Да бидам мудар/а или среќен/а?

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
Ке бидам малку офф-топик, се надевам не се лутите... Можиш да живееш само јадејки леб или само пиејки млеко?? (ни на едното се преживува ни на другото).

сега на темата: некаде би одбрал златна средина. И среќен и малку мудар... Ако веќе мора да изберам страна би избрал среќен.
 
Хмм и ја би избрала златна средина, но можеби повеќе ќе одам накај мудроста. :helou:
 
Убаво е да бидам среќна... кон тоа и сите целат нели?
Само ако треба да се правам глупава, да замижувам и да проаѓам преку некои работи кои ме повредуваат само за да ја зачувам среќата, јок не иде така.
Само ако јас си зборам вака... многу често знам да се направам глупава и да преоѓам преку работите кои ме тераат да плачам.
 
Секако, немам искуство ( скраја да е да одам со наркоман :pos: ), а и не е дека сум апла оптимист... едноставно нема да можам да го оставам и да го гледам како пропаѓа ако толку го многу го сакам, нема да имам срце да го направам тоа.
Би пробала да останам со него и покрај таа ситуација, зашто не мора да значи дека повеќе му значи едно апче од мене... сепак, на некои им е влезено под кожа и колку и да сакаат да се откажат- не можат.
А ако и покрај моите напори не оди и повеќе си наштетувам себеси од што му помагам на него... тогаш е јасно што би одбрала.

Прво, морам да кажам дека изгледа лошо што така се насмеа на поимот да бидеш со наркоман. Покрај тоа што изгледа како да исмејуваш такви луѓе, неможеш да си сигурна дека токму ти нема да го доживееш тоа. Далеку од тоа дека ми е намерата да те урочам, туку реално е така.
А тоа дека на наркоман немора да значи дека повеќе му значи апче или дрогата од партнерто, биди сигурна дека мора.
Така да, за да не бидеме ептен оф топик, да кажам уште еднаш - во една ваква трауматична врска, најмудро е да се избере сопствената среќа.:smir:
 
~*~

Повторно се сложувам со Дивајн на темава, дури и да те сака и да си му се на светот кога е луциден, останува фактот дека кога почнува кризата, екстазата е нажалост многу побитна. :(
 
Прво, морам да кажам дека изгледа лошо што така се насмеа на поимот да бидеш со наркоман. Покрај тоа што изгледа како да исмејуваш такви луѓе, неможеш да си сигурна дека токму ти нема да го доживееш тоа. Далеку од тоа дека ми е намерата да те урочам, туку реално е така.
А тоа дека на наркоман немора да значи дека повеќе му значи апче или дрогата од партнерто, биди сигурна дека мора.
Така да, за да не бидеме ептен оф топик, да кажам уште еднаш - во една ваква трауматична врска, најмудро е да се избере сопствената среќа.:smir:

Погрешно си ме разбрала, тоа во заградата воопшто не беше потсмев кон таквите особи, само пробав да се замислам во таква врска...:smir:
Емотивна личност сум и сочувствувам со проблемите на оние кои ми се поблиски, па најверојатно поради тоа сега мојот став е дека би останала со него... барем би пробала, зашто би била крајно несреќна доколку го напуштам и би чувствувала грижа на совест и покрај тоа што тоа едно апче му значи повеќе од мене( што повторно би напоменала дека зависноста што ја чувствува кон апчето не го прави повредно од мене ) .
 
Да се биде мудар во љубовта не значи дека ќе бидеш несреќен. Донесуваш одлуки кои ќе влијаат на понатамошниот тек на врската. Да го земеме примерот со неверството, изневерен си од личност која си ја идеализирала. Можеби ветувањето дека тоа нема да се повтори ја смирува ситуацијата во моментот. Среќна си, знаеш дека погрешил но никогаш нема да биде исто како што било дотогаш. Сомнежот кој се појавува го руши прекрасното чувство на сигурност. Љубовта кон таа личност полека станува измачување. Да се биде мудар во љубовта е навистина тешко затоа што никогаш нема да бидеме сигурни дали сме ја направиле вистинската работа. Размисли добро пред да превземеш било каков чекор.
 
~*~

Ако ја земиме предвид логиката дека среќата е состојба на умот,тогаш нели сме во исто време мудри и среќни?

Не секогаш!
Токму поради фактот дека среќата е само сотојба на умот, мудроста некако поверодностојно делува, иако не е.
Затоа премногу ретко одат овие две работи заедно, мудроста подлежи и на амбициите, тоа не треба да се заборави.:wink:
 
Pa ne mozam da ja stavam mudrosta pred srekjata. Dzabe mudrost koga ke se osekjas, t.e. nema da se osekjas nikako. Toa ti e istoto prasanje: razum ili srce? Ne e sekogas mudrosta najvaznoto nesto vo zivotot. Toa e moe mislenje.
Dali se raboti za neverstvo, ili bilo sto, sepak, prvo ke si ja baram srekjata...
 
Во овој период како сега пре би си ја избрал сопствената среќа отколку мудроста...доста беше мудрување само поради тоа да некој друг биде среќен и да не се почуствува запоставен...
 
~*~

Во овој период како сега пре би си ја избрал сопствената среќа отколку мудроста...доста беше мудрување само поради тоа да некој друг биде среќен и да не се почуствува запоставен...

Една од работите која вие мажите никогаш нема да ја сватите.:retard:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom