Омилени стихови од македонски поети

  • Креатор на темата Креатор на темата F84EVER
  • Време на започнување Време на започнување
Orelski krilja, kak da si metneh, na nasi strni da si preletneh,
na nasi mesta jas da si idam, da vidam Ohrid, Struga da vidam.

p.s. i Resen :)
 
[SIZE=-1]Копачите. Се к'ти ноќта црна! Се рути карпа – мрак! И петли в село пеат и зората се зори – над карпа в крв се мие и темнината пие ... Силно светнал ден....
[/SIZE]
 
Бисеро моме Бисеро
шчо носиш бисер на грло
Твоето грло хубаво
Од бисери хилјада п'ти поубаво.

Не знам како точно одеа стиховите, ама оваа песна многу ми се допаѓаше во средно.А и уште ми се допаѓа. И Бисера е едно од најуабвите наши имиња, заедно со Искра. Голем поздрав F84EVER!
Кикики, смешно ми е вака кога ти се обраќам по никот, кикики!
 
ee, te pozdravuvam sto ti tekna na folklorot!
Eve nesto od narodot, nesto potresno, edna kratka, Bibliska vizija za krajot na svetot:
"... ke pogine jasninata..."
(Od : "Makedonski ljubovni anrodni pesni" - so predgovor na Dushko Nanevski)

Бисеро моме Бисеро
шчо носиш бисер на грло
Твоето грло хубаво
Од бисери хилјада п'ти поубаво.

Не знам како точно одеа стиховите, ама оваа песна многу ми се допаѓаше во средно.А и уште ми се допаѓа. И Бисера е едно од најуабвите наши имиња, заедно со Искра. Голем поздрав F84EVER!
Кикики, смешно ми е вака кога ти се обраќам по никот, кикики!
 
Eve nesto od narodot, nesto potresno, edna kratka, Bibliska vizija za krajot na svetot:
"... ke pogine jasninata..."
(Od : "Makedonski ljubovni anrodni pesni" - so predgovor na Dushko Nanevski)


Апокалиптично и морничаво.Јаснината....јаснината... За некои ќе погине, за други ќе заблеска и ќе се разјасни уште повеќе. Јаснината, Бог, Создателот, Спасителот.

Кристален поздрав до тебе F84EVER !!!
 
таму негде в'некое село
кај слана тивко
венеше цвете
убија дете!
гане тодоровски мислам дека беше!
 
На кантар студен со туч го мерат
а можат ли да го измерат,
нашиот тутун – нашава мака
нашава солена пот!

Од темни зори на утрини летни
до никоја доба на вечери зимни
тој гладно пие тагата наша
и потта и крвта и снагата ни.
Жолт – жолти прави лицата бледни
и жолта гостинка у градите носи.
По утрини росни, по мугрите пресни,
наведени ничкум по полињата родни
зачмаени ние го береме.

Лист по лист кини
лист по лист нижи
лист по лист превртуј, притискај,
лист по лист милно, таговно реди
и на долга низа од капки пот
и надеж со клетва и зелена јад,
со коров поглед на очите матни
по кревките лисја жолтозлатни
прикаса горка на живот клет
нанижи безгласна а така јасна.

Та не знаеш ли?

Денот ли дојде тој да се мери –
мерка му нема, а в градите длаби
без да се запре, без дно да најде
не тага а клетва, и в очи матни
и не сакајќи сама се дига фуријата.
Кантарот носи лисјето златно
а в гради луто далгите беснат
на жолтата мака – на жолтиот тутун
на жолтата пот на рацете ни!
 
Не ме колни, не ме жали!
Не ми нижи низа клетви!
Камен тежок живот ми е
а по тежок одзив пусти
по народни думи свети!

Ако куќа не направив
со високи шимшир порти,
куќа цел свет братски ми е
братски срце што отвора,
срце - порта наjвисока,
срце - куќа наjширока.

Ако жена не донесов
ѓул - трендафил во одаjа
верна, добра млада љуба –
не ме колни, не ме жали:
во борбата другарката
сонце cjae, сонце трепти!

Ако млади си години
по друмишта, по патишта
в младост горка распосеjав –
погледни ми право в очи:
ти ли беше што пееше

"Аjдутин мајкa не рани... "

И ако не умрам дома
туку кaj што стии пиштат
в борба искри кaj што л'штат –
блазе, речи на душата
има зошто душа да е!
 
В праскозорје, в бура и војна роден,
и од колнати коски стокмен
во железен оклоп и на бел коњ,
со визир спуштен, јури, се бори
и на смртта в очи и се смее
и јуначки песни пее.

Со силен рев и рик
Јунакот, во сончева светлина овенчан стои
и в крв на смртен непријател се мие,
и неговото тело со копјето в земји го рие,
гази, не се обѕира, војува за душата своја и народ клет.

А квечерум, од черепи на поразени непријатели
божествен нектар пие,
додека за нивната смрт јуначки солзи лие
простуми, чека уморен, да склопи очи и спие
а ветерот кој шумоли, приспивна песна да му свие.
 
Таму некаде в небиднина
каде сонцето ме грее молчешкум
и тревата зелена ме постила
под ѕвездена топла прекривка.

Кај што тече вода студена
од безброј бистриви кладенци.
Каде орлите летаат бескрајно
и тишината ја чини среќата.

Некаде в предели чудни
скриен од твоите крупни очи будни,
чекам деној да минат побргу и
в прегратка кај тебе да попаднам.
 
Postovanje...
Ili sto bi rekol Tomas Eliot: celokupnata tradicija na site narodi e nasledstvo na poetot.

Не ме колни, не ме жали!


Ако куќа не направив
со високи шимшир порти,
куќа цел свет братски ми е
братски срце што отвора,
срце - порта наjвисока,
срце - куќа наjширока.

А
 
~*~

Веројатно делумно се заљубувам во интимна и љубовна поезија ... Петре М. Андреевски ми е очигледен избор.

ПЕСНА ЗА МОЈАТА ПЕСНА

Отспрегни ce машки ветру, мој личен телалу,
надлетајте го својот глас птицо и грмотевицо,
бидете редачки мои мачни посестрими
и искрај в краја пренесете ја песната за мојата песна:
За таа топола меѓу две пустини, меѓу две планини,
за тој постојан бакнеж меѓу две пречисти усти,
за тоа виножито меѓу две возбудени шуми,
за таа неизодлива ноќ меѓу две преноќишта,
за таа потпалена свеќа меѓу два непријателски черепа,
за таа мировна труба меѓу две завојувани земји,
за таа воздушна коњица меѓу две села,
меѓу две стомни вода,
за тој преотворен чадор на печурката,
за таа препрочитана телеграма меѓу два братски дожда,
за таа непомрдната Деница меѓу две оддалечени утра,
за тоа растојание меѓу два одѕива,
за тие речни слабини меѓу две скарани перачки,
за тој затскриен студ меѓу две топли соби,
за тој буквар, за таа сметалка меѓу два ближни града,
за тоа засолниште меѓу две селски горештини,
за тој пејзаж, меѓу две писма, меѓу две боишта,
меѓу две Крушевски Републики,
за таа пот, за тој дијамант меѓу две стушени чела,
за таа грутка снег меѓу две детски дланки,
за тој сончев прстен, за таа рамноденица,
за таа расонета струја меѓу две растителни ноќи,
за тоа запечатено пладне меѓу две речни промаи,
за таа капка вода меѓу две суви непца,
за таа камбанарија меѓу два ѕидара, меѓу два ѕвонара,
за тоа нескротливо животно, за тоа милозливо Невреме,
за тој водопад меѓу моиве две раце,
ЗА ДЕНИЦИЈА.





ПЕСНА ЗА НЕЈЗИНАТА ПЕСНА

Немаше земја кај што не ја сретнав неа,
оти без неа бев никој и никој не ме познаваше.
По нејзината воздишка го запомнував воздухот
за да можам да ја стигнам, незабележан од никого,
но таа беше побрза од сите небесни светлини,
зашто секаде сама си го осветлуваше патот.
Објаснувајќи ја како семир во купечко јаболко,
главата ми ce полнеше со запаливи течности,
бели и црвени дождови капеа од овошките,
житата и шумите ја следеа во групни походи
и cи околу неа ја добиваше нејзината форма.
Кај што јас влегував, таа излегуваше
и од отворите ја мразев само нивната празнина.
Me рануваше како невеста, ме целеше како сестра
блажената ноќ што ја открив во неа.
Бев првиот иследувач на таа топла темница
неисцрпна како ѕвездите и бесцените камења
кои вечно ce празнат, a никако да ce потрошат.
(Каков страв ce пребра во допирот со таа кожа
што болскаше и заоблуваше како свртено вретено.)
Огнот и водата добиваа паралелна брзина
и во збирот љубовен постојано ce одземаа.
Cи што ce уништуваше беше заради неа
и cи што ce обновуваше беше заради неа.
Така светот ce делеше на видлив и невидлив,
на неослободени земји и на земји во развој,
но немаше земја кај што не ја сретнав неа.


:devojce: Апсолутно прекрасно!



 
Како на вратот ѓердани
ниски камења студени,
така на плешки денови
легнале та натежнале.

Денови ли се-денови
аргатски маки големи!

Стани си утре порано
дојди си вечер подоцна,
наутро радост понеси
навечер тага донеси.

ај пусти да е,пуст да би
останал животот кучешки!

Роди се човек-роб биди
Роди се човек-скот умри,
скотски цел живот работи
за други ,туѓи имоти.

За туѓи бели дворови
копај си црни гробови

За себе само ргај си
за себе маки тргај си
нижи си гердан денови
нижи си алки ковани,

нижи си синдир железен
околу вратот навезен!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom