Наредна верзија на Windows: 7

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
P

Princ

Гостин
Мајкрософт планира наредната верзија на Windows оперативниот систем, познат буквално како верзија "7", за околу три години да биде пуштена во продажба.
Ова вест беше објавена на конференција на компанијата во Петок.

Иако беа објавени малку детали, наредната верзија на Windows оперативниот систем ќе биде еден од обидите за Мајкрософт да постави по предвидлив распоред на објавување на нови верзии на оперативниот систем.

Како и Виста, 7 ќе биде понуден во корисничка и бизнис верзија, и во 32 битна и 64 битна верзија.
Нареден чекор во агендата на Мајкрософт е Service Pack 1 за Windows Vista кој се очекува да биде објавен во четвртиот квартал од оваа година.
 
Јас пак како што прочитав, веќе уште сега турбо се работи на него за да биде спремен за претставување уште при крајот на 2009та, се` заради дебаклот* со Виста.


* неочекувано лошата продажба и големиот број багови
 
Значи Вистата од денеска официјално пропадна а? Good old XP!
 
Овердрајв, се пазари на тие години, 2009/10. Не се знае точно сеуште.

Sepiroth, наводно мајкрософт решил да не "части" со почесто издавање на нови верзии на овој оперативен систем. Божем тоа им било по некоја намера :)
 
Кој ги ебе Мајкрософт, барем седмицава да ја напраат ко шо треба, многу ме радува она модуларниот кернел, ке биде фешти! Исто така и графичкиот интерфејс не е врзан за кернелот ко што читав, што значи ако не ти е по кеф и цица многу рам, правац у рисајкл бин иде!
 
И како сите што издаваат сериски изданија ќе почнат намерно да прават багови само за после да избацат новото издание во кое се средени.
Пример :
Кога Pro Evolution Soccer од бројки прејде у години изданијата.
Споредете си Pes 5 и Pes 2008 и исто како да споредувате XP и 7
 
Windows 7

Вашингтон, 10 април (МИА) - Американскиот софтверски гигант „Мајкрософт“ развива нова верзија на својот оперативен систем „Виндоуз“ - „Виндоуз 7“.
„Мајкрософт“ за новата верзија објави многу малку детали, но чекорите што таа компанија ги презема од излегувањето на верзијата „Виста“ претставуваат добри индикатори за она што се подготвува во светот на „Виндоуз“.
„Виндоуз 7“ би требало да биде модуларен систем чиј дел од функциите, како што се имејл, снимање фотографии и алатки за видео снимање, веројатно ќе им бидат понудени на корисниците како услуги што можат да се преземаат преку интерент.
„Мајкрософт“ планира комерцијализација на новата верзија на „Виндоуз“ 2009 и 2010 година.
http://youtube.com/watch?v=DSPV_HLwITk
http://youtube.com/watch?v=7oB6vO8X0pk&feature=related
 
Има веќе тема за 7мицата.
 
Мислам дека идат на политика,како што правеа претходно.Значи никој не се стаи на хп додека не излезе негова понова верзија.Значи,исто беше и со вистава,сите ја пробаа,и си се вратија на хп.Е сеа,овие шо се на хп,коа ке излезе новиов,ке се префрлат на него,и додека чекаат апдејти за него,ке си се стаат на вистата,и ете ти,вистата цути.
 
Vista = Win2000. Никој нема да се врати на Виста, скокот ке биде ХР => Seven
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom