Себеси се барав, тебе те бранев...

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Не би се сменил! Можеби некој мали минимални промени да! Но јас сеуште би бил таа личност! Али ако е некоја ситница, на пример и смета што пијам многу, па ќе намалам малце...сваќате де :)
 
Мислам дека има нешто слично :toe: не сум се сменил сакам личноста што ме сака да ме сака каков што сум...нај природно...ниту пак јас сакам некоја да се смени заради мене
 
Не сум се нашла во таква ситуација, но врската бара прилагодување и некогаш попуштање или отстапување од критериумите што сме ги имале.
Човек не може да се смени целосно, до некоја точка може но не 100%.
Јас сум во 2 годишна врска, сум она што сум воглавно, но не секогаш.
Ама тоа не ме гуши, не ми ствара нервози или потреба да ја прекинам врската.
Самите ги проценуваме луѓето какви се, па според тоа ќе треба сами да процениме дали партнерот вреди толку, за ние да смениме нешто кај нас.
Некогаш сум се поставила на второ место, сум ја тргнала настрана гордоста, сум попуштила во ситуација кога не би требало да попуштам. Ама на крај се исплатило.
Не може секогаш еден во врската да ги вложува сите напори, а другиот само да диктира. Тоа веќе не е врска, барем не е според мене.
Сум ги ставила моите проблеми на страна, за да ги сослушам неговите, за да му помогнам или ако не можам да му помогнам да бидам барем покрај него.
И ете сега сфатив, дека сето тоа што сум го направила и вложила во врската, не било залудно. Гледам дека имам човек покрај мене што ги цени работите што ги правам за него, а не ми ги вади низ нос работите што тој ги има направено за мене.
Сепак врската бара компромис, а ние веќе го имаме тој компромис и е супер.
 
Зошто во последниве 18 години старост мислев дека поентата на врската со некој е да бидеш вљубен во него, или, еве да бидеме пореални, бар да ти се допаѓа (освен ако не си спонзоруша) и дека по автоматизам го прифаќаш партнерот таков каков што е?
Веројатно имам премалку искуство јас со љубовната проблематика.:vozbud:

Значи, има огромна разлика од тоа да се прилагодиш и да има компромиси од двајцата во врската и крајно, нормално е да се смените, меѓусебните влијанија се неопходни и пред се многу важни за да дојде до меѓусебно созревање.Но, да се претвориш во нечија креатура од восок, тоа не е врска, туку е сугестивно уништување.
 
ЧОВЕКОТ НЕ СЕ МЕНУВА
САМО ГИ ПОКАЖУВА ДОБРИТЕ ИЛИ ЛОШИТЕ ОСОБИНИ
 
ја сепак мислам дека тоа е прилагодување а не менување барем според мене ,затоа што секој разумен човек кој сака да му опстане врската се стреми кон ова.
 
Дали ви се случило, да се смените..

Искрено животов е педерска работа, во моменти имаш се ама баш буквално се среќен си радосен си САКАН си сакаш, ти иде на работа топ дома со фамилија другари смеа а има моментите кога едноставно не ти иде ама баш буквално со ништо, тапа " what went wrong ". Е зашто е тоа така не знам барам одговор барам и не можам да го најдам. Се чуствувам гневен ми доага да излезам од кожава се чуствувам глуп изигран, некој си игра со мене како со мало дете...
Да да ја сакам признавам ама просто ме боли што се беше толку ебано добро со нејзе што наоѓам причина да кажам дека имаме шанси...Не згрешив во ништо едноставно се одалечуваме а не постои никаква причина...не знаев дека ебан телефонски повик во 2 30 за време на валентајн од тотално непозната девојка може да промени се ама баш буквално се...колку сум гневен уууу...
Прв во животов тргнав искрено кон нешто што се вика врска да се препуштам на една девојка да и верувам да МИ ВЕРУВА да ја сакам да ме сака, ДОВЕРБА...Колку тешко се стекнува колку лесно се губи...
Ми се прави филм како некој да ни ги влече конците одозгора буквално како да сме ние кукличките и некој одозгора ја има комлетната контрола на нас. Сакам да престане да ме влече сакам да фрлам со камем да го удран ама не можам премногу е голем не може каменот да стигне до него, едноставно сакам да се тргнам од конциве кои не ми даваат да се мрднам се гушам...Ќе соберам сила ќе соберам ќе се борам против Големиот човек нема да се откажам, сакам да си го вратам она што го имав...колку ја сакам леле колку ја сакам...Се плашам, дека ќе немам сила против големиот човек, премногу е голем, ќе ми треба помош од нејзе не знам ни дали она ќе има сила...Ама сигурен сум дека ако се бориме заедно дека ќе успееме да го победиме да ги тргнеме конциве кои не спречуваат да го продолжиме патот по кој што чекоревме безбедно, сигурно...Се плашам дека времево ќе не убие мора што поскоро да ја започнеме војната...Се надевам дека ќе дојде...
 
Ми се има случено,не сум се препознал но тоа сум го правел од проста причина што не сум сакал да навлегувам во конфликт и сум попуштал,се помек и помек станувам само да е се ок правиме компромис сепак
 
Ако доаѓа веќе до промени, најчесто тие се спонтани и се забележуваат јасно, дури кога се во поодмината фаза. Затоа, мислам дека не можеме секогаш превентивно да реагираме. А и не е толку страшно, ако реагираме на време. Треба да се избере соодветна постапка откако ќе сфатиме што ни се случува. Во тој момент треба или моментално враќање во нашата првобитна нормала или раскинување на врската. Не е во ред еден од партнерите да се чувствува потиснат, на второ место, загушен итн. Тоа и во случај да има некаква љубов, не може добро да функционира или заврши.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom