D-SLR опрема (купи/продај)

  • Креатор на темата Креатор на темата DzULA
  • Време на започнување Време на започнување
Доколку можеш да најдеш некој да ти позајми за време на курсот би било ТоБ. Ќе ѕирнам што има на Пазар3 па ќе ти пишам ако има нешто интересно.

--- надополнето ---

Аааа аздисуваат овие нашиве со цени :)))
Или продаваат скапо, или продаваат комплети со се блиц со се и сешто :))

Еве неколку предлози:
Fotoaparat Canon eos 20d + speedlight 550 + mnogu aksesoari
Canon EOS Rebel T1i so ultrasonic 28 - 80mm objektiv
NIKON D60 18/55 VR
 
Rebelot ме бендиса ама 400 евра и баш не ми се даваат....за на курс кој ке трае 2 години....ајде ке му се ценкам до 250 ако не ништо.....:pos2:
фала:helou:
 
Препорачајте евтин DSLR фотоапарат за сликање на повеќе Macro фотографии и сликање портрети, Depth-of-field слики и сл.
некој поевтин од Никон? Пошо имам веќе дигитален од нив и најбољи е :). Фала однапред
 
Земи ценовник и гледај што е најефтино и тоа купувај :) За тоа не ти треба совет, само малку логика :)

И батали макро, сликај курви, хихихих
И купи си некој Сигма објектив
 
Кој било ДСЛР апарат ке ти заврши работа, само потребен ти е посебен макро објектив за апаратот. Но 100мм ф2.8 макро се движи околу 400-600Е во зависност од производителот. Така да без 1000 евра не поминуваш.
 
Препорачајте евтин DSLR фотоапарат за сликање на повеќе Macro фотографии и сликање портрети, Depth-of-field слики и сл.
некој поевтин од Никон? Пошо имам веќе дигитален од нив и најбољи е :). Фала однапред

Добар објектив ќе те служи со децении кај нив нема мода. Телото ќе го смениш али добро стакло ќе си го чуваш. Најчесто самите сензори не се дораснати на квалитетната оптика на добрите објективи.
Ќе преминам преку богохулењето дека Никон е најдобар, за тоа господ ќе ти суди еден ден, али да кажеше до која сума ти е “ефтин“
За некој е ефтино 300 евра за некој 1000
 
Добар објектив ќе те служи со децении кај нив нема мода. Телото ќе го смениш али добро стакло ќе си го чуваш. Најчесто самите сензори не се дораснати на квалитетната оптика на добрите објективи.
Ќе преминам преку богохулењето дека Никон е најдобар, за тоа господ ќе ти суди еден ден, али да кажеше до која сума ти е “ефтин“
За некој е ефтино 300 евра за некој 1000

Не циљам на тоа дека никон е најдобар, најдобар е за мене, бидејќи имам пробувано Canon, Sony, Prakica :S, али не идеше со нив некако. Едноставно ми се допаѓаат неговите функции и опции кои ги поседува. Enough of that...

Искрено, во ситуацијава во која што се наоѓаме денес, не ми е срам да кажам дека сум на многу тесен буџет. За мене е скапо и 300 евра верувај :).
Инаку, јас побарав да ми препорачате, а за евтино или од каде да го купам ќе се снајдам за тоа. ;)
 
Е вака сеа. Никон поинт енд шут (нагалено наречена класа „идиотче“) и Никон СЛР имаат малку допирни точки.

Е сеа во врска со тоа од каде, предност им давам на Pix+ затоа што се пофер кон муштериите од Генел кои знаат да бидат идиоти и да ти фали пола од дополнителната опрема која по правило би требало да ја добиеш кога купуваш апарат.
Доколку можеш на рати, ти го препорачувам Pix+. Во спротивно барај на Пазар3 ако начекаш нешто поволно.

За 33.000 денари имаш Nikon D3000 Kit 18-105mm VR. Телото е едно од најлошите што ги има произведено Никон, ама објективот ќе ти биде таман :)
 
За мене е скапо и 300 евра верувај :).
Инаку, јас побарав да ми препорачате, а за евтино или од каде да го купам ќе се снајдам за тоа. ;)

тоа е премалку па и за половна опрема.
Најосновно би било (за портрети) Канонов 50мм 1,8 (одличен портретен објектив од само 100-110 евра нов) и за 200 да најдеш половен Канон (20д ако можеш) Али за макро .... ќе ти треба друг објектив.
 
Canon 350d половен и Sigma 50mm f2.8 makro испаѓа како најевтина варијанта.
 
Со таква сигма работам ,добра е само шо има мана на бавно фокусирање и слабо снаоѓање во темен амбијент а и бучен мотор има, инаку е оптички доста добар.
Мислам дека е скап објектив, тој оди мислам нов над 300 евра
 
Колку чини канон еос 1000 на старо зачуван или никон д3000 :) ?
 
Па со оглед на тоа дека 1000Д во Македонија го има година и пол а Д3000 и помалку, тешко дека некој ќе ти ги спушти под 22-23 илјади, што значи повеќе ти се исплаќа нов да купиш отколку стар.
Подобро да размислиш за 30D или D80 кои можеш да ги најдеш за 15-20 илјади и се многу поквалитетни апарати (не е се во пикселите).
 
Фала на совет Тончие,суштината е што се заитересирав во фотографија и ми треба некој апарат а не дека имам којзнае колку пари xD на пример дали вреди и панасоник дмц фз18 ? и за тој некако сум заинтересиран ... фала на помош :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom