Ти, партнерот/ката и другар/ка

  • Креатор на темата Креатор на темата Тамарче
  • Време на започнување Време на започнување
Еднаш ми се случи да морам да излезам со другарка ми и со дечко и’ само за да мислеле нејзините дека е со мене... и се чувствував најглупо на свет... од тогаш реков нема шанси уште еднаш да излезам така.
А јас или пак тој да влечкаме другар(к)и не ми се десило, ко ќе сакаме да си излезиме си излегвиме и никој не мора да знае, ако сакаме друштво ќе ги викниме со нас и готово. Нема потреба да влечкаме некој, кога и самите знаеме дека сакаме да сме сами. Инаку ни муабет асолно мојш да напрајш ни ништо. :toe:
Во врска со излегувањето со другарка ни тука сум немала проблем. Ко ќе сакам си излегувам со другарка ми и тој однапред си го знае тоа, нема потреба да го носам со мене или уште полошо да дојде кај шо сум. :nenene:
 
Ама како ќе изреагираш ако другар му на дечко ти нон стоп иди со вас и не мисли никако да се тргни..То ме интересира.
 
Ама како ќе изреагираш ако другар му на дечко ти нон стоп иди со вас и не мисли никако да се тргни..То ме интересира.
Прашањево на мене се однесува така?
Епа вака... ако еднаш, 2 пати па и 5 пати да дојде нема да реагирам, ама ако секое излегување тој е со нас, а на дечко ми не му текнува или не му е згодно да му речи јас ќе му речам. Или на дечко ми или на другар му. На шала, на озбилно ќе му речам. Или пак намерно ќе го гушкам дечко ми цело време за да сфати дека е малку вишок. Не можи тој секое излегување да ни’ свети. Никој не е должен да го трпи ако немал женска или ако нема со кого да излезе.
Кога јас би се нашла во таква ситуација да немам дечко или друштво за излегување па не излегвам, поубо ќе си седам дома отколку да сум таму кај шо не ми е местото. :devojce:
 
Ама како ќе изреагираш ако другар му на дечко ти нон стоп иди со вас и не мисли никако да се тргни..То ме интересира.

Ееееееејјј,абе дури сеа ми текна дека се имам најдено во ова ситуација.
Само шо мене не ми сметаше да е така, пошто го неќев ич то батето и ми одговараше да иди другар му со нас цело време, секако со него поќе ми одеше муабето. :pos2:

Паше, ти тука не можиш ништо.
Парнерот ти е тој шо треба да превземи нешто, а ти само можиш да му нагласиш дека не е во ред и дека не можиш поќе да толерираш.

Ќе речиш: -Можи некогаш и сами да излезиме? Оти јас мислев дека ти си ми дечко,не мислев дека и тој ми е.


p.s Туку,нема проблем штом сакаш толку тројка. :pos: :pos:
 
А уште полошо, да тргнете на планираниот романтичен одмор за двајца, а он по пут да го собере и другар му сосе таблата?
Епа или сака да го легне другар му или не си му интересна ебаго...кај ги наоѓате вакви бе?
 
кога излегувам со мојор дечко излегувам за да бидам со него,а не за некој др да ми изиграва светилка...некам такви ситуации иако покето сметаат дека е ок.ок е еднаш до два пати,а не секое излегување..едноствно би ми пречела трета особа...
 
Ми се нема баш такво нешто случено. Освен со првиот дечко, ама и тоа беше малце поинаква ситуација, не е слична на оваа.

Не знам што да кажам. Еднаш ќе преќутам, втор пат, трет пат, четвртиот пат кога ќе се договарам изрично ќе кажам дека сакам САМИ да излеземе, ама на фин, дипломатски начин, дури и да помисли дека тоа било негова идеја.:pipi:
Ако и тоа не профункционира, тогаш веќе мислам дека ќе бидам и малце подрска. Нека излезе со другарите ок, ама кога излагаме јас и он, да бидеме јас и он.
 
Вакво „влечкање“ на трета личност(без разлика дали е другар/ка на партнерот или твој/а другар/ка) е недостиг на комуникација!
Без навреди, ама мене ми е неприфатливо да дозволам некоја ситуација што ме иритира да се повторува и да не му спомнам ништо на дечко ми,а не праам муабет за другарките(на нив ако не можам да им кажам нешо, на кој?)...
Mandy напиша:
Иначе коа станува збор за темава..у принцип не ми сметаат ни другарите негови, ни моите другарки. Макар било тоа само еден/а затоа што немала што да прави,колку и да е тоа често..напротив поинтересно ми е кога сме повеќе...а што се однесува до излагање сами, се договараме и излагаме...знаеме и двајцата што значи сами.
Муабет на место! Илјада зелени ќе ти дадев доколку имав таква можност.

Да си го прашам истово:
...кај ги наоѓате вакви бе?


Никој по никого не се влечка ако не му е дадено повод за тоа.
Ако ме викне другарка ми да излезам со нејзе и со дечко и` на кафе, ќе излезам. Зошто да не? Ама со тоа ќе знам дека јас нема да им пречам, ќе се дружиме, ќе си поминеме одлично, само затоа што претходно сме расчистиле за тоа дека е се` во ред ако се викнеме една со друга. Ниту јас ќе им светам, ниту тие ќе направат јас да се почувствувам непријатно.
Устата не ни е само за бацување. Треба некогаш да се искористи за разговор.

Секој има уста да каже дека сака да биде насамо со партнерот. Знам дека ниедна другарка нема да ми се налути ако и` речам дека сакам да сум малку насамо со дечкото. А ако партнерот нема здраво ниво на комуникација со другарите, сигурно нема да има и со мене.
До сега не сум била во ситуација да имам вакви нервози. Немало ни да дојде до степен на нервоза, сигурно ќе сум решела уште веднаш што ми пречи, уште од моментот кога ќе почувствувам такво нешто.

Само заради страв од кавга се премолчуваат работите и се чека на случајност. А самото тоа носи натрупување на приблеми и нервози кои еден ден ќе ви се акнат од глава. Само вие молчете си и чекајте да ви ги прочита партнерот мислите и да реагира соодветно на нив. А што ако тој си мисли дека е во ред што го вика другарот и дека вие немате никаков проблем со тоа штом секогаш си премолчувате? И ќе му текне на куково лето:vozbud:
 
А што ако тој си мисли дека е во ред што го вика другарот и дека вие немате никаков проблем со тоа штом секогаш си премолчувате? И ќе му текне на куково лето:vozbud:

Има ситуации во кој партнерот му вика на другарот дај олабави ме малце,еј ај остај не сами,ти мислиш да си заминеш и слично.Но има толку неразвиени мозоци на планетава,или изопачени што буквално ништо не сваќаат или сваќаат баш како што ним им одговара.Значи сум имала случај каде буквално одев со двајцата,едниот за едната рака другиот за другата.Толку ми одеше на живци што буквално се дерев на партнерот,он на другар му,потоа јас на другар му.Лепак,жив лепак и мислеше дека така е нормално.Уште во кревет да ми лежеше,иако имаше навика да тропка гребе по вратата.

Но во врска со темава има и една друга ситуација.Другарката си фаќа дечко и веќе никој не постои за неа,ја нема меѓу живите.Доаѓа време да раскинат и првата дестинација сум јас.Сака да ја сослушам и да ја дружам.Нема бе злато,ти веќе не постоиш за мене иди дружи се со бившиот,што сум ти јас,каде беше досега.

Наравоучение:Имајте осет и немојте да ги избегавате другарите зошто тие се најскапоценото нешто што ќе останат засекогаш.И не молчете,имате уста користете ја.
 
Има ситуации во кој партнерот му вика на другарот дај олабави ме малце,еј ај остај не сами,ти мислиш да си заминеш и слично.Но има толку неразвиени мозоци на планетава,или изопачени што буквално ништо не сваќаат или сваќаат баш како што ним им одговара.Значи сум имала случај каде буквално одев со двајцата,едниот за едната рака другиот за другата.Толку ми одеше на живци што буквално се дерев на партнерот,он на другар му,потоа јас на другар му.Лепак,жив лепак и мислеше дека така е нормално.Уште во кревет да ми лежеше,иако имаше навика да тропка гребе по вратата.

Но во врска со темава има и една друга ситуација.Другарката си фаќа дечко и веќе никој не постои за неа,ја нема меѓу живите.Доаѓа време да раскинат и првата дестинација сум јас.Сака да ја сослушам и да ја дружам.Нема бе злато,ти веќе не постоиш за мене иди дружи се со бившиот,што сум ти јас,каде беше досега.

Наравоучение:Имајте осет и немојте да ги избегавате другарите зошто тие се најскапоценото нешто што ќе останат засекогаш.И не молчете,имате уста користете ја.

Господ да ти дава живот и здравје, љубов и мир во душичката, да те чува од лошо и од лоши мисли. :) Да го препишувам постов од leandra
треба?
 
Не знам колкумина го имате гледано филмот „Јас, ти и Дупри“, слична е ситуацијата и темата.

Ви се има случено партнерот/ката ваш кога излегувате нон стоп да влечка некој другар/ка и вие никако да не можите да бидите сами?

Или пак, седите вие на кафе или шо знам каде, и се јавува другар/ка и вика: „Еј немам шо да прам ај ќе дојдам“, ама ова нон стоп да се случва и никако вие двајца да бидите некогаш сами, баш заради тој/таа другарот/другарката.

Што би превземиле? Дали би му рекле на партнерот да му речи нешто на другар му или ќе чекате сам да се свести, и ништо нема да речите ради то шо му е најверен/на другар/ка.

Јор опинион?


Јас да сум во таква ситуација, нема да чекам ни на партнерот да му текни ниту пак на другар му да му текни.
Дирек, ќе одам ќе му речам на другар му дали има осет дека ние двата треба малце да бидиме сами.
Мислам дека не треба никој да чека и да види дали ќе му текни на партнерот, таква работа не се премолчува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom