Гледање на кафе

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.243
Поени од реакции
962
Локација
Скопје
Гледање на кафе. Добар муабет, или хоби?
Верувате ли во ова т.н. гатање со помош на кафе?
Ви погодиле ли нешто до сега?
Ако знаете да гледате, споделете со нас нешто од вашето знаење. Ако не, слободно произлезете со вашите размислувања на оваа тема.

едитирано од модератор:мала измена на воведот
 
Порано додека пиев кафе, од навика секогаш со другарките ги превртувавме филџаните, и фактички ми гледаше личност која мине со мене 24 часа на ден.
Никогаш не сум била кај некоја "гледачка" на кафе и нема теоретски шанси да отидам некогаш. Не сум гледала на кафе, а кога мене ми гледале не знам дали ми погодиле затоа што тоа што ми го кажувале, ми влегува преку едно, а ми излегува преку другото уво...
Денгубење дефинитивно...
 
Имам гледано на кафе до сега многу пати ама за забава а не да решавам нечии судбини. Горе-долу знам што значат фигурите и секогаш го кажувам тоа што го гледам и никогаш не измислувам. Ако нема фигури во филџанот, нема и готово(најчесто ако се штеди на кафе, не излегуваат фигури поради малата концентрација на талог:)). И интересно е тоа што некогаш имам погодувано(чиста случајност според мене). Најчесто ако некоја девојка сака да и гледам и велам дека ако и гледам после може да се заљуби во мене или да ја фатам. И стално прифаќаат:)
 
Па има стварно луѓе што можат да гледаат на кфе, ко на пример баба ми и често има погодувано. На кафе сакам да ми гледаат и сметам дека е нешто стварно интересно.
 
Имаш воз....или ке патуваш или ке те прегази....поверојатно е второво...
 
Не верувам во гледањево, иако некогаш се погодува нешто, сосем случајно....а многу се нервирам кога некој ме тера да гледам и уште ме убедува дека се погаѓам, а ја си знам како сум научила да гледам и кои глупости ги лупам.....ама кој знае, може Ванѓа ми е роднина:pos2:
 
Абе јас еднаш на зафрканција и реков да една другарка: “Дај да видам што фигури ти има во кафето?“ и оваа сфати за сериозно и сега секој пат штом види нешто да ја асоцира на кафе, одма да сум и гледал :) Башка јас си имам мој критериум кој не се совпаѓа со ничиј :) Епа извини сега, сакаш да ти гледам :)

Инаку читав дека гледањето на кафе било ептен сериозен процес, траел повеќе од 1 час, анализа комплет на сите фигури и тоа како се поврзани :)
 
Во помлади години :) , на секое пиење кафе со другарките си гледавме. Се исто си кажувавме, се знаевме една за друга и се погодувавме :). Со текот на време стана досадно и банално, па прекинав.
А од други што не ме знаат, а ми гледале, само еден ми има погодено. :helou:
 
А од други што не ме знаат, а ми гледале, само еден ми има погодено. :helou:

Мене таа истата гореспомената другарка ми кажа дека некој комшија и гледал, човеков стварно се сконцентрирал и се и погодил и оваа уште фалела да се пресели кај него за цело време да и гледа.

Имам слушано дека тие што гледале на кафе, им се случувале лоши работи и поради тоа со тек на време се откажувале од активноста :)
 
Не пијам кафе ... Гледа некој на чај ?
Не е проблем бе, само ќесичката од чајот ќе ја скинеме и ќе го истуриме внатре чајот. Е сега и една цедалка ќе ти треба!
 
Мене таа истата гореспомената другарка ми кажа дека некој комшија и гледал, човеков стварно се сконцентрирал и се и погодил и оваа уште фалела да се пресели кај него за цело време да и гледа.

Имам слушано дека тие што гледале на кафе, им се случувале лоши работи и поради тоа со тек на време се откажувале од активноста :)
Аии, ја не сум до тој стадиум на преселување :)
Инаку ретко ми доаѓа желба да ми гледа некој на кафе, веројатно се си знам за мене :; А и не одам нигде специјално за гледање, туку ако во друштво веќе некој гледа, ок зашто да не. :toe:
 
A некој да знае како се гата на грав? Гледав еднаш една гатачка на Свет, го фрла гравот и веројатно гледа дали се прават некакви фигури :)
 
Бидифит пробај со среден,арни желби се исполнувале хехехехе.
Инаку не верувам у ова,глупости...ко помали ај сме се лажеле,сеа не памтам од коа не се има десено тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom