Се сруши хеликоптер на АРМ близу скопското село Блаце

  • Креатор на темата Креатор на темата Vartolu
  • Време на започнување Време на започнување
Bash taka, dzabe. Socustvo za semejstvata, drugo shto i da kazhesh kje e bezpotrebno.
 
Дефинитивно многу лошо ни почна годината прво еден загинат припадник сега 11 послем собрајкајка и 4 повредени во собрајкајка со полицијата и не знам што можи полошо да се случи
 
I da e pukano vrz nego ili nekoj namerno naprvail nesto nema da se kazi, a se prashale nekoj za sto dadele zivot, sto barale vo Bosna zaradi nato standardi. Stvarno tragedija.

vecna mu slava i neka pocivat vo mir.
 
Аман! Ќе престанат трагедиите во Македонија!!?
Ко да сме проколнати.
Сочувство за семејствата, нека почиваат во мир.

Ептен неубав почеток на годината.
Одма пак се зави Македонијава во солзи. :(
 
Нека им е лесна земјата на 11 македонски синови..нека почиваат во мир ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!
 
Или е од учките наши, да го имаат гранатирано, или е од Босна . Нема шанси да е некоја грешка на пилотот. Босна-ми смрди земјаа бе
 
чекај бе па и ти не се знае може грешка на пилотот да е одма помислувате на браќата, а ако се они криви :zlo::zlo:

Се води дилема дали експлодирал во воздух или пак прво се удрил па после паднал...
 
Жалосно .... нека почиваат во мир

Хеликоптер Ми-17 денеска околу пладне се урна во селото Блаце, кај Катланово. Во несреќата нема преживеани. Во хеликоптерот најверојатно имало 11 луѓе.
Тој се урна на само 50-ина метри од последната куќа во селото. Жителите кога ја слушнале експлозијата, веднаш дошле на помош до местото.
„Како хеликоптер, ама не работеше добро и одеднаш се слушна експлозија, се здрма куќата, излеговме сите, истрчавме горе, имаше огромен пламен. Еден човек имаше исфрлено надвор. Почна да пука, дали беше керозинот, дали куршуми, никој не знае што имаше внатре. Ние се тргнавме на страна, не можеше ништо“, вели жител на Катлановско Блаце.
„Пламен се гледаше, човекот гореше. После имаше доста експлозии, се тргнавме на страна. Тргнаа луѓето да помагаат, ама немаше шанси“, рече жителка на Катлановско Блаце.
Падот први го пријавиле двајца рибари, кои го виделе хеликоптерот како ги надлетува во невообичаено низок лет. Веднаш потоа чуле експлозија зад ридот. Веднаш се јавиле во полиција.
Во селото Блаце хаос. Растрчани екипите на МВР и АРМ, кои итаа кон местото на несреќата. Се претпоставува дека до несреќата дошло поради дефект.
„Се слушна пиштење и експлозија, тоа беше, друго ништо не чувме. Додека дојдов наваму, гледам само народ овде, се собрале. Јас слушнав само како брчеше хеликоптерот, еднаш удри и престана веќе“, рекоа очевидци.
Жителите на селото велат дека чуле неколку експлозии и звук несоодветен за хеликоптерот.
На стравотниот пад на армискиот хеликоптер му претходела експлозија. Откако паднал, мештаните на Катлановско Блаце биле немоќни да помогнат и да притрчаат на помош на патниците во хеликоптерот.
Во воениот хеликоптер Ми-17 се наоѓале припадници на АРМ кои учествувале во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Се враќале дома.
Целиот државен и армиски врв пристигна на местото на несреќата.
Полицијата го има блокирано целиот регион околу местото на несреќата и со помош на мештаните го пребаруваат теренот.

mesto-nesreka.jpg



За видео клик овде
Превземено од А1



 
Македонски војници не гинат во директна битка,туку во несреќи,тепачки по барови,самоубиства...
Ништо не е случајно во МК.Случајности постојат во Норвешка,Шведска,Финска...
Вечна им слава на сите 11 загинати специјалци.
 
Бог да ги прости , каква трагедија !!!!!!!!!!!!!
Не е убаво да се донесуваат некои заклучоци пред време , сигурно истрага ке има , очекувам сите без разлика на национална припадност изразат сочуство кон овие изгубени животи , а тој што напиша дека е одмазда за Бродец нека се моли да не е така затоа што ни св.Буш нема да ги спаси по втор пат .
 
Лесна им земја, сочувство до фамилиите.
 
Луѓе, не мора да значи веднаш дека е одмазда од Бродец, намештаљка на Босанците. Секогаш може да се случат проблеми независно дали хеликоптери, авиони, мотори, коли.
Нека почиваат во мир! Стварно тажно. :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom