Каде е паричката?

  • Креатор на темата Креатор на темата LadyD
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Се кршеше лепчето кај нас, оваа година порано од другите.. се падна у помаилот брат, дури у мене да се паднеше немаше да бидам посреќен. .:pipi:
 
Еј еј чупе се читаш шо пишиш.....ако си пијана оправдано ама вака трезна ако збораш тогаш сместа да превземиш нешто да се поправиш....
нели сме под една црква ало а тоа е Македонска Православна Црква или МПЦ.....е таја МПЦ има свои обичаи кои верниците ако се припадници на оваја црква треба да ги почитуваат и одржуваат обичаите али ако го кажуваш ова како верник припадник на МПЦ не си во ред....ако си нешто од срањата како протестант или незнам шо ок е....
Оооо голем верникуууу се извинувам...
Види вака...не верувам во попови,ниту пак во црквата како институција,јас си ја почитувам традицијата што ми ја пренеле баба ми и дедо ми и преку глава ми е од квази верници ко тебе...Верувам во Господ и не како што ми е наметнато од црквата,туку онака како што јас чувствувам дека треба да биде...Не навердувај ниедна вера,или пак да нарекуваш *срања* не ти дава ништо за право,почитувај ако ништо друго...каков верник си ти кога ги немаш основните работи...љубов,разбирање и толеранција...лицемер?!Секој има право на сопствен избор,за верата...Да не ме казни МПЦ случајно ако паричката не ја вртиме на Василица?!Па дај ако не нека издаде МПЦ нешто како устав,па да се водиме по него и нека воведе казни ако згрешиме...Те молам не ми се обраќај повеќе...барем не за вакви работи кога секој има слобода да прави како што смета дека треба да прави во рамките на неговата вера и традиција,тоа го сметам за интимно...затоа тргни се и не се труди да ми зборуваш како треба или не...
 
Алал да ви е, на вас што ви се падна паричката :)
Кај нас уште не сме вртеле тоа лебот 5 минути, ама ќе вртиме.
За овие 14 год. уште ми се нема паднато паричката, разочаран сум, ама не верувам во тоа дека носи среќа, па така да...се ми е исто :)
 
После 3 години доминирање, конечно и ја препуштив среќата на мајка ми. Иако лепчето требаше да го добијам јас, поради грешка на дедо ми (:pos:), мајка ми го доби паричето. Сум се прејал риба и препил вино. Сега не можам да дишам... Се трудам да потрошам малку енергија за да можам да земам здив. Ако има нешто за банирање/бришење/едитирање - кажујте. :bilokojzbor:

Иначе првпат слушам дека сите не го кршат лепчето денес.
Ова битолчаниве, само поразлични од скопјани да бидат... :pljus:
 
абе каде бе за бадник парчка бе....тешко вас....
кај сте виделе други на бадник паричка....
и МПЦ дури се противи..........
Ало људи...за Василица паричка

па добро ја те разбирам дека се противиш на тоа дека денес се врти паричката оти мама и тато така те научиле ама не мора да си толк импулсивен. И каде прочита дека МПЦ се противи? не дека мене ми смета шо дел од западна Македонија си врти паричка на 13ти , ама колку шо читав историја и православие, а и шо ми кажуваше прабаба ми пред да почине, дека колена наназад си славеле бадник на 6ти а НГ на 13ти. Е кога католиците го прифатиле новиот календар под влијание на државата и нашите го прифатиле почнале да слават НГ на 31. Значи Бадниковава вечер ни е п старо.

Ние Битолчани, на 13 вртиме паричка. Каков е тој адет шо денес вие вртите? Мислам дека по правило на 13 се врти, на Василица.

А зашо ЗападнаМакедонија го прави тоа на 13ти не ми е познато. Ама не ми смета. Лани кога бев на гости во ПП јадев баничка мнооогу вкусна :)

П.С: чекам да се испече погачката па да видеме кај кого ќе се падне паричката :)
држете ми среќа
 
Не се карајте бе луѓе, кај кого како останало како обичај, тогаш се врти. Во различни фамилии различно. Дури има некои што вртат и денес па и на Василица. Важно е да се продолжи традицијата.

Инаку кај баба ми падна годинава, од кога знам за себе освен лани (кај мене беше лани) постојано е кај неа или кај татко ми. Кај мајка ми не ни паметам да паднала.
 
Лани кај баба ми, оваа година кај брат ми..... А мене никогаш не ми паднала :( Јбг
 
Ние уште не сме ја кршеле, ама пак денеска ќе ја кршиме. Зборам за Гевгелија и Гевгеличани(сите мои другари денеска кршеа)... така да не се единствени Скопјаните. Инаку посакајте ми среќа. Лани ако се сеќавам убаво се падна кај сестра ми. Годината не ми беше ни лоша, ни добра. У секој случај, ваљда ако паричката се падне у мене или господ ќе ми биде добра :)
 
Ќе ве шамарам. Смирете се.

Традиција е тоа. Отсекогаш било така.
Ние мазник, вие погача и тоа.
Не е Битола, него 90% од Македонија... ама вие сте скопјани си имате се посебно, најдобро па дури и поинаков календар. Ваше право, славете си.
 
За жал се виде паричката кога го исеков лепчето, а уште ги немав поделено парчињата...штета. Ама ај вика жена ми ќе имаме поправен испит на 13ти :)
 
Од кога знам за себе... Незнам за паричка :toe:
 
Од кога знам за себе... Незнам за паричка :toe:
:pos2: Ајде ајде ќе ја биде :wink:
Кај нас кај мајка ми се падна :helou:
Се надевам ќе ја служи здравје и среќа и се по список
поздрав
 
Ќе ве шамарам. Смирете се.

Традиција е тоа. Отсекогаш било така.
Ние мазник, вие погача и тоа.
Не е Битола, него 90% од Македонија... ама вие сте скопјани си имате се посебно, најдобро па дури и поинаков календар. Ваше право, славете си.
Прилеп и Битола се 90% од Македонија? :)
 
хехе и кај нас кај мајка ми се падна :) сВе местачи ова мајкиве :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom