Дечки, по втор пат, човекот не украл 5 милијарди!! Сумата е само последица на лоши берзански услови во моментот кога откриле дека во книгите има нешто сомнително.
Типот не знам што точно правел, ќе кажат подоцна ваљда, претпоставувам дека се обидувал да дрпне нешто ситна пара за себе, со тоа што ќе тргува со парите на банката, а не со сопствени пари. Имал да располагање одреден фонд кој требало да го инвестира во многу едноставни, како што ги кажаа "plain vanilla" фјучерси. Во одделот trading desk работел само две години, а претходните три бил во back-office каде имал прилика да ги научи сите процедури на контрола и пресметки на ризикот кои банката ги има имплементирано. На тој начин знаел како да си ја прикрие трагата интерно во самата банка.
Но!!! Кутриот не се разбирал толку многу од берзи и инвестирање, па затоа и му се случила ваква глупост. Прво, тргувал на најшпекулативниот пазар, оној со деривативи. Таму во секунда можеш да добиеш многу, ама и да изгубиш многу, а од таа причина и чивијата влегува многу брзо, а богами и многу длабоко.


Втора грешка, колку што можев да прочитам од тоа малку што го кажуваат, направил heavy exposure на S&P 500, што ќе рече ги ставил сите јајца во иста кошница.
Кога банката го открила ова прошлиот викенд, одлучила да молчи, да не дига паника и да си ја покрие позицијата во што е можно покус рок. Почнала масовно да продава во понеделникот, со што направила голем притисок на фјучерс пазарите, па од таа причина и се случи масовното паѓање на светските берзи. Фактор плус во целиот крах било и тоа што американските берзи без затворени тој ден (понеделник) и сите биле во паника што ќе се случи во вторник кога Њу Јорк ќе отвори. Логиката била..... дај да продадеме што можеме побрзо, бидејќи со сите вести на голема рецесија во Америка и вакво масовно продавање на фјучерси (од страна на SG) којзнае што ќе се случи наредниот ден. Ако загубата е 5 милијарди, може само да се претпостави колкав всушност бил прометот што требале да го направат и тие и сите останати, а со тоа и големината на притисокот на берзите.
Е сега... Њу Јорк во вторникот отвори со добри вести, федералците ги намалија каматите за цели 0,75%, што малку од малку го ослободи "притисокот од експрес лонецот" што беше набилдан во понеделникот.
И пак да кажам, сумата на 5 милијарди загуба е најмногу поради тој хаос и паника која SG го предизвикала од нивниот обид за quick fix на ситуацијата. Можеби подобро ќе поминеле ако постепено покривале, а не се' одеднаш, којзнае...
Ова е типичен пример како некое мало човече во Париз, може да го раздрма целиот финансиски свет. Како беше онаа со пеперутката, крилцата и хаосот??

strava momci tie bankerite.Jas bi im plakjal nedelno maserka,tim bilding i psihijatar...
pak poeftino od toa ednas u 10 god. na nekoj da mu se otkaci nekoja sajla u glavata i da poebe ama bas se.
На сите нив им се пружаат не само масерки и прихијатри, туку и невидени други gadgets, само не е тоа решение за жичките да не' им прегорат, бидејќи притисокот е голем. Брокерите што работат на trading floor (market makers) имаат висока стапка на инфаркт на 30-40 години поради стресот на кој се изложени. Да се запраша човек дали се исплати ризикот, нели?
