август 2006
Мислења
136
Поени од реакции
45
Кога купуваме нов мобилен телефон голем дел од нас внимаваме да добиеме некоја карактеристика повеќе,секако тука не ги сметаме основниот пакет на можности кој ги нуди секој просечен мобилен телефон.Секако подоцна не секој го искористува телефонот до максимум.Кај Симбијанците и Windows Mobile телефоните имаме гомила опции и ретки се оние кои до максимум ќе искористат таков вид на телефон (тоа е така зошто во последно време не важи референцата дека оние кои можат да си дозволат да купат некоја си Nokia N95,имаат доволно интелектуални ресурси да го искористат,се на крај сведува на најобични јавувања и по некоја СМС).
Значи да бидам јасен секоја чест на исклучоците.Е сега мене ме интересира нешто што за ова погоре би било втора лига.
Имам телефон од некоја средна класа SE W810i,голем дел од тоа што може да се искористи од ова парче веќе го средив.
Можеби некој веќе имал допир со ова,и ќе може да помогне да се среди и тоа.Е-маил клиент...да го има наведено во опции на многу телефони,ама колку од нас и вас го користиме ?

Чекам некое искуство...за Account Settings..Incoming Server...Outgoing Server...итн.

Благодарност за секој придонес кон темава.
:helou:
 
Истите подесувања кои ги користиш при сетирање на Outlook, или било кој друг мејл клиент на компјутер. Во Incoming и Outgoiong сервер ги ставаш smtp и pop серверот од твојот мејл.
 
Истите подесувања кои ги користиш при сетирање на Outlook, или било кој друг мејл клиент на компјутер. Во Incoming и Outgoiong сервер ги ставаш smtp и pop серверот од твојот мејл.

Тоа го имам средено од поодамна (се работи за акаунт на Мт Нет),ама сепак премногу е лесно и не функционира.
Би помогнале целосните подместувања на е-маил акаунтот,некој што веќе го користи ова,што му работи успешно и во моментов.
 
Јас си користам GmailJava апликација за мејл, иста е ко на ПЦ....
 
Тоа го имам средено од поодамна (се работи за акаунт на Мт Нет),ама сепак премногу е лесно и не функционира.
Би помогнале целосните подместувања на е-маил акаунтот,некој што веќе го користи ова,што му работи успешно и во моментов.
Друже, сегде е исто, на секој клиент.

smtp серверот, pop серверот, мејл акаунтот, јузер и пасворд.

Подесувањата се тие. Со години користам мејл клиент на мобилен, а сум сменил купче мобилни.

Викаш си го средил, а не функционира. Ај баш ме интересира, пиши ги подесувањата што имаш ставено во аутгоинг и инкаминг, мора да грешиш негде, ќе му го најдеме чарето.
 
Заради тоа што во username ми беше напишано *******@mt.net.mk :kesa:
Целосната адреса наместо username-от и затоа не функционираше.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom