Па....
arr[5] ти е табела со 5 полиња. Можиш визуелно да си ја замислиш вака:
Код:
индекс | 0 | 1 | 2 | 3 | 4 |
вред. | | | | | |
for циклусот е повторувачки циклус и го извршува кодот шо се наоѓа во него неколку пати.
Е сега твојот for циклус е
for (i = 0; i < 5; i++) и тоа значи дека во 1. повторување променливата i ја добива вредноста 0 ( делот i=0 ), во наредното повторување се зголемува за 1 ( делот i++ ) и ќе повторува се додека i не ја добие вредноста 4 ( делот i<5; значи повторува се додека i е помало од 5 ).
Е сега чекор по чекор:
1. Прво повторување : i=0
arr[0] = 0 + 2;
2. Второ повторување : i=1
arr[1] = 1 + 2;
3. Трето повторување : i=2
arr[2] = 2 + 2;
4. Четврто повторување : i=3
arr[3] = 3 + 2;
arr[2] = arr [3] + 3; ==> arr[2] = 5+3
5. Петто повторување : i = 4
arr[4] = 4 + 2;
arr[3] = arr [4] + 3; ==> arr[3] = 6+3
И на крај добиваш:
Код:
индекс | 0 | 1 | 2 | 3 | 4 |
вред. | 2 | 3 | 8 | 9 | 6 |
И на крај
ти ја испишва вредноста на полето со индекс 2:
8