Late Night Show со Миленко Неделковски

  • Креатор на темата Креатор на темата ***freak***
  • Време на започнување Време на започнување
Миленко ќе има уште една емисија, ќе се вика жолт офсајд и ќе оди секој вторник од 20:00 , само не знам од кој вторник
 
Миленко е добар, мој совет до него да си продолжи со убавите теми и да не го тупи многу со политика. Знам дека поднебјето и приликите се такви ама подобро е да се држи до стандардните теми. Не му чинат видеата од сезона 06/07 да си ги направи оти има ена конкретна емисија која што ја сакам да ја гледам, а не чини видеото.


Еј ќе го симнам одам од едно место каде што не ми се троши интернет :icon_lol:.


тоа време а и сега видеата се снимаат по волонтерска линија, и затоа некои видеа нечинат тоа е до сликата дома што не му чинела на тој што снимал кое видео ти треба ќе се потрудиме да го најдеме може со подобра снимка?
 
Утре во Миленко Неделковски шоу

Утре во Миленко Неделковски шоу на канал5 во 23:40
темата е
прв дел
Кој го нарача атентатот на Киро Глигоров

втор дел
Какви анекси потпишале СДСМ за времена спогодба со грците


не пропуштајте да гледате!!!
 
Добри му се емисиите,порано го гледав но сега немам многу време и во незгоден термин се
 
Миленко ќе има уште една емисија, ќе се вика жолт офсајд и ќе оди секој вторник од 20:00 , само не знам од кој вторник


од овој вторник почна, а вторник што следува очекувајте повторно интересен гостин
повеќе инфо тука

а кога сме кај денешната емисија на Миленко покрај најавата очекувајте

Колку и кои се фазите на распарчување на македонското национално ткиво.
Кој што ветил на грците, а сега неможе да испорача?
Зошто се нервозни БЦ, Стојан, Тито, Фрле...???

Се со цитати, изјави од Нимиц и Венс, датуми, настани, историја...

Зошто, и од кога, современа Македонија е трн во окото на странците.

и се разбира гостинката во емисијата Мирка Велиновска
 
Супер.
Четврта емисија на Миленко од оваа сезона која ќе ме привлече да ја гледам (по емисиите за 11-ти септември, интервјуто со Брацо, како и интервјуто со Виктор Грозданов за телевизиските права).
 
Го обожавам типот ѕвер е, сега го гледам :vozbud:Тоа папучата на сред маса му е закон и самата причина зашто стои таму.
 
Го обожавам типот ѕвер е, сега го гледам :vozbud:Тоа папучата на сред маса му е закон и самата причина зашто стои таму.

очекувајте во наредните емисии друга папуча најверојатно стара по можност износена :)

Браво за емисијата одлична беше, штета што трае толку малку инаку имаше уште многу работи да се кажат
ова новава сезона темите се гром одлични
ама оваа ми е посебна едвај чекам да се стави на нет за да можам секому да ја покажам и на некои да им станат појасни некои работи

инаку повеќе за шоуто имате тука
 
денешнава емисија слободно можам да кажам дека на некој начин беше историска и секој Македонец мора да ја гледа, толку, кој не ја гледал во живо ќе може да ја гледа за 2-3 дена на миленко.ком.мк
 
денешнава емисија слободно можам да кажам дека на некој начин беше историска и секој Македонец мора да ја гледа, толку, кој не ја гледал во живо ќе може да ја гледа за 2-3 дена на миленко.ком.мк
можеби овај пат ќе се среди нешто побрзо :wink:

за тие кои не ќе можат да ја симнат од нет оваа еисија се нафаќаме волонтерски јас и уште некои лично да ја праќаме на двд
затоа што оваа емиссија треба да ја има секој Македонец и да знае како стоеле и како стојат работите

утре емисијата ќе ја има на нет
секој што не ќе може да ја сметне од нет а сака да ја гледа нека ме исконтактира









дело на InternetMR
 
Најдобрата емисија на Миленко до сега...
 


и последниот клип


уживајте

од утре емисијата ќе ја има по локалните ТВ станици
 
од утре емисијата ќе ја има по локалните ТВ станици

Добро предупредување за граѓаните по градовите навремено да се тргнат од екраните. :)

Мала шала. Емисијата беше интересна, ама самото тоа што Мирка немаше докази, туку си кажуваше по нејзината логика, го прави сето тоа што го искажа сомнително, за што ако СДС демантира можат и тужба да и лупнат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom